Келнерите низ локалите

karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
ќелнери нема само у кафани ја последен пат коа проверив
кафич-кафана,има разлика?
ти сега сакаш да се правиш паметен или поставуваш некој замки..јас стварно незнам,впрочем кажи си каков е твојот став или искуство со келнерите низ локалите.
Ние на пример пред три дена во едно ресторанче во Гевгелија(она каде што има секогаш свежа риба на менито)бевме таму друштво,и на заминување персоналот од таму ни дадоа две шишиња вино...а незнам оти:p
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Не се мачи во толку големи црти да му објаснуваш, само прашај го:

Кога идеш во банка, оставаш бакшиш на шалтер?
Кога пуниш бензин, им оставаш бакшиш на вработените таму?
Кога купуваш леб и млеко у Тинекс, оставаш бакшиш на касиерки?

Па како бе мајкуму, сите овие се вработени, што се толку посебни келнериве па бакшиш да им оставаме?

Он мене услуга ко да ми напраил, што дошол и ми земал нарачка. Он е платен за тоа. А ако газдата не го плаќа доволно, тоа нека си реши со газдата, а не со рандом муштерии. :)
Вообичаена пракса, скоро низ целиот свет е да се остава бакшиш во угостителскиот сектор.
Нека си решава со газдата? Па да, во основа е така... Иако стравот од губење на работно место е поголем.
Dollars for donuts...услугата е и повеќе од добра во глобала во угостителството во РМ. Би рекол и фантастична.
По истата логика би можело да се каже “Не ти чини? Авионот и на кафе во Прага...Венеција...Амстердам...рандом дестинација...“

Удирање по самарот...:D
http://www.youtube.com/watch?v=D4BUY1fkUjY
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.662
Поени од реакции
34.108
Брату, ко ќе доеш Скопје, for real, и коа ќе влезеш во такси, и ко ќе видиш дека стартна цена му е 40, на наредно трепкање веќе цената е 42, наредно 44, наредно 46, и така дур да стигнеш од Ново Лисиче до рекорд (што е 8 минути вожња) плаќаш 200 денари, и те како ќе глеаш да не влезеш у неудобно такси со смрдлив возач што не прекинува да ти прави албанецски муабет.
И те како нема да ти биде сеедно коа ќе почнеш да даваш грдни пари.
Те боли тебе курот брат, плаќаш 30 денари кафе.
Коа ќе го плаќаш 100че, веруј брат, ќе сакаш барем да ти го донесе на време и да ти се насмее, ако ништо друго :)

Ти го разбирам муабетот дека "И вака и така брат ја ќе стигнам на местото", јасно е тоа брат, и мене не ми мења нишо драстично во проводот, и веруј не ме спречува да си поминам мед.
Али. Коа даваш 200 денари за такси во еден правец, и коа ќе влезеш у кола шо смрди, и те како почнувам да ги жалам парите што ги давам уште во истиот момент.
Истото е и со кафичиве. Коа плаќам бејлис 170 денари, и те како почиња да ме нервира коа ќе ми го донесе после 20 минути во женска чаша (Да, женски пиалок е, АМА МАШКО СУМ, МЕ ГЛЕДАШ ДРОЉО!).
Мислам дека се разбираме..
Така бе Стефи :D (морав) ние ако не се разбереме, кој? Различни услови, различни размислувања. И тоа се поштуе, ама не влегов ја во темава за постови како овој туку поназад го имаш Виктор каде ми флезе јако, ми вика лажеш не се имаш возено со такси и морон си по географија. И океј, не ми пречи како што не ми пречи напнат келнер. Потоа цел муабет ми го дедуцира на кретенски. И јас пак продолжив да го читам, дека како и што не ми пречи напнат келнер, ни ова не ми попречи, си реков постар е, има wisdom во него, можеби јас лошо гледам на работите, можеби стварно сум кретен. Но потоа.. БАМ читаш:

Да не бараш од конобар учтивост е ко да не бараш од хирург хигиена или од професор писменост. Тоа му е работа, да биде пријатен.

Ако не е тоа, тогаш нема ни потреба од него. Ќе си купиме од продавница нескафе кесичка и ќе го плеснеме во пластична чаша, вкупно трошок, дваес денари. Во кафич, кафана, ресторан, одиш и плаќаш повеќе за да се чувствуваш услужен. Плаќаш за некој да те третира убаво.
Не бе друже, работата му е ебано едноставна, остај им кафе на маса 4. Јас не одам на кафе за да се чуствувам услужен, рака на срце, не сум ни имал таква потреба, не одам за некој да ме третира убаво, пошо мене од дома ме сакаат, одам за да си напраам муабет со друштво, не дека сум жеден за кафе, ама го плаќам оти им седам таму, да не седиме на тротоар со вреќички и пластични чаши. Шо ви е следно, црнци и евреи да несмеат да ве служат? Патетично. Ја се неам напнато, дека мене ми има поента и цел седењето на кафе, а ти твојата тек треба да си ја дефинираш. Меѓуредови, ја имитирам Јуникгрл, само не толку директно со гедалајф. <3
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.662
Поени од реакции
34.108
Ама неможе така бе брат :(
Одкајзнае келнерот дека дома Виктор не го сакаат :(
Toa ти велам, одкајзнае дека не го сакаат, па да му се смешка и орасположува. Меѓудругото.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Toa ти велам, одкајзнае дека не го сакаат, па да му се смешка и орасположува. Меѓудругото.
Пеер, I'm not sayin дека келнерот за 300 денари дневница треа да биде и психолог, ама, да не приметиш дека Викторче не го сакаат дома, c'mon! Give that guy a drink and a smile!
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Еј жити се? Работа му е да е пријатен? Ај вака. Имаш еден келнер и 20 полни маси наоколу што треба да ги услужи. Нормално, ова е теоретски невозможно, па успева на ниво да услужи само дел од нив, да речеме 5. Значи, имаш 15 накурчени полни маси кои му мафтаат, довикуваат и го пцујат со поглед, а кога конечно ќе стигне до нив, му кењаат и го дупат со нарачките, онака нели, колку да му вратат. Во меѓувреме, доаѓаш ти, седнуваш и по некое време (еве и веднаш нека биде) стигнува келнерот. Ако ти не му се насмееш, како очекуваш тој да биде позитивен? Што треба, келнерот да има позитивна енергија за сите гости у кафичот? Пошто нели, повеќето имале лош ден, па тој е должен да им' го разубави. Тоа ни Исус не би можел. Затоа прво гостите треба да имаат култура на однесување, за да биде љубезен и персоналот
Е еј жити се. Ти ако си бил конобар и си собрал фрустрации, тоа не е мој проблем.

Секоја работа си има своја тежина. Ако примерот којшто ми го даде се случи, зошто би требало јас како муштерија да страдам. Што мене ме боли курац за неговиот проблем на работа?! Келнерот го боли курац тоа што јас сум го трпел шефот во моите осум работни часови? Не го боли.

Не знам каква ти е таа логика дека јас треба како гостин да имам прво култура на однесување и да бидам позитивен спрема оној на којшто му плаќам. Јас како гостин треба да бидам учтив и пристоен, ама далеку од тоа дека треба да му го разубавам денот. Ако веќе му го разубавувам денот, нема да му дадам пари на крај за ручекот што ќе ми го сервира.

На крај краева, ако е така, треба ли да влезам и во кујна на готвачите да им се насмеам по еднаш за и нив да им биде убав денот?!

karlovic напиша:
Нешто друго да те прашам?си му рекол ти на келнер“кафе замене ќе те замолам“ или да кажеш фала пред да си заминеш од ресторан?си оставил ли некогаш бакшиш?..од кога ќе ги научиш овие принципи како гостин во локал,тогаш вратисе назад во Плаза дел Торос
Гледај, во ресторан, како и на улица постои бон тон. Гостите не дигаат галама, не кршат, не се вулгарни. Во спротивно се исфрлаат од ресторанот. Бакшишот низ светот различно се третира. Некаде е пресметан во цената и тоа во различен процент од земја до земја. Во Македонија нема принцип, оставаш колку ти е мерак и ако ти е мерак.

Јас, по правило бакшиш не оставам на келнери кои не се насмеале, кои не биле пријатни, кои згрешиле нарачка, кои доцнеле, кои не ми дале добра услуга, то ест, коишто не си ја завршиле работата. Добар ден и благодарам - пријатно, ако не вика некој на келнер, тогаш тој не вика никаде. Се работи за основно домашно воспитување. А тоа, зависи од гостин до гостин. Ама, гостинот остава пари и има право да биде неписмен, лошо воспитан или глупав. Келнерот од друга страна, може да биде глупав, може да биде и неписмен, ама не може да работи како келнер ако е лошо воспитан. Тоа му е основа. Исто како што електричар, мора да се разбира од струја. Ако мисли дека го бива, ќе заврши у Бутел.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Супер се.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.662
Поени од реакции
34.108
Пеер, I'm not sayin дека келнерот за 300 денари дневница треа да биде и психолог, ама, да не приметиш дека Викторче не го сакаат дома, c'mon! Give that guy a drink and a smile!
Чекај бе, мислев уште фураме ефтин сарказам. Па брат, го напишав тоа аналогно на тоа дека Викторче седнувал на кафе за убаво да го третирале. Он плаќа за убаво третирање, ја плаќам за кафе. Он си иде со лошо расположение дома, ја со здрав муабет, кој другар која легнал.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.947
Поени од реакции
1.498
Кенлерките у кафаните се најчесто така широкогради особи со повеќе особености кои што исто како и сите си го тераат животот.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Луѓе, ако не ви се погодиле леви келнери не нè хејтајте нас.
Демек на вас што ги браните сè ви се има случено у животов, па можете со сигурност да кажете дека не се понашаат така?
Нешто што ви се нема случено на вас, не значи дека не им се случува на другите.
А да земете да си разлистате низ тоа главите, сигурно (освен нели ако глумиме хардкор и се прајме дека нишо такво не може да не нанервира) бар еднаш сте биле изнервирани од услуга во некаков локал. Не, немам право да кажам дека ви се случило ама се прајте дека не се случило само колку да отскокнете. Ама и вие немате право да ни кажувате дека ние преувеличуваме и претеруваме затоа што ниту сте присуствувале во моментите за кои збориме, а како што тврдите и самите ниту пак сте искуслие на своја кожа.
Така да, ако за нешто не знаеш како е баш баш и не можеш да даваш судови.

Мкеј?
 

NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
Е еј жити се. Ти ако си бил конобар и си собрал фрустрации, тоа не е мој проблем.

Секоја работа си има своја тежина. Ако примерот којшто ми го даде се случи, зошто би требало јас како муштерија да страдам. Што мене ме боли курац за неговиот проблем на работа?! Келнерот го боли курац тоа што јас сум го трпел шефот во моите осум работни часови? Не го боли.

Не знам каква ти е таа логика дека јас треба како гостин да имам прво култура на однесување и да бидам позитивен спрема оној на којшто му плаќам. Јас како гостин треба да бидам учтив и пристоен, ама далеку од тоа дека треба да му го разубавам денот. Ако веќе му го разубавувам денот, нема да му дадам пари на крај за ручекот што ќе ми го сервира.

