Кога Ќ стана Ч?

Член од
8 септември 2011
Мислења
84
Поени од реакции
23
господине бьлгарски фонетичару!
Бугарин си бе друже
Господине бугарски википедичар
б'лгарски уикипедичари
На Smert, Inglourious Basterd, Мирјам од Магдала, HITCH и Crazy in Love им се допаѓа ова
Виде ли, можеше да си ја заштедиш сета онаа псевдовисоконаучна логореја.
Најубедливиот аргумент си останува обраќањето „Бугарин”.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Виде ли, можеше да си ја заштедиш сета онаа псевдовисоконаучна логореја.
Најубедливиот аргумент си останува обраќањето „Бугарин”.
Не деј да се тревожиш, г. уикипедичар. Аргументите са винаги на твоја страна понеже јавно повече знаеш от мене и всички други на форума. Аз само леко те подсетих че вече нјама безплатни преподавана и информации. Сажалјавам.
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
84
Поени од реакции
23
Не деј да се тревожиш, г. уикипедичар. Аргументите са винаги на твоја страна понеже јавно повече знаеш от мене и всички други на форума. Аз само леко те подсетих че вече нјама безплатни преподавана и информации. Сажалјавам.
Кога не знам нешто, прашувам.
Кога знам - одговарам бесплатно, без аргументи ad hominem, без calling names, без пропаганда.
преподаваната
преподавана
"преподавана(та)" означува "предавана(та)", а не "предавање(то)"
@ ldtr
Си не‘ ставил на столб на срамот?
А што ќе станеше, ако едноставно беше одговорила на моето прашање?
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Кога не знам нешто, прашувам.
Кога знам - одговарам бесплатно, без аргументи ad hominem, без calling names, без пропаганда.

"преподавана(та)" означува "предавана(та)", а не "предавање(то)"
Мерси много за корекциите. Бьлгарскија език не ми е мајчин, та не го говорам добре. Извинјавај. Затова и не ходам на бьлгарски форуми понеже са на чужд език. Нјакој хора пак, много обичат да мудруват на чужди форуми.

Јас, како што ти одлично забележи, не знам најелементарни нешта. Разбира се, за најмаскимално да ги дознаам треба да читам Уикипедија која е најоптимален извор на најбазични научни информации. А за пропагандата, ќе ти раскажам една прикаска.

Еден блескав бугарски политичар, Петар Стојанов, во една пригода изјави дека Македонија е најромантичниот дел од бугарската историја. На форумов, особено на „Историја“ има едночудо бугарски романтичари кои, некогаш јавно, а често пати скришум, билдаат докази за Бьлгарскија произход на Македонците и јазикот. Неуморно лепат постери од историски извори. Историјата, за разлика од сите останати науки, содржи непрегледни купишта фалсификувани наративи. А Бугарите имаат монументален удел во заложбите за подло негирање и асимилација на Македонија и македонскиот јазик.

Ти, се разбира, не припаѓаш на овие форумски нинџи, кои мислат дека аватарите ќе ги заштитат нивните скриени агенди. Ти ѓоа прашуваш, а кога ќе ти бидат дадени одговори кои не ти се допаѓаат, дефокусираш со итроштини и курназлаци. А кога и итроштините и курназлаците не ти проаѓаат, глумиш навреденост.

А безплатно преподаване, може и ште стане, г. уикипедичар. У Штип викат, „Радувај се куре на пијана жена.“
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
84
Поени од реакции
23
Господине бугарски википедичар,
г. уикипедичар
уикипедичари
г. уикипедичар
г. уикипедичар
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
@idtr

Тотално сум збунета. Јас не се ни вклучив во дискусијата.
 
