Кладилница (Генерална дискусија)

Член од
4 ноември 2016
Мислења
2.279
Поени од реакции
1.728
Screenshot_20200322-153302_Chrome.jpg

Site ovie utakmici se deka edniot e profesionalen fifa igrac a drugiot samo fudbalski igrac bez iskustvo
 
Член од
1 април 2009
Мислења
653
Поени од реакции
557
Владата ги затвора обложувалниците, ги сели „онлајн“?

Онлајн обложувањето ќе биде една од точките што ќе ги разгледува Владата на седница, соопшти денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.
Станува збор за иницијатива, како што објасни, на која се работело во изминатиот период, и пред корона-кризата. Иницијативата не е нешто ново, зашто и постојното законско решение содржи одредби и членови за онлајн игри на среќа, вклучиелно и онлајн обложување.
На ваквото решение, за онлајн обложување, според Ангеловска, треба да се гледа од два аспекта, првиот е што во оваа индустрија работат 8.000 лица, а вториот е подобрување на регулативата.
-Ова е во постојното законско решение, но се уште не беше имплментирано во пракса. И пред кризната состојба беа изработувани компаративни анализи, бидејќи речиси сите земји го имаат овозможено. Ова е од една страна важно во овој период од апсект дека 8.000 лица работат во индиустријата, а од друга страна е нешто што би било имплементирано во насока на подобрување на регулативата. И така треба да се гледа. Доколку е контролирана средината, ако имаме јасна и прецизна регулатива, ќе можеме да се справиме со проблемот, односно физичките локации кои се почесто ги има на упалтно-исплатните места, нагласи Ангеловска, одговорајќи на новинарски прашања.
Рече и дека околу 40 милиони евра се прибираат по основ на посебната давачка од оваа индустрија. Дополнително, треба да се земе предвид и персоналниот данок на доход од игрите на среќа кој учствува со околу 10 отсто од вкупно прибраниот персонален данок.
-Во вонредна состојба нови решенија ќе бидат воведувани. Треба да се обидуваме да наоѓаме начини за адаптирање на многу процеси и да носиме одлуки кои сметаме дека се соодветни за доброто на државата од секој апскет, рече министерката Ангеловска.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.900
Поени од реакции
84.289
Ауууу како за министерка за финансии (не)изненадува колку нема појма од финансии и колку очаен потег е ова :D

Ако ова се случи онда блазе си му на тој што ќе ја замени, само ги враќа обложувалниците "офлајн' и бум, позитивни резултати :ROFLMAO:
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.523
Видела она дека буџетот супер се пуни преку обложувалниците, па ај некоја алтернатива да им најдеме да работат, иако таа алтернатива е достапна во други држави така подолго.
Ама Нина не размислила дека сега општо насекаде обложувалниците не прават никаков приход. Моменталниот turnover e некои си 2-5% во споредба со пред корона, така да тие 40 милиони, мало морген.
Плус, они додека да имплементираат систем за наплата, функционален веб сајт и останати ствари, ќе го снема вирусот.
 
M

Macedon1um

Гостин

Mozzart.com веќе имаа таков фукционален веб сајт, само кој знае каде е регистриран и каде плаќа даноци како интернет сајт за кладење :) Е сега Нина гледам кажува за 8000 вработени, па дали таа знае колку од овие нема да бидат потребни (ќе добијат отказ) ако се префрлат кладилнициве на интернет..
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
Точно,пример обложувалница што сега има пример 2000 вработени за онлајн работа ќе и требаат едвај 100 и тоа претежно квалификуван кадар а не лица што знаат само да штанцаат тикети.Значи ќе им требаат трејдери и лица што имаат познавање од финансиски менаџмент,ризик менаџмент,компјутерски инжињери итн.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Госпоѓицава министерка ако разбира нешто настрана од тоа каква марка рекламира Роналдо и која му е жена јас е....
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.523
Mozzart.com веќе имаа таков фукционален веб сајт, само кој знае каде е регистриран и каде плаќа даноци како интернет сајт за кладење :) Е сега Нина гледам кажува за 8000 вработени, па дали таа знае колку од овие нема да бидат потребни (ќе добијат отказ) ако се префрлат кладилнициве на интернет..
Да, Моцарт има, но за Србија.
За Македонија ќе мора да направат нов функционален вебсајт со нови прилагодувања зашто различни се регулативите во МКД и СРБ.
Регистриран е и плаќа данок во Србија, иако Моцарт оперира во неколку земји меѓу кои и Кенија.
Како и да е, Моцарт има темплејт за вебсајт, им фали уште пун курац легални работи да оперираат во Македонија, што како што реков во претходниот пост, додека се ова се оствари, можно е и да цела оваа фама околу вирусот да заврши и почнеме да живееме како пред.

Од друга страна ПРЕМНОГУ луѓе ќе останат без работа.
Како што кажа Лунатик, во тој момент би работеле само квалификуван кадар.
Но тоа мислам и дека не и е поентата на министерката, туку да почнаат да збираат данок од уплати и добивки.

Ова е и добро да се види дека обложувалниците и казината уште долго време ќе опстојуваат во Македонија и дека нема никакви шанси во скора иднина да видиме затворање или менување на локација во ненаселени места.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.471
Поени од реакции
5.474
Он лајн кладењето никогаш нема да може да ги замени кладилниците и тоа е факт.
Надвор од населени места нема логика да се преместуваат. Треба да сфатиме дека и во кладилница идат луѓе и работат луѓе. Колку кладилници има само во Скопје. Ако е надвор од населено место како ќе ги дизлоцираат сите?
И со онлајн и со дизлокација ќе се изгубат многу работни места.
Зашто не им текне едноставно да ги тргнат апаратите. Цела младина ја изпозаразија. Дури и онлајн сеа моеш апарати да си лупаш. И тоа на државна лотарија!

Предлогот им е чиста глупост.
Врати ги обложувалниците да си бидат Спортски Обложувалници а не Апарат Клубови.
Сеуште не има и нас , викенд кладионичари што идеме да испиеме кафе, гледаме натпревар, уплатиме ливче од забава.
Он лајн се губи жарот. Во ред, ајде корона и се тоа. Но ако планираат комплет да затворат или дизлоцираат ќе размислат ли што да прават со тие луѓе што ќе останат на улица ?
И само за Кладилници ќе важи закончето? Со Сенатор, Астра, Адмирал, Слотс и останатите што праиме ? Ќе си останат или и нив ќе ги дизлоцирате ? Со Фламинго и Тоа у Холодеј ин ? Со Казимата во Гевгелија ?
Закончево го мислат веќе 1 година...
 
Последно уредено:
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.842
Поени од реакции
7.617
Госпоѓицава министерка ако разбира нешто настрана од тоа каква марка рекламира Роналдо и која му е жена јас е....
Госпоѓицата министерка успеа со фирма и визија, нешто што можеби ни во два животи нема да го направиш.

А кога ќе влезеш во политика, одлуките повеќе не зависат од тебе туку мора да работиш по наредба.

Факт е дека министерството прибираше многу пари од кладилниците (како и да не прибира кога тие 15% се чист грабеж). И сеа фалат тие пари па као демек жал му е за вработените ајде да најдеме начин да го ограбуваме народот, што е и логично кога ти фалат пари.

А моментално парите се во народот, се надевам дека голем процент ќе се освестат за ова време и ќе видат дека без кладилница и казино остануваат повеќе пари отколку да се надеваш да ги освоиш.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Госпоѓицата министерка успеа со фирма и визија, нешто што можеби ни во два животи нема да го направиш.
Копија брат, Групер не е никаква визија.
Дека е успешна, факт и тоа никој не и го одзема ама да не глумиме дека е некаков визионер и економски експерт.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Госпоѓицата министерка успеа со фирма и визија, нешто што можеби ни во два животи нема да го направиш.
Успеала со позајмена идеа и трејдмаркс. Ништо посебно.

А кога ќе влезеш во политика, одлуките повеќе не зависат од тебе туку мора да работиш по наредба.
Точно така. Никој не и е крив што сама си се намести да биде критикувана за туѓите игри и одлуки (акцизата пример). Сигурно никој со пиштол на глава не ја натерал да стане министерка.

Факт е дека министерството прибираше многу пари од кладилниците (како и да не прибира кога тие 15% се чист грабеж). И сеа фалат тие пари па као демек жал му е за вработените ајде да најдеме начин да го ограбуваме народот, што е и логично кога ти фалат пари.

А моментално парите се во народот, се надевам дека голем процент ќе се освестат за ова време и ќе видат дека без кладилница и казино остануваат повеќе пари отколку да се надеваш да ги освоиш.
Е тоа е тоа што е најголема глупост. Досега ич не им беше гајле за онлајн кладењето пошто си капеа даноци, а сега кога го снема тоа наеднаш, оп да видиш како можело онлајн кладењето да стане нормално. Само што срцката од министерка наместо да истражи сама и да види дека во светов моментално има 0 спорт и дека онлајн кладилниците ќе значат огромен минус во придонесите за вработените, тресе глупости на прес што или некој и ги напишал или самата од ум си ги измислила.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.900
Поени од реакции
84.289
Збираa. Mоментално верувам е нула. Или можеби нешто ситно од 2win.
Ааа ок, збориш за моменталнава ситуација, ок, got it, мислев за општо збореше
 
Kajgana Shop

На врв Bottom