Кирил Лазаров-Македонскиот бог во ракомет и повеќе од тоа
Хрватите имаат долга историја на врбување на туѓи играчи ама велат дека Кире е единствениот спортист кој го одбил хрватскиот грб.Зошто?Оти бил премногу голем патриот и не можел да се замисли во друг дрес освен Македонскиот.А биле нудени и грдни пари.Ете каков човек е Кире.Игра за Македонија веќе преку 10 години без да пропушти квалификациски циклус.Игра и здрав и повреден,и кога има пари за припреми и кога нема, и кога има греење во Кале и кога нема,и кога има селектор и кога нема.Во овие 10-тина години многу работи се менуваа ,сме играле и добро лошо,Македонија и победувала и губела,сме се радувале и сме се живцирале.Само една работа не се смени.Кире секогаш беше тука за Македонија.Затоа мислам дека Кире е најдобриот спортист што Македонија некогаш го имала.Не поради неговите фантастични партии на теренот,извонредната игра во одбрана,непоновливите финти со кои ја излудува противничката одбрана или единствениот скок-шут со кој голманите ги праќа по бурек,туку поради тоа што преставува Кире на теренот и надвор од него.Капитен,лидер,другар,вистински предводник. Светсково ќе биде и ќе помине што и да направат до крајот и да ги загубат сите за нас секогаш ќе бидат јунаци.Едно никогаш нема да се смени.Кире е еден светски гига мега цар