Член од
27 февруари 2012
Мислења
64
Поени од реакции
48
Не ти е гајле, ама напињаш на секое. Уживај бе друже, никој со сила не те тера. Никој којшто игнорирал граматички правила и правопис не умрел ниту се разболел. А правописот спаѓа у некоја си елементарна писменост, јебига. Е сега, фактот што тебе ти е гајле не значи дека си во право и дека треба да ја признаеме употребата на Срџани и Чоличи како стандардна под притисок на таквите као тебе што ги боли уво. Ферски е, нали, Срџане?
Види ако еден куп луѓе во Мк пишуваат Чолич или Џокович и не разликуваат дали е Чолиќ или Ќолиќ или Чолич нешто сериоозно е лошо со нивниот слух. Или намерно пишуваат да ти одат тебе Перо на нерви ! Фактот е дека доколку не ги знаеш правилиата ти звучи и се пишува исто. Или можеби зависи од дијалектот (во Прилеп на пример е типично ч место ќ, че оам че јаам че доам). Супер се сите тие научни дискусија како и зошто српското cj се пишува ќ а не ч, ама во пракса не е така !
Да не ти кажувам колку обратни примери има каде имиња со ич, кој не се од српско-босанското-хрватското говорно подрачје ги пишуваат со иќ, од проста причина: слушаат ич, ама мислат дека треба да пишат иќ, затоа што тоа е правилото.
Да не правиме баук, сепак се работи за транскрипција на странски имиња, и тоа е се пред се препорака ! Остај тие времиња кога во Југославија ср-хр беше офоцијален јазик, и неговата правилна транскрипција беше имепратив.

И секако во право се сите кои велат дека правилна транскрпција на српското ć е ќ а не ч. Но олавабете луѓе и пишете како сакате, и ич да не ви дреме. Се работи за странски јазик сепак. Не правите никаква граматичка грешка во мак. јазик.
 
Писменоста и познавањето на правописот не се масовна појава, а ако народот така си пишува не значи дека е во право. Тоа е логичка заблуда од типот argumentum ad populum.

Мене совршено ми е гајле ти, Стојко или Петко како ќе изберете да пишувате. Арно ама, не ти проаѓа муабетот дека ич не е битно. За некого е секако битно, како на пример за професорите по јазик, преведувачите, за оние кои лекторираат текстови и воопшто за оние кои спазуваат писменост и негуваат јазик. Правописот не престана по распаѓањето на СФРЈ. Значи, ти и понатаму пишувај си како сакаш, ама немој да напињаш и да очекуваш дека секоја транслитерација ќе пројде, особено не ако сакаш да објавиш некој текст во некој асално лекториран медиум или списание. Правописни правила си постојат и за транслитерацијата на српските презимиња. Јасно ми е дека таа транслитерацијата тебе ич не ти е по кејф. Јебига, таксират.
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
84
Поени од реакции
23
Штом транскрибирањето од типот на "Ѓовани Бокаќо" се променило на "Џовани Бокачо", значи може да се замени и транслитерирањето од типот на "Ѓоковиќ" со транскрибирање "Џокович".
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Штом транскрибирањето од типот на "Ѓовани Бокаќо" се променило на "Џовани Бокачо", значи може да се замени и транслитерирањето од типот на "Ѓоковиќ" со транскрибирање "Џокович".
Колку што знам италијаните немаат Ѓ и Ќ имаат Џ и Ч додека Србите имаат две буквички кој се слични на Ѓ и Ќ. Капиш? Чао рагаци...
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
84
Поени од реакции
23
"Со ќ, ѓ се предаваат приближните гласови и од другите јазици (на пр. од италијанскиот): Ќано, Ѓовани, Ѓенова и слично."
Блаже Конески
Граматика на македонскиот литературен јазик. Скопје, Детска радост, 1999
стр.110
 
Член од
9 јуни 2005
Мислења
211
Поени од реакции
23
Глоба е исклучиво парична казна, не било која. И го има од секогаш во мк. јазик, само беше забаталено некое време.
Или на англиски Fine=глоба, Penalty=казна.
Pa fino sama na sebe si odgovorila paricna kazna , a so angliskiot nemozesh da sporeduvash dva razlicni jazici
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Транслитерацијата „Бокаќо“ постои само во имагинацијата на недоквакани форумски мудомрсачи.

Ај малце објаснување за оние кои се бунат во сево ова. Транслитерацијата во македонскиот (и во сите останати јазици) се базира на апроксимации кои се некаква замена за оригиналната графија и изговор. Апроксимациите пак, не се случајни еквиваленти и можат да се објаснат со анализа на фонетските, фонолошките и психоакустичките карактеристики на гласовите и графемите. Тоа е башка тема.

