Книги кои не сте успеале да ги дочитате

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување
Шан Са - Царица
Едвај до половина сум стасана и никако да се намолам да продолжам. I gave up.
И не пропушташ нешто посебно, така да не ни мора да ја дочиташ.

Иначе... имам пишано некаде мислам, ама ај... За кого бијат камбаните од Хемингвеј.
Две години до 130 и некоја страна. Изгледа е до психа ќе треба да земам некое друго издание.
 
Иначе... имам пишано некаде мислам, ама ај... За кого бијат камбаните од Хемингвеј.
Две години до 130 и некоја страна. Изгледа е до психа ќе треба да земам некое друго издание.

Пробај у оригинал да ја читаш. Ного е подобра...
 
Ми текна на Детство, домомчество и младост од Толстој. Одамна, уште како дете, сум се обидел да ја читам и ми се виде напорна и неинтересна. Стасав до некаде и баталив.
 
Захир - Паоло Коељо. ШУНД! (пред 5 години беше и од тогаш го ставив во комерцијала тешка)

За кого бијат камбаните - Хемингвеј - 3 пати ја доаѓам до некоја точка и три пати сум прекинат од надворешен фактор. И ја оставам демек за после една недела и губам кормило врз настаните и пак одново.
 
Ана Каренина.
Стигнав до половината од првиот дел и една другарка ми кажа како завршува и ја оставив.Сега се каам,сакам да ја прочитам ама ќе треба пак од почеток,затоа што не ми текнува на се.
--- надополнето: 7 јануари 2013 во 13:39 ---
Захир - Паоло Коељо. ШУНД! (пред 5 години беше и од тогаш го ставив во комерцијала тешка)

И јас не можам да разберам зошто толку напињаат со Коељо.Имам 4 книги прочитано од него,како една иста да сум читала.
 
Адолф Хитлер - Мојата борба
Знае ли некој да ми кажи како се чита онаа книга (т.е. учебник :O) ? Се чита или се учи ? Толку многу информации и тешки содржини има што почнувам да тргам забелешки настрана и секое подглавје да го читам по 2-3 пати... А дека е добар - добра е ... !
 
-„Захир“ од Паоло Коелјо. По три неуспешни обиди да ја прочитам се откажав.
-„Антихрист“ од Фридрих Ниче. Ја купив кога не бев информирана дека Ѓурѓа ги скратуваат и осакатуваат книгите. Всушност преку оваа книга видов дека нешто не е во ред со преводот и читањето немаше смисла поради непостоењето на целина. Затоа ја баталив уште на почетокот на читањето.
-„Азазел“ од Борис Акунин. Детективска приказна. Ераст Фандорин е детективот, нешто налик на руски Шерлок Холмс или Херкул Поаро.
-„Недоразбирање“ од Албер Ками. Исто така од Ѓурѓа. Да ја најдам во друго издание веднаш би ја купила бидејќи ептен интересна ми се виде кога ја читав.
-„Враќањето на Филип Латиновиќ“ од Мирослав Крлежа. Причина што и оваа книга ми е недочитана е повторно преводот. Два пати се обидов да ја прочитам и потоа се префрлив на драмите на Крлежа со супер преводот на Илија Милчин и предговор на Гане Тодоровски.

Моментално на овие книги ми текнува, а секако дека има уште неколку кои пред се' се недочитани како резултат на лошиот превод.
 
Вештица од Венко Андоновски.
Знам дека на повеќето им е омилен автор, али книгава не можев да ја сварам.
Некако ми е премногу напорна. Ко да се обидувал да направи чудо од книга, али само напорот се гледа. Дефинитивно нема ни да се обидам да прочитам друга книга од него. Ептен ми е расеана.

Последниот чај од Винка Саздова исто.
Ептен ми е претенциозно делово.Го најавуваа како осмо светско чудо. Ко Пауло Коељо ама во женска верзија.Wanna-be писател според мене. Просветление во Индија, веќе видено т.е прочитано во милион други книги. Ништо посебно.

Толку ми текнуваат за сега.:)
--- надополнето: 9 јануари 2013 во 23:07 ---
Захир - Паоло Коељо. ШУНД! (пред 5 години беше и од тогаш го ставив во комерцијала тешка)

За кого бијат камбаните - Хемингвеј - 3 пати ја доаѓам до некоја точка и три пати сум прекинат од надворешен фактор. И ја оставам демек за после една недела и губам кормило врз настаните и пак одново.
За кого бијат камбаните, јас во средно ја читам, и ми се допадна.
А Коељо, сите книги му се шунд.
 
Вештица од Венко Андоновски.
Знам дека на повеќето им е омилен автор, али книгава не можев да ја сварам.
Некако ми е премногу напорна. Ко да се обидувал да направи чудо од книга, али само напорот се гледа. Дефинитивно нема ни да се обидам да прочитам друга книга од него. Ептен ми е расеана.

Последниот чај од Винка Саздова исто.
Ептен ми е претенциозно делово.Го најавуваа како осмо светско чудо. Ко Пауло Коељо ама во женска верзија.Wanna-be писател според мене. Просветление во Индија, веќе видено т.е прочитано во милион други книги. Ништо посебно.

Толку ми текнуваат за сега.:)
--- надополнето: 9 јануари 2013 во 23:07 ---

За кого бијат камбаните, јас во средно ја читам, и ми се допадна.
А Коељо, сите книги му се шунд.
Било кој писател да го окарактеризираш во некој квалитет/неквалитет треба барем 3 книги да му прочиташ. Јас му ги читав 5 кои 2 би му прошле овака на работ, другото ич нејќам да дискутирам, како да гледам маалска филозофија на економишење.
 
Имам читано исто најмалку пет од него, ама ниедна не ми остави не знам каков впечаток.
 
Морскиот Волк од Лондон. Не знам зашто, сите скоро ги имам прочитано од писателов, ама оваа книга посебно некако ми замрзнува некаде на средина, без некаква причина...
 
Морскиот Волк од Лондон. Не знам зашто, сите скоро ги имам прочитано од писателов, ама оваа книга посебно некако ми замрзнува некаде на средина, без некаква причина...

Ееј, книгава е супер. Мене ептен ми се допаѓа, иако со појавувањето на женскиот лик малку падна (Лондон отескогаш имал проблеми со пишување на женски ликови), но сепак тоа не успева да ја помрачи брилијантноста на првите 2/3 од книгава. Но за кого како, никоја книга неможе да биде сакана од секој читател.
 
„Сенка на ветрот“ од Зафон, ја порачував од Универзитетска два пати, ја читав во читална, фатија колоквиуми ми ја земаа дека помина долго време и не ја дочитав. Се надевам ќе и дојде редот некогаш.

Обично сум трпелива и дури и да не ме привлекува книгата настојувам да ја дочитам бидејќи ме интересира завршетокот. Ми се чини дека немам други недочитани, или не ми текнува во моментов...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom