Обично сите се прават нешто што не се кога е првиот состанок и не можеш да процениш што е опасно за да бегаш, ама понатаму, или ако ја знаеш личноста пред тоа, тогаш моите причини да трчам назад од таа личност се:
мада си имам пишувано по некое наназад, ама еве уште што ќе ми текне.
1. Премногу самодоверба.
Убаво е човек да има самодоверба, ама не до степен на самобендисаност па понатаму да бидеш нон стоп потсетувана дека од сите жени кои биле прилично многу тој баш тебе те одбрал и ти треба да бидеш презадоволна и преблагодарна за тоа, да пазиш на тоа што правиш, зошто ако те остави, жени на кило има што го чекаат, а ти ќе си останеш сама.
2. Премалку самодоверба.
Изгледа како контрадикторно на 1 ама не е. Не сакам кога некој ќе се стопи во столица пример на прв состанок, да се поти и да доживува панични напади и анксиозност, да се тресе од трема и да дтка... не дека јас којзнае што сум и којзнае кои знаења ги имам, ама не сакам маж до мене кој седи стуткан додека јас си правам муабети со друштво и константно да го прашуваат што му е, па зошто ќути и тн...
3. Хигиена. Тоа се подразбира и се бега со трчање од овие, замисли цел живот да переш смрдени гаќи и запотени маици и да молиш некого да измие заби барем кога се оди на гости.
4. Да не го интересира спорт.
Јас сакам, гледам и што ќе правам со некој што кога ќе го пуштам Милан да ми вели ај врати те молам Ајше дали е мајка на Мурат само да видам.
5. Лицемерие.
Ако почне да ми раскажува дека другар му имал швалерка, ама овој бил човек од доверба и не кажувал, тури пепел на ваков, па и предупредувачко е тоа со што фаци се дружи.
6. Детинесто понашање.
Јас сакам кога е некој во душа млад без разлика на годините, ама ако ми прави некои хехехе хихихи муабети, бегам.
7. Премногу сериозен.
Не ги можам овие ни за пријатели ни за партнери, за што ќе правиме муабети, колку пари можат да се направат во банка со каматата ако ги штедиш со години..
8. Лажго.
Иако и кај сите се подразбира ова, ама да си го кажам.
9. Да не сака животни.
Јас искрено повеќе имам жал за животни него за луѓе, ги имам исплакано сите улични кучиња што доаѓаат по мене. Имам куче и ваков човек не доаѓа во обзир да ми биде партнер.
10. Да има профил на кајгана.
Озбилна сум, не би се ни спанџала со форумџија не па нешто повеќе.
Имам уште мноооооогу, ама да одморам прсти.