Ова се фактите: во ниеден јазик (вклучително и македонскиот) транслитерацијата не е совршена ниту до крај конзистентна. Најчесто, транслитерацијата е резултат на некоја прифатена апроксимација која подоцна може да стане и ортографска норма. На пример, во македонски, John Wayne, Thomas Payne и Michael Caine се транслитерираат како Џон Вејн, Томас Пејн и Мајкл Кејн. Арно ама, Mark Twain се транслитерира како Марк Твен, не Твејн, како што би следело од горниве примери. Тогаш зошто е Твен? Затоа што така некој го транслитерирал пред многу години. Непрецизно? Да. Арно ама се задржала транслитерацијата Марк Твен, како што се задржал и безбол (а не бејсбол), Кембриџ (а не „Кејмбриџ“), Шекспир ( а не Шејкспир), итн. Да ги мењаме сите овие сега? Може, оти да не, ама треба да се усогласи целиот систем и да се донесе нов правопис. Дотогаш стариот останува.

Е сега, некој може да каже дека тогаш имало непара писмени луѓе, а денес англискиот речиси сите го знаат. Не ќе да е така. Еве ептен тазе пример за, според мене, лоша транслитерација. Компутерската игрица (и филм) Tomb Raider се транслитерира како Том Рајдер (а не Тум Рејдер што би било многу поблиску до оригиналниот изговор). Има уште тазе примери, да не дрвам, а има и многу други примери за недоследност во транслитерација, од многу други јазици, не само од англиски.

И сега? Ниеден јазик по својата граматичка структура, говорен и пишан стандард (вклучително и транлитерацискиот стандард) не е совршено логичен, ниту совршено конзистентен. Не постои совршена симетрија во ниеден јазичен систем или правопис.

Ама, постои стандард, постојат луѓе на кои им се јасни овие работи, такви на кои овие работи им се битни, кои го владеат стандардот и го спазуваат. А постојат и полуписмени, инаетчии, а богами и мрсомудачи кои се џилитаат со непостоечки примери за Бокаќо.
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
84
Поени од реакции
23
Транслитерацијата „Бокаќо“ постои само во имагинацијата на недоквакани форумски мудомрсачи.

Ај малце објаснување за оние кои се бунат во сево ова. Транслитерацијата во македонскиот (и во сите останати јазици) се базира на апроксимации кои се некаква замена за оригиналната графија и изговор. Апроксимациите пак, не се случајни еквиваленти и можат да се објаснат со анализа на фонетските, фонолошките и психоакустичките карактеристики на гласовите и графемите. Тоа е башка тема.

Ова се фактите: во ниеден јазик (вклучително и македонскиот) транслитерацијата не е совршена ниту до крај конзистентна. Најчесто, транслитерацијата е резултат на некоја прифатена апроксимација која подоцна може да стане и ортографска норма. На пример, во македонски, John Wayne, Thomas Payne и Michael Caine се транслитерираат како Џон Вејн, Томас Пејн и Мајкл Кејн. Арно ама, Mark Twain се транслитерира како Марк Твен, не Твејн, како што би следело од горниве примери. Тогаш зошто е Твен? Затоа што така некој го транслитерирал пред многу години. Лошо? Да. Арно ама се задржала транслитерацијата Марк Твен, како што се задржал и безбол (а не бејсбол), Кембриџ (а не „Кејмбриџ“), Шекспир ( а не Шејкспир), итн. Да ги мењаме сите овие сега? Може, оти да не, ама треба да се усогласи целиот систем и да се донесе нов правопис. Дотогаш стариот останува.

Е сега, некој може да каже дека тогаш имало непара писмени луѓе, а денес англискиот речиси сите го знаат. Не ќе да е така. Еве ептен тазе пример за, според мене, лоша транслитерација. Компутерската игрица (и филм) Tomb Raider се транслитерира како Том Рајдер (а не Тум Рејдер што би било многу поблиску до оригиналниот изговор). Има уште тазе примери, да не дрвам, а има и многу други примери за недоследност во транслитерација, од многу други јазици, не само од англиски.

И сега? Ниеден јазик по својата граматичка структура, говорен и пишан стандард (вклучително и транлитерацискиот стандард) не е совршено логичен, ниту совршено конзистентен. Не постои совршена симетрија во ниеден јазичен систем или правопис.

Ама, постои стандард, постојат луѓе на кои им се јасни овие работи, такви на кои овие работи им се битни, кои го владеат стандардот и го спазуваат. А постојат и полуписмени, инаетчии, а богами и мрсомудачи кои се џилитаат со непостоечки примери за Бокаќо.
Ништо не кажа за Ѓовани ("и слично").
Ниту за Блаже Конески според кого италијанските /ʧ/, /ʤ/ се предаваат со ќ, ѓ бидејќи блиски до нив.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom