Книги кои би ги препорачале

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
А може некој да напише зошто ја препорачува таа книга? Следните коментари со чист наслов и автор ќе бидат избришани бидејќи навистина се нелогични. Не мора многу, барем збор - два.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.676
Поени од реакции
13.281
Мапа од коски - Џејмс Ролинс. За тие што ги интересира жанрот како Кодот на ДаВинчи, фимови со Индијана Џонс и Tomb Raider и читаат доста за мистериите низ светот (Апокалипто обавезно за тебе)
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Шиндлеровата листа, за тие што имаат срце да читаат за бедниот живот на Холокаустот. Сепак книгава презентира една, ако воопштп може да се каже, попозитивна страна на мизеријата, за Германец кој ќе спаси илјадници еврејски животи... Сигурно сте запознаени со приказната. :)
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Кујна-од Лили Прајор, слатко, жестоко и емотивно женско писмо, препорачливо за истите.Многу мила книга, ептен ми е омилена, лесна е, нема филозофија-само пјур еротика.Уживајте.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.676
Поени од реакции
13.281
Порака во шише - Николас Спаркс. На тие што им се допаднал „Чекори за паметење“. А не ја препорачувам за тие со слаба психа - строго забрането за оние кои се емотивно поврзани за моментите на љубовта освен ако имаат претензии за мазохистички третмани.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.679
Поени од реакции
11.042
Зигмунд Бауман - "Постмодерна Етика"
Типов е еден од најугледните живи светски социолози во моментов.
Залагајќи се за концептот на т.н. постмодерна етика, тој ја преиспитува универзалистичката етика т.е. во времето во кое живееме постојат мноштва организациски системи и култури и затоа не може да постои консензус за универзалноста на етичките кодови и смета дека барањето универзална рационалност во етиката е или илузја или маскиран обид да се употреби сила која ке ги принуди луѓето да дејствуваат небаре такво нешто постои.
" Дали е постмодерната состојба напредок во однос на моралните достигнувања на модерната?
Постмодерната ги обесхрабри модерните амбиции за универзално и цврсто засновано етичко законодавство; но дали таа исто така ги расчисти сметките со сите прилики за морално подобрување што ја имаше модерната?
Во светот на етиката - дали постмодерната ќе биде согледана како чекор нанапред, или како враќање наназад?
Книгава е за постмодерната етика а не за постмодерниот морал

Евалд Флисар - The Sorcerer’s Apprentice
"You Can Be, when you stop thinking that You Must Be.."

Carlos Castaneda - "The Teachings of Don Juan"
(и останатите од колекција) :)

Мајсторот и Маргарита - Михаил Булгаков
Алегорија на метафизиката...забегантус до крај :)

итн...
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
elena_e напиша:
“Парфем“ од Патрик Зискинд
“Се плашиш ли од темнина?“, “Крвна врска“-Сидни Шелдон
“Божествената комедија, Пекол, Чистилиште и Рај“-Данте, одлични се сите три
“Дигитална тврдина“, “Точка на измама“-Ден Браун
“Третата тајна“-Стив Бери, за појавувањата на Богородица, добра е мноооогу
“Ние децата од станицата ЗОО“-Кристијана Ф.,вистинска приказна, мислам дека е нешто најдобро што имам прочитано, ја препорачувам на сите млади за да ги научат последиците од пороците
“Оркански височини“-Емили Бронте
од нашите македонските книги ги препорачувам
“Пиреј“-П.М. Андреевски
“Марта“,“Сама“,“Вечниот ветер“-Горјан Петревски
“Пролет зад мојот прозорец“-Томе Арсовски

Аууу "Третата тајна" не ти требала. Беден обид за имитација на Ден Браун. Одвај ја дочитав, со тешки маки. Сакав од Стив Бери да ја најдам "The Romanov prophecy" затоа што импресионирана сум од руската императорска трагична судбина, ама после "Третата тајна", мислам дека тоа ќе биде агонија.

Инаку, ги обожавам книгите од Сидни Шелдон, Трејси Шевалие, Николо Аманити, ми се допаѓа "Девојката со портокали". Класиката од свтската литература. За разлика од многумина тука, не ги сакам делата од Николас Спаркс
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Имаше некоја акција на плоштад, за денари книга, од издавачка куќа Ѓурѓа. Си ја „Човек волк“, од Фројд и сега ја читам. Не е нешто спектакуларно забавно, ама треба да се прочита (или некоја книга која обработува друг случај на Фројд) за да се сфати психоанализата.
 
Член од
28 јуни 2008
Мислења
1
Поени од реакции
0
Странецот - Албер Ками
Степски Волк - Херман Хесе

Имаше некоја акција на плоштад, за денари книга, од издавачка куќа Ѓурѓа. Си ја „Човек волк“, од Фројд и сега ја читам. Не е нешто спектакуларно забавно, ама треба да се прочита (или некоја книга која обработува друг случај на Фројд) за да се сфати психоанализата.
земи ја "Еден спомен од детството на Леонардо да Винчи" од Фројд
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
А може некој да напише зошто ја препорачува таа книга? Следните коментари со чист наслов и автор ќе бидат избришани бидејќи навистина се нелогични. Не мора многу, барем збор - два.
Само да повторам..
 

Бушавка

Differentiated by Style
Член од
4 јули 2008
Мислења
746
Поени од реакции
61
Јас би ја препорачала книгата со наслов "Подарок", во моментов не ми текнува името на авторот (книгата не ми е дома, ко ќе ја земам ќе го пишам името ако има потреба). Мала книгичка, но мислам дека многу кажува и може многу да се научи за секојдневниот живот, начинот на кој ги доживуваме работите.....им придаваме значење и слично. Ако некој ја прочита или прочитал чекам коментар

Поздрав
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Паднати Ангели од Трејси Шевалие
опишува некој период од отприлика 10тина години.. Од денот на смртта на кралицата Викторија до смртта на кралот Едвард. Книгата е напишана на интересен начин секој лик ги опишува случките на начин како тоа да го пишува во својот дневник.. тешко ми е да објаснам
книгата е за две семејства кои се запознаваат на гробишта и двете девојчиња од семејствата стануваат пријателки.
Се опишува жалењето на смртта на блиските и колку да си кажам по мое биле опседнати со тоа.
Швалерајот те прељубата, вонбрачната бременост, абортусите и будењето на жената.
Будењето на жената во поглед на барањето за своето право на глас.
И како конечно една жена го дочекува моментот кој што го чекала цел живот: вклучувањето во сифражетското движење
супер книгиче..
го препрочитувам по 100ти пат
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Само што ја дочитав `Љубовта на мојот живот`- Мари Луис Фишер и ете ви ја препорачувам. Значи книгава не е за некое патетично живеење во заблуда(како што би помислиле според насловот) туку напротив го претставува животот на борбената Барбара која реално размислува, наидува на реални проблеми...Значи подеми, падови, сето тоа, а не некоја идилична приказна за бескрајната љубов :coffee:
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
За сите заинтересирани околу случувањата во Германија и светот, пред и за време на Втората светска војна, случувања од воено-политичко-дипломатски аспект, им ја препорачувам книгата „Воени тајни“ од Рајмон Картие, која претставува прекрасно срочени текстови базирани од исказите на Гебелс, Кајтел, Јодл, дадени за време на судењата во Нинберг.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
HEAVIER THAN HEAVEN-A Biography of Kurt Cobain

Можеби малку пристрасно, но како и да е...
Се работи за одлична книга, каде што детално е опишан животот на Курт.
Не сум добар во рецензии и во опишување на книги, можам само да кажам овој човек имал навистина пеколно тежок живот и борба со сам себе, има навистина големи контрдикторности во врска со неговиот карактер.
Кога ќе ја читате последната глава, во најмала рака многу ќе ви падне жал делот што е посветен на ќеркаму пред да се убе...јас плачев кога го читав тоа.

Препорачливо е во оригинална верзија да ја читате, со преводот не може да се дофати комплетниот труд на авторот.:)

 

Kajgana Shop

На врв Bottom