Ајде за нештата да станат појасни, ќе откријам некои детали.
Незнам дали претходно го имам кажано ова, моментално работам како Pregame Sports Trader или кај нас попознато како Авторизација.
Кладилницата за која работам оперира во 6 земји (Италија, Романија, Белгија, Кипар, Хрватска и Данска), а наскоро се надеваме дека ќе отвориме и во Шпанија,ма да иако се беше спремно, коронавирус поремети па сега не се знае дали и воопшто ќе отвараме. Небитно тоа.
Јас вршам авторизација за две земји (Хрватска и Кипар) и плус вршам подршка во Романија.
Муабетиве за 2 во 1 ви се буквално како да сум во Златна Копачка и ги слушам старине пијандури како зборат за местените текми зашто ги бутнало квота 1.25
Еве веќе скоро година дена како вршам авторизација, имаме секојдневно уплати на 2-1;1-2, па имало и добри добивки, ама ниту еднаш тоа не било доволно да се означи како сомнителна.
А и тоа како е битно да се означи сомнителен бет кога работиш за бетинг компанија.
Кога ме промовираа во Pregame Trader потпишав изјавa дека никогаш нема да ги користиме информациите од IBIA за сомнителни натпревари со цел за лично збогатување.
Секој кој нема да пријави сомнително кладење, многу лесно може да загуби работа и лиценца. Значи не се заебаваат со тоа агенциите кои регулираат обложување.
Еден колега е моментално под истрага, затоа што копирал тикети од некој играч во Белгија, ги уплаќал во друга кладилница, и сега можно е да ја загуби лиценцата и никогаш да не се вработи во гејминг индустрија. Воопшто не ги интересира дали си направил профит или си изгубил, едноставно, не смееш да се кладиш на сомнителни натпревари а ниту да споделуваш такви доверливи информации.
Кога зборам за сомнителен бет, мислам и на бет од 50-100 € за некои си уплати на тенис ИТФ, виетнамска фудбалска лига и такви некои азијатско-афрички лиги.
Делиме информации со кладилници како бет365, пинакл, сбобет, бетвеј, вилијам хил, типико и и гарантирам ништо сомнително не поминува туку така.
Од друга страна, сомнителни натпревари од висок ранг НЕМА!
Најмногу се мести на голови, точно е.
Нов тренд се картоните, нормално, таму само судијата ти треба, па затоа и ретко можеш да најдеш жолти картони за ниските лиги.
Но фудбалот во споредба со индивидуалните спортови, речиси и да не се мести.
Тенисот е број 1, а истотака се мести и во овие боречкиве спортови, голф, и некои други ситни спортови како пинг-понг и дартс.
Кога збориме за балканот, не памтам премногу сомнителни натпревари, ама знам еднаш се појави од Македонска женска Лига, мислам дека тие ЖФК Драгон беа со не ми текнува кој, имаше сомнителни уплати во Романија на 3+ прво, 5+ цела, домаќинот да даде 3 или повеќе голови и кога кажувам сомнителни тоа беше неколку стотина евра...
Да проба некој 20-30 илјади евра као што зборите, гудбај, има лигата да ја избришеме од систем за понуда.
Знае да се појави и на ниските лиги во Украина, Русија, Белорусија, Молдавија...но ретко, стварно ретко.
Имам и некои слики, ама нажалост форумов го отварам и од работа, па неможам да споделувам тука.
Здравје, во некои други прилики би ви покажал како изгледа пријава за сомнителен натпревар и како сето тоа се спроведува во комуникација со IBIA.
IBIA е организација која се бави со истрага на сомнителни натпревари се со цел да се заштити спортот и кладилницте од местенки, ма да повеќе ми изгледа како да е за да се заштитат кладилниците.
Еве ви линк до IBIA, има мапа за сомнителни натпревари од првиот квартал во 2020 па ќе добиете малку претстава за местењето и на што се се мести.
ibia.bet