NaughtyByNature
Y Child
- Член од
- 1 декември 2010
- Мислења
- 423
- Поени од реакции
- 427
Само зашто напишав нешто откако те цитирав, не значи дека е лично за тебе. Искулирај малку.Таа погоре ме познава мене ич да не се секираш.
Е ти па ќе ми кажеш мене кој да ме нервира. Не доаѓа мене газдата на маса да ми е испонаша, туку келнерот. Причините за ’расположението’ на келнерот знаеш колку ми се битни? Воопшто. Како што и на него/неа не им е битно дали мене ми е пријатно што се понашаат така или не.
За однесувањето секој може да избере какво однесување ќе има кон луѓето, без разлика на околностите. И престанете да ни наметнувате реченици. НИКОЈ не спомна дека се помалку луѓе или дека се помалку вредни.
Другарка работи како келнерка во кафич и има преубав однос со сите муштерии. Е сега да земеме условни ситуации каде она ќе работи, па ќе има лоша услуга, па ние ќе ја критикуваме е мноооогу глупаво од причина што ситуацијата вооппшто и не се случила. Зошто тогаш би ја разгледувале?
На крај секој сам си ја бира работата. И тука немојте да идете со она дека младите имаат потреба од средства, а немаат избор. Ако веќе немаат избор, бар тоа што го работат нека го работат како што треба.
А за пс-от твој не знам дали има коментар. Не збори за човечност за луѓе кои не ги познаваш и не збори за статуси и нивната важност за луѓе со кои си разменил само 4-5 поста. Не за друго, немаш право од причина што за тебе и јас и сите други кои го делат моето мислење (освен со некој ако не се познаваш) се сосема нови личности за кои не знаеш ништо.
А примеров со другарката, како можеш да речеш дека е глупав? Па, тебе ако не ти се случил, не значи дека не се случува (која иронија, погоре ти беше тој што го кажа истово за лошата услуга ).
Ова твојов инает дека ќе те нервира кој сака, е далеку од разумно размислување, ама нека ти биде. Слободно можеш да избереш на кого ќе ја истуриш лутината, ама јас слободно можам да те критикувам ако сметам дека тоа го правиш на погрешна адреса.
Сепак, се врти.. околу самарот.