dragonsky
Hate leads to suffering
- Член од
- 25 декември 2010
- Мислења
- 43.412
- Поени од реакции
- 85.364
Дојдов да го шернам линков, ипак гледам ти пред мене си го направил тоа.Украинците во елемент денес, Долгополов и Бондаренко, само за нив се пишува на твитер, Долгополов посебно, играше против Монтеиро, беше фаворит со 1.35 коеф изутринава, за да попладне коефициентите дојдат тотално обратно и Долгополов има 3.50 коеф за победа, бет365 го тргна кладењето на победник на прв сет, и ги намали ненормално лимитите за конечен победник, голем број други кладилници целосно го тргнаа мечот, немаше ниту една брејк топка украинецот а тоа му се има десено само двапати во последните две сезони, и тоа во два меча против Федерер, преку 80% освоени поени на прв сервис и пак загуби во два сета, при првиот брејк кој му го направи Монтеиро сервираше две дупли во низа, Бондаренко истата приказна, огромен пад на коефициентот за нејзин пораз, бет365 го тргна кладењето на победник на прв сет и ги намали лимитите за конечен победник, и таа исто си изгуби лесно во два сета
Иначе Долгополов еднаш има изгубено сет за 13 минути што е доказ колку е сериозен со неговата тениска кариера
http://www.sportdw.com/2017/08/dolgopolov-winston-salem-suspicious.html
https://twitter.com/Carretero77/status/899351425414819840
Интересно движење доби и коефициентот на Уругвај да ја победи Аргентина на неколку минути пред мечот, од 7.50 коефициентот падна на 4, и еве се игра егал меч во прво полувреме со горе-доле 50-50 шанси за конечен победник
Има излезено некое видео од мечов, баш живо ме интересира каква игра имал Долгополов[DOUBLEPOST=1503289643][/DOUBLEPOST]
Последно уредено: