Не знам зашо си замислувате дека кога вие ќе нарачате нешто во кафич, дека конобарот целосно треба да ви се посвети вас. Дека вие сте богови а конобарот е обичен смртник кој треба да ви се покори на вашите барања.
Мене ми е јасно дека кога ќе нарачате вода дека навистина ви се пие и затоа ја нарачувате, али ако умираш за вода а глеаш дека конобарот сам служи 10 маси и не може да постигне - моеш да го мрднеш гзот 20 чекори и да си земеш сам вода. Нема да ти се деси нишо страшно.
Друго, ми седнуваат на маса 5 души и никој од нив не ми порачува нешо шо е нормално. Несот или е нематен, со пола лажица шеќер, без прелив, со капка млеко, макијатото да е појако, да е со поише млеко, да е ладно ама без мраз, еспресото да е у мала/голема шоља.. На чоек да му дое да се збрца на сред маса.
И шо е најтрагично, никој од вас (шо не работеле у кафич) не го зема тоа у предвид дека конобарот не ти го праи кафето.
Дека конобарот доаѓа на шанк, ја кажува о толку посебната нарачка, и чека да биде направена од шанкерите.
И пошо на шанкерот му се спие зашо си легнал у 4 а станал у 8, утнал нешо и конобарот го јаде тоа.
Друга приказна е тоа, шо коа доаѓаш на шанк и ја кажуваш нарачката, шанкерот мрчи, ти кенка кај ти текнало тоа сеа (ко божем за себе нарачуваш).
Друга приказна е шо шефот ти вика да не се пикаш позади шанк или да не ставаш ти сладолед, али пошо шанкерите се у лошите, ти треба да бираш дали да не го послушаш шефот и да се расправаш со него, или да се расправаш со шанкерот.
Ќе шпарташ 20 пати на масата, ќе вратиш 2 нарачки и нема да ти остаат денар бакшиш, иако си бил супер фин и си се извиниш 16 пати.
И вака цел ден.
Да, ние ијаме фиксна плата, и да, факт е дека газдите се идиоти и ни викаат да си зијаме бакшиш, али ако на маса седнете 5- 10 души, и сите остаите по 10 денари (шо за еден чоек не се којзнае колку пари) на конобарот ќе му го напраиш денот и следниот пат кога ќе доеш пак, ќе те тинтра поише, ќе биде понасмеан, поопуштен и нема да сака да си збрца нож зашо си толку посебен и сакаш 2 зрна шеќер у кафето.
Еве, да ви доловам на сите како поминува еден ден. Доаѓаш на работа и ја средуваш цела тераса. Бришеш маси, саваш мениа, пепелници. Го средуваш шанкот, средуваш внатре, ги средуваш тоалетите.
Во меѓувреме дошле гости и седнале у некое ќоше кај шо едвај се глеа, чекале 10 мин и ти доаѓаат да ти мрчат шо толку чекаат.
Таман ин доаѓаш на маса, им се извинуваш и културно им објаснуваш дека тој дел не се забележува баш, он ти мрчи и те пашува дали земаш добра плата зашо глеал дека не ти се работело. Ти си со извичници и прашалници над глава зашо до сеа не си седнал. Носиш нарачка, али он забораил да ти каже дека сака поише шеќерчиња, па шпарташ пак. Да беше тоа јас да заборавев шекерчиња ќе имаше мрчење.
Таман си средил се, си ги послужил сите, имаш 5 мин време и ти да пиеш кафе, доаѓа некој од шефовите и те замара за нешо шо не е ни твоја работа.
Ти доаѓаат гости на кои им велиш дека таму кај шо сакаат да седнат е резервирано (а има и ознаки дека е резервирано) они ти кажуваат дека таму кај шо сакаш да ги сместиш не им одговара и сиу седнуваат кај шо сакаат а е резервирано. И ус пат не порачуваат нишо зашо одма ќе си оделе а сепак седат поише од саат време. У меѓувреме шефот ти мрчи зашо таму имаш седнато гости.
Доаѓа време кај шо сите маси се зафатени, не знаеш кај ти е главата, те враќаат за уше едно шеќерче а ти се напињаш зашо 2 маси веќе чекаат 5 минути, се нашол некој паметен и си заминал без да ти плати. Се молиш да ти остаат некој денар бакшиш за да не мора да даваш пари од свој џеб. Деца трчаат на сите страни, растураат шо ќе фатат, кршат нешо ус пат. Шефот ти мрчи. Се потрошиле видовите сладолед шо само шо ти ги нарачале и треба да им се објаснуваш дур ти превртуваат очи.
Дошле две принцези на кои им се јаде нешо, али не нешо шо го ијаме моментално на располагање, и ти воздивнуваат дека го нема тоа шо они го сакаат. Порчуваат палачинки, ти им кажуваш дека ќе треба да чекаат 45мин до 1 саат, а на нив не им се чека. Конечно, нарачуваат нешо, се е океј конечно си викаш моеш да седнеш да се напиеш кафе, али принцезиве те викаат нафурани зашо виделе дека некој јаде позади палачинки, кои и онака биле порачани пред 1 саат и за тие ти се качиле на глава. Ти треба да се правдаш, ко божем не си сакал да им дадеш нешо, и нафурани практиочно те бркаат од маса.
Конечно доаѓа крај на работно време, треба да собереш пепелници, мениа, да пребришеш се и да се раздужиш надевајќи се дека не си у минус и дека ќе остане некој денар бакшиш за да имаш со шо да си идеш дома.
На крај рчаш по автобусот зашо тргнал порано, се возиш ко да си сардина а нозете плачат сами од себе.
Да, јас си ја најдов работата, али вие шо седите по локалите може да бидете малце пофини!!