Кое е Вашето „црвено знаме“ (red flag)

  • Креатор на темата Креатор на темата HEKOJ
  • Време на започнување Време на започнување
А да читаш точно што напишав? Никаде не реков дека се палат, туку дека им е сеедно.
Многу ни е сеедно и да знаеш, којзнае што се има закачено, голем дел од СПБ мажите се носители жените го јадат поголемиот стап.
 
Па и не ни е баш сеедно.
Еве ја сум апла заинтересирана со колку бил и дали бил со дрољи пред мене. Колку повеќе шугави дрољи поминал толку поголем ред флег.
Можда си исклучок, ама кај повеќето владее еволуциското :unsure:
 
А да читаш точно што напишав? Никаде не реков дека се палат, туку дека им е сеедно.

Е ај сега на семантика ќе се вадиме :pos:

Баш си сигурен дека на жени им е сеедно на некој што не прибира ни ќоро, ни сакато, се што мрда и има дупка меѓу нозе?

Сега подобро е? :cautious:
Поентата е таа, а ти како сакаш речи го.

Исто е. Како што на мажите не им е сеедно исто и на жените не им е сеедно. Тоа е муабетот.
 
Ако провинцијалка сака да те земе домазет кај нејзе во градот, а ти си од Скопје, дали е тоа Ред Флег ?
Кои се скриените намери ?
За мене прашувам.
 
Не мислим дека сум исклучок, еве имаш и други жени што кажуваат дека и те како е битно и ги интересира.
Можеби и самиот форум е исклучок. Сепак форумџии at this day and age, сигурно не сме нормален примерок :icon_lol:

Шала на страна, неам запознаено машко кој прошол многу, да има проблем да си најде некоја. Обично тие другите имаат таков проблем. Можеби се природно попривлечни, ама тогаш останува тоа другото, дека никој не им го зема тоа за red flag.
 
Ако провинцијалка сака да те земе домазет кај нејзе во градот, а ти си од Скопје, дали е тоа Ред Флег ?
Кои се скриените намери ?
За мене прашувам.
Домазет никако.
Few years later...
FB_IMG_1707162624863.jpg
 
Па и не ни е баш сеедно.
Еве ја сум апла заинтересирана со колку бил и дали бил со дрољи пред мене. Колку повеќе шугави дрољи поминал толку поголем ред флег.

А ха, значи запознаваш некој дечко што изгледа како Бред Пит во Легенда за есента, полн пари, вози Мерцедес, шармантен е и има висок социјален статус. Почнувате врска и ти кажува дека има спиено со 100+ жени.

Ти го слушаш тоа, збеснуваш и му велиш чао, со тебе не сакам да имам никаква работа.

Оди легни си, жити се. Всушност, да не ве цитирам сите три, одете легнете си.
 
Ако провинцијалка сака да те земе домазет кај нејзе во градот, а ти си од Скопје, дали е тоа Ред Флег ?
Кои се скриените намери ?
За мене прашувам.
Ако е од гратЧе да!
Инаку не е ред флег ако живее на село и ако имаат трактор, два плуга и 30 декари земја..
Плус како бубрег во лој ќе те чуваат.. уште ако се погодиш вреден и Сине ќе те викаат :D
 
Обично сите се прават нешто што не се кога е првиот состанок и не можеш да процениш што е опасно за да бегаш, ама понатаму, или ако ја знаеш личноста пред тоа, тогаш моите причини да трчам назад од таа личност се:
мада си имам пишувано по некое наназад, ама еве уште што ќе ми текне.

1. Премногу самодоверба.
Убаво е човек да има самодоверба, ама не до степен на самобендисаност па понатаму да бидеш нон стоп потсетувана дека од сите жени кои биле прилично многу тој баш тебе те одбрал и ти треба да бидеш презадоволна и преблагодарна за тоа, да пазиш на тоа што правиш, зошто ако те остави, жени на кило има што го чекаат, а ти ќе си останеш сама.

2. Премалку самодоверба.
Изгледа како контрадикторно на 1 ама не е. Не сакам кога некој ќе се стопи во столица пример на прв состанок, да се поти и да доживува панични напади и анксиозност, да се тресе од трема и да дтка... не дека јас којзнае што сум и којзнае кои знаења ги имам, ама не сакам маж до мене кој седи стуткан додека јас си правам муабети со друштво и константно да го прашуваат што му е, па зошто ќути и тн...

