Книги кои не сте успеале да ги дочитате

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.270
Поени од реакции
3.486
Мислам дека насловот сам по себе е доволно јасен.

Во последно време, мене ова ми се случи со 4 книги.

Emily Giffin - Where we belong
Прва нејзина книга која зедов да ја читам. Не дека книгава е нешто најлошо во свет, туку едноставно животот е премногу краток за да се читаат неинтересни книги. Тука приказната е интересна ама знаеш како ќе заврши после прочитани 15% и немаш причина да продолжиш да читаш бидејќи според почетокот, знаеш дека и средината нема некои интересни случки. Јас издржав до 25%.
Се работи за едно посвоено девојче кое оди кај жената која ја родила.

Lisa Scottoline - Think twice
На времето прочитав една книга од Лиса Скотолајн и многу ми се допадна. Оваа не беше таков случај. Стигнав до пола и решив да ја оставам. Многу нелогичности и дупки во приказната.
Една близначка ќе го преземе идентитетот на другата. Веќе видено.

Susanna Kearsley - The winter sea
Преклопување на две приказни од различни временски периоди. Обично сакам историски приказни, но овој роман не ми се допадна. Досадна приказна е deal breaker за мене.

Nick Spalding - Life with no breaks
Единственото машко на листава :)
Неговата книга Love from both sides баш ми се допадна.
Оваа не ја сварив. Книгава е напишана за 30 часа, што само по себе значи нешто. Нема некоја приказна туку авторот се обидува да ви го задржи вниманието со тоа што раскажува некои смешни случки.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.730
Поени од реакции
15.249
Злосторство и казна од Достоевски..
премногу сивило има во книгата бре, не ми се читат такви книги. После првите 20 страни се откажав. (n)
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.618
Поени од реакции
407
Илјада и еден пат читана и за 100 страни до крајот оставена Оркански Височини од Емили Бронте едноставно толку ме изморуваше книгава што ништо убаво не најдов иако многу не би се сложиле
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
401
Поени од реакции
306
Paul Ekman - Emotions Revealed
Бидејќи не се наоѓа печатена книга во Македонија, ја читав како е-book, ја прочитав 3/4 и баталив, иако треба да ја дочитам (new year resolution)
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
5.252
Поени од реакции
6.220
Илјада и еден пат читана и за 100 страни до крајот оставена Оркански Височини од Емили Бронте едноставно толку ме изморуваше книгава што ништо убаво не најдов иако многу не би се сложиле
Исто.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.345
Поени од реакции
3.754
Херман Хесе - Степскиот волк.

Бегај таму бе.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.251
Поени од реакции
4.923
Oд прво одд навака скоро сите не ги имам дочитано ..т.е само насловот го читам , единствена што сум ја прочитал цела е Касни Порасни . :D
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.096
Поени од реакции
1.327
Oд прво одд навака скоро сите не ги имам дочитано ..т.е само насловот го читам , единствена што сум ја прочитал цела е Касни Порасни . :D
За фалење си
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
1.863
Поени од реакции
1.014
Fight Club - Chuck Palahniuk
Од толку што ми беше гадна книгата ја оставив. Знам дека на некои им се допаѓа, ама на мене не. Инаку филмот ми се допадна.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
18.103
Поени од реакции
29.294
Херман Хесе - Степскиот волк.

Бегај таму бе.
Na vtora I jas ja procitav. Ispustas, veruvaj.
Inaku prilicno teska mi bese I mene, deka vo los period ja pocnav.

Sega duri fizicki ja poseduvam. :)

Fight Club - Chuck Palahniuk
Од толку што ми беше гадна книгата ја оставив. Знам дека на некои им се допаѓа, ама на мене не. Инаку филмот ми се допадна.
Na angliski ili so nas prevod? Deka razlikata e pregolema. Ja imam citano I taka I taka, ama kako fan morav da ja kupam, I za zal samo prevedena ja najdov.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.143
Поени од реакции
8.537
И јас имам една книга која не сум успеал да ја дочитам.
При крајот на служењето на мојот воен рок во Постојна, од бибилотека во касарата, позајмив и почнав да ја читам книгата Историја на арапите во редакција на професори од Оксворд. Пред да ја прочитам до крај, ме одпуштија од ЈНА, така да не успеав да ја дочитам, Подоцна се обидував без успех да ја пронајдам во скопските библиотеки или да ја купам во скопските книжарници - беше распродадена.
О тогаш се поминати многу години, повеќе не ја ни барам, но ете ми остана спомен на една не прочитана книга.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.345
Поени од реакции
3.754
Na vtora I jas ja procitav. Ispustas, veruvaj.
Inaku prilicno teska mi bese I mene, deka vo los period ja pocnav.

Sega duri fizicki ja poseduvam. :)
Трета средно бев, сега сум втора факс... Ај може ќе и дадам уште една шанса :D
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Дружината на синиот галеб - За дете кој единствениот родител си го запознава одкако ке израсне со едно племе на пуст остров и ке стане прилично добар капетан кој на соседниот пуст остров ке откриев шверц на тутун, рум и слично што користеле пиратите :) :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom