Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.103
- Поени од реакции
- 25.393
Постот ми е во глава одамна ама треба да седнам да го доструктуирам и да го напишам за што ќе ми требаат неколку саата. Таму ќе биде објаснето се, како се однесуваат жените, зошто се однесуваат така, кои им се драјвери што ги водат во животот, зошто баш тие им се драјвери, каде мажите грешат најмногу и зошто цело време викаат дека не ги разбираат жените и дека им се комплексни за сфаќање небаре правиме муабет за мозокот на Стивен Хокинг или Магнус Карлсен а не на Цвета што работи шалтеруша во јавна администрација. Се тоа ќе биде разглобено на долго и широко и може ќе биде и над 18000 карактери колку што е дозволено во еден пост да има. За сега како увертира доволно е да го прочиташ ова:Ајде сега кога ќе имаш време објасни го болдираното. Не заради мене. Заради интересното четиво, заради жените (претежно) кои ќе се закачат за генерализацијата, заради сите нас шо ни се чита суредена и организирана мисла, стокмена и со сите салтанати.
Ако не те мрзи секако...