3. Хигиена. Тоа се подразбира и се бега со трчање од овие, замисли цел живот да переш смрдени гаќи и запотени маици и да молиш некого да измие заби барем кога се оди на гости.

4. Да не го интересира спорт.
Јас сакам, гледам и што ќе правам со некој што кога ќе го пуштам Милан да ми вели ај врати те молам Ајше дали е мајка на Мурат само да видам.

5. Лицемерие.
Ако почне да ми раскажува дека другар му имал швалерка, ама овој бил човек од доверба и не кажувал, тури пепел на ваков, па и предупредувачко е тоа со што фаци се дружи.

6. Детинесто понашање.
Јас сакам кога е некој во душа млад без разлика на годините, ама ако ми прави некои хехехе хихихи муабети, бегам.

7. Премногу сериозен.
Не ги можам овие ни за пријатели ни за партнери, за што ќе правиме муабети, колку пари можат да се направат во банка со каматата ако ги штедиш со години..

8. Лажго.
Иако и кај сите се подразбира ова, ама да си го кажам.

9. Да не сака животни.
Јас искрено повеќе имам жал за животни него за луѓе, ги имам исплакано сите улични кучиња што доаѓаат по мене. Имам куче и ваков човек не доаѓа во обзир да ми биде партнер.

10. Да има профил на кајгана.
Озбилна сум, не би се ни спанџала со форумџија не па нешто повеќе.

Имам уште мноооооогу, ама да одморам прсти.
 
Јас сакам, гледам и што ќе правам со некој што кога ќе го пуштам Милан да ми вели ај врати те молам Ајше дали е мајка на Мурат само да видам.

Па подобро би било да си ја гледате Ајше у случајов :D :D
 
Па и не ни е баш сеедно.
Еве ја сум апла заинтересирана со колку бил и дали бил со дрољи пред мене. Колку повеќе шугави дрољи поминал толку поголем ред флег.
Ама за тоа не треба да го прашуваш за бројот на сексуални партнерки. Доволно е со таквите мажи две реченици да сврзиш, добиваш некоја претстава за човекот.
 
А ха, значи запознаваш некој дечко што изгледа како Бред Пит во Легенда за есента, полн пари, вози Мерцедес, шармантен е и има висок социјален статус. Почнувате врска и ти кажува дека има спиено со 100+ жени.

Ти го слушаш тоа, збеснуваш и му велиш чао, со тебе не сакам да имам никаква работа.

Оди легни си, жити се. Всушност, да не ве цитирам сите три, одете легнете си.

Запознавам шармантен тип што спиел со 100+ жени.....Хм, сигурно не е Бред Пит, туку гарант е Џуд Ло од "Алфи".
Да, му викам чао и нека си продужи кај следна дрољичка.
 
Запознавам шармантен тип што спиел со 100+ жени.....Хм, сигурно не е Бред Пит, туку гарант е Џуд Ло од "Алфи".
Да, му викам чао и нека си продужи кај следна дрољичка.

Знам, знам...
 
А ха, значи запознаваш некој дечко што изгледа како Бред Пит во Легенда за есента, полн пари, вози Мерцедес, шармантен е и има висок социјален статус. Почнувате врска и ти кажува дека има спиено со 100+ жени.

Ти го слушаш тоа, збеснуваш и му велиш чао, со тебе не сакам да имам никаква работа.

Оди легни си, жити се. Всушност, да не ве цитирам сите три, одете легнете си.

Тоа што го викаат жениве на форумов се коси со реалните бројки на терен, затоа што сите жени сакаат да бидат со 10% од мажите што се ultra high value, односно мал број мажи ги вртат сите жени и од тоа произлегува дека еден маж од тие 10% има легнато многу жени, и покрај тоа што жените знаат дека многу од нив легнал сепак им е привлечен. Жените сакаат да бидат со мажи што други жени ги посакуваат. Кралот Соломон имал 700 жени и 300 конкубини и ниедна не сакала да оди од кај него и немала проблем со тоа што го дели Соломон со уште 999 други. Жените попрво би делеле еден high value male, отколку да бидат со просечен. Затоа не верувајте на жените што зборуваат, гледајте што прават.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom