Коловрт
Озимандија
- Член од
- 12 април 2010
- Мислења
- 4.015
- Поени од реакции
- 9.164
Адолф Хитлер - Мојата борба
Знае ли некој да ми кажи како се чита онаа книга (т.е. учебник :O) ? Се чита или се учи ? Толку многу информации и тешки содржини има што почнувам да тргам забелешки настрана и секое подглавје да го читам по 2-3 пати... А дека е добар - добра е ... !
И јас се откажав од „Мојата Борба“ и веќе две-три години само ми собира прашина дома.
Како прво, издадена е од „Ѓурѓа“, што значи по автоматизам лош превод. Не дека е катастрофален, но можело и повеќе да се поработи. Германскиот јазик од првата половина на XX-от век бил многу посложен од современиот германски, па многу од првичната смисла е изгубена во преводот.
Второ, книгата ја опишува детално идеологијата на национал-социјализмот, движење кое не постои веќе 70 и кусур години и е крајно демонизирано со тек на годините, што ја прави самата содржина несфатлива за просечниот современ читател.
Автобиографските елементи од животот на Хитлер се користат исклучиво како поддршка на неговите тврдења и ставови.
Историските случувања се прикажани само од гледиштето кое му одговара на авторот, што е всушност пракса насекаде; но се детално објаснети и расчленети за да може да ги сфати читателот кој живеел и имал придонес во политиката во тоа време. Замисли како би му изгледало на некој од 2070-те да чита за политичките препукувања помеѓу партиите што се случуваат денеска во Македонија. Прилично нејасно, нели?
Хитлер бил одличен говорник, но очигледно истиот ефект не можел да го постигне во пишувањето, повеќето што ја држеле во рака „Мојата борба“ ќе ви го кажат истото - тешко и неразбирливо четиво.