На крај краева, ако е така, треба ли да влезам и во кујна на готвачите да им се насмеам по еднаш за и нив да им биде убав денот?!
Што убав пост, со ќеиф да реплицира човек.
Прво, јас не сум бил келнер, па од тука е јасно дека не сум јас тој што собрал фрустрација. Ако не сум јас, мора да е некој друг овде, некој што го трпел шефот осум работни часови, можеби?
Понатаму, неколку пати објаснив (нешто што и онака треба да е јасно) дека ти не му плаќаш на келнерот туку на газдата. Капиш? Твојот однос со келнерот се состои во тоа да порачаш, он да ти донесе. Толку. Стигнуваме до логиката. Кај виде да речам дека ТРЕБА да му се насмееш? Или да му го разубавиш денот? Не реков. Само прашав, кога ти не си должен да му се насмееш (факт), за кој кур очекуваш дека е он должен да го направи тоа?
Мојата култура на однесување е исто што и твојот став дека треба да бидеш учтив и пристоен, а не дека треба да му го разубавиш денот. Не знам кај виде разлика.
Луѓе, ако не ви се погодиле леви келнери не нè хејтајте нас.
Демек на вас што ги браните сè ви се има случено у животов, па можете со сигурност да кажете дека не се понашаат така?
Нешто што ви се нема случено на вас, не значи дека не им се случува на другите.
А да земете да си разлистате низ тоа главите, сигурно (освен нели ако глумиме хардкор и се прајме дека нишо такво не може да не нанервира) бар еднаш сте биле изнервирани од услуга во некаков локал. Не, немам право да кажам дека ви се случило ама се прајте дека не се случило само колку да отскокнете. Ама и вие немате право да ни кажувате дека ние преувеличуваме и претеруваме затоа што ниту сте присуствувале во моментите за кои збориме, а како што тврдите и самите ниту пак сте искуслие на своја кожа.
Така да, ако за нешто не знаеш како е баш баш и не можеш да даваш судови.
Мкеј?
Сега да одговорам на оној/онаа погоре што видел/а на сон дека сме лицемерни (пошто лично не не' познава), а воедно и тебе.
Лично јас, ретко идам по кафичи или било какви угостителски објекти. Самиот момент да ме служи некој ми е непријатен. Без разлика, во 90% од случаите ми се погодила лоша услуга, но сепак, секогаш кога сум имал пари сум оставил бакшиш, само заради моментот што супер сум си поминал со друштвото со кое сум бил.

За лошата услуга; ниту реков дека не се случило, ниту реков дека преувеличувате, ниту дека не ми смета. Имаме полно право за незадоволство и за критика, ама НЕ КОН КЕЛНЕРИТЕ, ТУКУ КОН ГАЗДИТЕ. Ова го тупам од прв до последен пост на темава. Најголем дел од послугата е ставена во незгодна ситуација, и не е можно поинаку да се однесува. А има и такви, кои не заслужуваат разбирање, но и во тој случај, наместо да плукате по нив, плукајте по тој што ги чува на работа. Едноставно, не се сите родени за келнери, ама тоа не ги прави помалку луѓе. Кога веќе спомнуваме непрофесионализам, да почнеме од оној на нивните ПРЕТПОСТАВЕНИ, ок?
Значи, не ние, вие хејтате, на погрешна адреса. Ај уште еден пример: Да речеме ваша другарка работи како келнерка во преполн кафич. Вие седнувате во тој локал, меѓу другото за да ја ѕирнете, да и' направите чест. Доколку нејзината услуга е лоша, дали ќе ја критикувате? Не, туку ќе се потрудите да ги разберете околностите во кои работи, затоа што ви е блиска. Епа ако може да се има разбирање за неа, зошто да нема за другите келнери?

ПС. Се извинувам за сите мои постови, на сите оние кои заборавиле што е човечност, и за кои е битен само нечиј статус. Знам дека вие немате другарки келнерки, не мислев да ве навредам. :(
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Кога посетувам некој локал, најважно ми е пијачката да не ми доцни.
Тој или таа што ќе ја донесе не ја ни погледнувам дури и да насмеан/а од уво до уво. Веројатно е некултурно од моја страна, но како посетител го очекувам кафето и водата и муабетот со тој/таа што сум дојдена на кафе.
Бидејќи знам како е да си муштерија, знам како и да си од другата страна, макар и на кратко и јасно ми е зашто некогаш келнерите не се услужливи. За да бидеш келнер и да бидеш услужлив на ниво како што очекуваат повеќето треба да учиш за тоа. Односно постои средно училиште во кое години се учи таа професија.
Повеќето газди во градов не сакаат да вработат некој кој учел за тоа, бидејќи тој некој си бара и пристојна дневница за неговиот занает. Што значи ако секој газда на локал вработува квалификуван кадар, услугата ќе му биде добра, но затоа и повисоки цени за муштериите и поголеми дневници за келнерите.
Оние маалски кафичи во кои цените за кафе се помали од оние на кеј, газдите го исцрпуваат својот вработен. Во смена за 250-300 денари, тој е шанкер, чистач, садомијач, келнер итн. Затоа не е ни чудно што менуваат келнери на секој месец, максимум два и губат муштерии.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Не обрнувам многу внимание но е релативно тешка неплатена професија која ја работат во главно млади луѓе па оставам некој бакшиш освен ако не е некоја катастрофална услуга.
Лично не ме нервира да почекам малку порачката(имам видено ликови кој го малтретираат келнерот на секој две минути до каде е порачката, а откако ќе ја испијат седат уште два часа на масата со тема на разговор зошто порачката не е донесена на време цца 5 минути, навистина не можам да ја разберам поентата), не можам да смислам нечисти чаши и ептен некултурно однесување од келнер од страна на услуга.
Во Македонија релативно солидни се келнериве низ локаливе, во рестораните уште подобра, па немам некоја посебна замерка.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Сега да одговорам на оној/онаа погоре што видел/а на сон дека сме лицемерни (пошто лично не не' познава), а воедно и тебе.
Лично јас, ретко идам по кафичи или било какви угостителски објекти. Самиот момент да ме служи некој ми е непријатен. Без разлика, во 90% од случаите ми се погодила лоша услуга, но сепак, секогаш кога сум имал пари сум оставил бакшиш, само заради моментот што супер сум си поминал со друштвото со кое сум бил.

