Кладилница (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Топче
  • Време на започнување Време на започнување
Barsa 1&GG
Bologna GG3+
RealM 2&GG
Univ.Chile t12+&GG
Uplata 1000den
Ps.Asane 10 suta,nieden gol,Strommen 10 suta nemaat gol,Rosenborg favoriti nemozat doma da dajt gol [emoji23]


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Ја чекам Спарта Ротердам - Звеле GG3+, на полувреме си завршува 1:1 и си викам топ. Второ полувреме ми се дешава ова.

Прегледај го приврзокот 175994

Ми се дешавало еден тим да не шутне цело полувреме, ама двата тима да немаат шут, не во рамки на гол туку општо шут во цело ебано полувреме прв пат ми се дешава.
Ау, како е можно ова бе?!?! :eek::eek::eek::pos:
 
Украинците во елемент денес, Долгополов и Бондаренко, само за нив се пишува на твитер, Долгополов посебно, играше против Монтеиро, беше фаворит со 1.35 коеф изутринава, за да попладне коефициентите дојдат тотално обратно и Долгополов има 3.50 коеф за победа, бет365 го тргна кладењето на победник на прв сет, и ги намали ненормално лимитите за конечен победник, голем број други кладилници целосно го тргнаа мечот, немаше ниту една брејк топка украинецот а тоа му се има десено само двапати во последните две сезони, и тоа во два меча против Федерер, преку 80% освоени поени на прв сервис и пак загуби во два сета, при првиот брејк кој му го направи Монтеиро сервираше две дупли во низа, Бондаренко истата приказна, огромен пад на коефициентот за нејзин пораз, бет365 го тргна кладењето на победник на прв сет и ги намали лимитите за конечен победник, и таа исто си изгуби лесно во два сета
Иначе Долгополов еднаш има изгубено сет за 13 минути што е доказ колку е сериозен со неговата тениска кариера

http://www.sportdw.com/2017/08/dolgopolov-winston-salem-suspicious.html
https://twitter.com/Carretero77/status/899351425414819840

Интересно движење доби и коефициентот на Уругвај да ја победи Аргентина на неколку минути пред мечот, од 7.50 коефициентот падна на 4, и еве се игра егал меч во прво полувреме со горе-доле 50-50 шанси за конечен победник
 
Класични местенки, реално мора да бидат казнети за вакво нешто, нарочито во овие времиња каде има камери на секој ебан дел од светот. Сега и квалификациите се пренесуваат, не е ко порано само Слемови и Мастерси. :D
 
Нешто што мора да се смени во тенисот е она со Лаки Лузерите, т.е секогаш (а не само на слем) да има влечење за тоа кој да упадне во главен жреб од тие што изгубиле во квалификации доколку некој од главниот жреб откаже, и сите да имаат подеднакви шанси за тоа, а не како досега да влегуваат како лаки лузер оние со најдобар ранкинг, т.е носителите во квалификации.
Сезонава имаше МИЛЈАРДА ситуации каде прв или втор или трет носител, т.е највисокиот по ранг тенисер во квалификации да има пораз во кој е “повреден“ или не му е “тргнато“ или слично, за подоцна по ден, ден и пол, максимум 2 дена да игра меч од прво коло откако некој се откажал, и во истото прво коло магично да му е денот, да погодува се живо и диво, и неретко да стигне до 1/4, 1/2 или самото финале.
99.9% се шансите дека истите тие Јанковци Типсаревиќи, Јажиревци, Троицковци, Сугитовци и слично кои губат онака лагано во кваификации, губат затоа што знаат дека имаат загаратинран настап на турнирот.
 
Типсаревиќ е најсвеж пример за тоа, играше квалификации во Синсинати, прво коло се пораѓаше против некој анонимус Мекнели, во финалното коло против Еубанкс кој патем исто е анонимус и колеџ играч, класична летва кој не може повеќе од 2 пати да префрли мрежа. Што се дешава? Рипа квотата од 1.25 на 1.50 па и повеќе пред почетокот на мечот, се чудам што кур е работа, Јанко си губи лагано 2-0, сабајлето станувам гледам Јанко влегол ко лаки лузер место Кеи Нишикори и сега наместо како Еубанкс да игра прво коло он си почна од второ коло бидејќи влегува место Нишикори кој беше носител во главниот ждреб и слободен во првото коло. Место да се тормози Јанко да игра од прво коло он фино лепо си изгуби во квалификации знаејќи дека Кеи откажува и дека ќе си почне од второ коло, а ние лупај си ја главата како губел од аматер. :)
 
Затоа ќе си одбегнуваш квалификации за турнириве освен за слемовите,кадешто патем мислам ждребуваат за лаки лузер,а и поретко откажуваат на ден пред играње,а и да откаже ќе има информација,јер ипак побогу слем е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom