Сега да одговорам на оној/онаа погоре што видел/а на сон дека сме лицемерни (пошто лично не не' познава), а воедно и тебе.
Лично јас, ретко идам по кафичи или било какви угостителски објекти. Самиот момент да ме служи некој ми е непријатен. Без разлика, во 90% од случаите ми се погодила лоша услуга, но сепак, секогаш кога сум имал пари сум оставил бакшиш, само заради моментот што супер сум си поминал со друштвото со кое сум бил.
За лошата услуга; ниту реков дека не се случило, ниту реков дека преувеличувате, ниту дека не ми смета. Имаме полно право за незадоволство и за критика, ама
НЕ КОН КЕЛНЕРИТЕ, ТУКУ КОН ГАЗДИТЕ. Ова го тупам од прв до последен пост на темава. Најголем дел од послугата е ставена во незгодна ситуација, и не е можно поинаку да се однесува. А има и такви, кои не заслужуваат разбирање, но и во тој случај, наместо да плукате по нив, плукајте по тој што ги чува на работа. Едноставно, не се сите родени за келнери, ама тоа не ги прави помалку луѓе. Кога веќе спомнуваме непрофесионализам, да почнеме од оној на нивните ПРЕТПОСТАВЕНИ, ок?
Значи, не ние, вие хејтате, на погрешна адреса. Ај уште еден пример: Да речеме ваша другарка работи како келнерка во преполн кафич. Вие седнувате во тој локал, меѓу другото за да ја ѕирнете, да и' направите чест. Доколку нејзината услуга е лоша, дали ќе ја критикувате? Не, туку ќе се потрудите да ги разберете околностите во кои работи, затоа што ви е блиска. Епа ако може да се има разбирање за неа, зошто да нема за другите келнери?
ПС. Се извинувам за сите мои постови, на сите оние кои заборавиле што е човечност, и за кои е битен само нечиј статус. Знам дека вие немате другарки келнерки, не мислев да ве навредам.