За лошата услуга; ниту реков дека не се случило, ниту реков дека преувеличувате, ниту дека не ми смета. Имаме полно право за незадоволство и за критика, ама НЕ КОН КЕЛНЕРИТЕ, ТУКУ КОН ГАЗДИТЕ. Ова го тупам од прв до последен пост на темава. Најголем дел од послугата е ставена во незгодна ситуација, и не е можно поинаку да се однесува. А има и такви, кои не заслужуваат разбирање, но и во тој случај, наместо да плукате по нив, плукајте по тој што ги чува на работа. Едноставно, не се сите родени за келнери, ама тоа не ги прави помалку луѓе. Кога веќе спомнуваме непрофесионализам, да почнеме од оној на нивните ПРЕТПОСТАВЕНИ, ок?
Значи, не ние, вие хејтате, на погрешна адреса. Ај уште еден пример: Да речеме ваша другарка работи како келнерка во преполн кафич. Вие седнувате во тој локал, меѓу другото за да ја ѕирнете, да и' направите чест. Доколку нејзината услуга е лоша, дали ќе ја критикувате? Не, туку ќе се потрудите да ги разберете околностите во кои работи, затоа што ви е блиска. Епа ако може да се има разбирање за неа, зошто да нема за другите келнери?

ПС. Се извинувам за сите мои постови, на сите оние кои заборавиле што е човечност, и за кои е битен само нечиј статус. Знам дека вие немате другарки келнерки, не мислев да ве навредам. :(
Таа погоре ме познава мене ич да не се секираш.
Е ти па ќе ми кажеш мене кој да ме нервира. Не доаѓа мене газдата на маса да ми е испонаша, туку келнерот. Причините за ’расположението’ на келнерот знаеш колку ми се битни? Воопшто. Како што и на него/неа не им е битно дали мене ми е пријатно што се понашаат така или не.
За однесувањето секој може да избере какво однесување ќе има кон луѓето, без разлика на околностите. И престанете да ни наметнувате реченици. НИКОЈ не спомна дека се помалку луѓе или дека се помалку вредни.
Другарка работи како келнерка во кафич и има преубав однос со сите муштерии. Е сега да земеме условни ситуации каде она ќе работи, па ќе има лоша услуга, па ние ќе ја критикуваме е мноооогу глупаво од причина што ситуацијата вооппшто и не се случила. Зошто тогаш би ја разгледувале?
На крај секој сам си ја бира работата. И тука немојте да идете со она дека младите имаат потреба од средства, а немаат избор. Ако веќе немаат избор, бар тоа што го работат нека го работат како што треба.

А за пс-от твој не знам дали има коментар. Не збори за човечност за луѓе кои не ги познаваш и не збори за статуси и нивната важност за луѓе со кои си разменил само 4-5 поста. Не за друго, немаш право од причина што за тебе и јас и сите други кои го делат моето мислење (освен со некој ако не се познаваш) се сосема нови личности за кои не знаеш ништо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom