Келнерите низ локалите

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување
omg не се соласуваш.. не сум ти следбеник веќе, овај философија, овај следач!

Па да, барем неколку пати кога сум бил во скопyeah да, не сум бирал кола. Дури со две врати се имам возено, каде шоферот мора да стане за да влезеш, ама ќе ми речеш хејтам. Ми дошол и таков келнер кој не е достоен за работата пошо не ја врши од љубов, јас пак си го испив кафето, пак си направив муабет со друштво, пак ми продолжи животот. Ова као, парите ионака ги даваш, уживај во малите нешта/задоволства? Не ве капирам.

Јас од келнер сакам: -Здраво.
Здраво, сок.

10мин, *стига сокот*. Го пијам.

Вие тоа што го посакувате мене ми е деградирачко, не се осеќам убаво кога ми иде келнер здраво што ќе се напиете ово оно, уште неседнат носи сокот, го отвара ми полни пола чаша и слично. Мада вака преферираат веќе сите газди. Овде ретко иам налетено на изнервирани од билокојапричина. Иако работат за 300 денари, во неколку кафичи низ центар и се посрани од работа, кафето е 40, сокот 50, пивата/криглите 70 и обично нема бакшиш. Келнер еи..

Е да си ми жив и здрав за муабетов. Шо ќе се напиеш?..:)
 
Иииииии види види!Не сум знаел дека послатко е кафето ако е насмеан/а келнерот/келнерката.А шо барате на кафе,за муабетот,да се видите со друштво или да ви е интересен персоналот на кафетеријата?Ако е за последново имат и циркузи и театри....па таму ќе е интересно :)
 
Успешен бизнисмен е оној каде "сите чекаат на ред" да стасаат до неговите производи и услуги.
А успешен бизнисмен е и паметен бизнисмен шо не вработува секаков кадар, туку квалификуван кадар.

А како знае успешен бизнисмен што е квалификуван кадар ? Затоа што и он почнал од нула и сфатил некои работи како се работат и како не се работат и може многу добро да процени дали некој го бива за оваа работа или не.
Значи, кафиќите кои се држени од бизнисмени кои порано биле келнери ќе добиеш услуга на ниво

И сигурно услугата во било кој кафиќ не е подолна од
 
У принцип избегавам подолг контакт со келнерите, чисто само нарачка и толку. Ако нешто не ми е погодено искрено ми е страв да се побунам, пошто мислам дека ќе ми плукне во пијалакот :unsure:
 
А како знае успешен бизнисмен што е квалификуван кадар ?
Сериозен си за ова?

Било кој раководител или шеф од најниско ниво на менаџмент може веднаш да знае кој е квалификуван кадар.

Не мора ни да си на воопшто на менаџерска позиција во фирма за да знаеш кој е квалификуван. Кога ќе ти донесат колега, тоа се гледа уште на првиот ден.
 
omg не се соласуваш.. не сум ти следбеник веќе, овај философија, овај следач!

Па да, барем неколку пати кога сум бил во скопyeah да, не сум бирал кола. Дури со две врати се имам возено, каде шоферот мора да стане за да влезеш, ама ќе ми речеш хејтам. Ми дошол и таков келнер кој не е достоен за работата пошо не ја врши од љубов, јас пак си го испив кафето, пак си направив муабет со друштво, пак ми продолжи животот. Ова као, парите ионака ги даваш, уживај во малите нешта/задоволства? Не ве капирам.

Јас од келнер сакам: -Здраво.
Здраво, сок.

10мин, *стига сокот*. Го пијам.

Вие тоа што го посакувате мене ми е деградирачко, не се осеќам убаво кога ми иде келнер здраво што ќе се напиете ово оно, уште неседнат носи сокот, го отвара ми полни пола чаша и слично. Мада вака преферираат веќе сите газди. Овде ретко иам налетено на изнервирани од билокојапричина. Иако работат за 300 денари, во неколку кафичи низ центар и се посрани од работа, кафето е 40, сокот 50, пивата/криглите 70 и обично нема бакшиш. Келнер еи..
Кај си влегол у такси у Скопје со две врати?!? Можда и на Широк сокак си пиел кафе кога си бил во Скопје. :tapp:

Муабетот ти е кретенски. Тоа што тебе не те боли каков конобар или таксист имаш, е супер работа, пошто никој нема да те изнервира, али реално, секоја работа си има своја тежина. Во конобарството, тоа е насмевката. Да не бараш од конобар учтивост е ко да не бараш од хирург хигиена или од професор писменост. Тоа му е работа, да биде пријатен.

Ако не е тоа, тогаш нема ни потреба од него. Ќе си купиме од продавница нескафе кесичка и ќе го плеснеме во пластична чаша, вкупно трошок, дваес денари. Во кафич, кафана, ресторан, одиш и плаќаш повеќе за да се чувствуваш услужен. Плаќаш за некој да те третира убаво. Нормално, најголемиот дел од нас, ако не бидеме третирани добро, повеќе не одиме таму.
 
Иииииии види види!Не сум знаел дека послатко е кафето ако е насмеан/а келнерот/келнерката.А шо барате на кафе,за муабетот,да се видите со друштво или да ви е интересен персоналот на кафетеријата?Ако е за последново имат и циркузи и театри....па таму ќе е интересно :)
Не сакам јас келнерите мене да ми прават да ми биде интересно, туку сакам ко ќе нарачам нешто да го донесе тоа и да го остави на маса онака пристојно, а не да земе од трети да ми го фрли.
Има разлика од тоа некој да е интересен, до тоа некој да е учтив и да си е достоен на функцијата.

Да не ме разберете погрешно, има и доста келнери кои и те како си ја вршат одлично работата, пријатни се, услужливи, не се нападни, не убиваат со поглед ако не им се погодил сексот претходната вечер и тн.
Меѓутоа сè повеќе ги има и овие поради кои и ја отворив темава.
И кога веќе спомна одење во театри. Замисли како ќе ти биде идеш да гледаш претстава и глумците онака безволно глумат, се туфкаат... Нема да речеш тој и тој не го бива, лош глумец е?
 
Кај си влегол у такси у Скопје со две врати?!? Можда и на Широк сокак си пиел кафе кога си бил во Скопје. :tapp:

Муабетот ти е кретенски. Тоа што тебе не те боли каков конобар или таксист имаш, е супер работа, пошто никој нема да те изнервира, али реално, секоја работа си има своја тежина. Во конобарството, тоа е насмевката. Да не бараш од конобар учтивост е ко да не бараш од хирург хигиена или од професор писменост. Тоа му е работа, да биде пријатен.

Ако не е тоа, тогаш нема ни потреба од него. Ќе си купиме од продавница нескафе кесичка и ќе го плеснеме во пластична чаша, вкупно трошок, дваес денари. Во кафич, кафана, ресторан, одиш и плаќаш повеќе за да се чувствуваш услужен. Плаќаш за некој да те третира убаво. Нормално, најголемиот дел од нас, ако не бидеме третирани добро, повеќе не одиме таму.
Еј жити се? Работа му е да е пријатен? Ај вака. Имаш еден келнер и 20 полни маси наоколу што треба да ги услужи. Нормално, ова е теоретски невозможно, па успева на ниво да услужи само дел од нив, да речеме 5. Значи, имаш 15 накурчени полни маси кои му мафтаат, довикуваат и го пцујат со поглед, а кога конечно ќе стигне до нив, му кењаат и го дупат со нарачките, онака нели, колку да му вратат. Во меѓувреме, доаѓаш ти, седнуваш и по некое време (еве и веднаш нека биде) стигнува келнерот. Ако ти не му се насмееш, како очекуваш тој да биде позитивен? Што треба, келнерот да има позитивна енергија за сите гости у кафичот? Пошто нели, повеќето имале лош ден, па тој е должен да им' го разубави. Тоа ни Исус не би можел. Затоа прво гостите треба да имаат култура на однесување, за да биде љубезен и персоналот.

И кога веќе спомна одење во театри. Замисли како ќе ти биде идеш да гледаш претстава и глумците онака безволно глумат, се туфкаат... Нема да речеш тој и тој не го бива, лош глумец е?
Знаеш дека не е исто театар и кафич, така? Театар постои за да те забавува, за тоа плаќаш. Во кафич плаќаш да те служат, тоа и го прават. Дали се смеат или не, небитно.
 
Плаќаш услуга која треба да биде ефикасна и на ниво. И не е служење да дојдам и да ти фрлам ствари на маса (буквално). Служење е да дојде да го остави порачаното на маса како што доликува. Не сум јас, а ниту никој друг куче за така да се понашаат одредени келнери.
 
тебе сегде така те третираат кај шо ќе стапинш во кафана??..оти онака исфрустриран дечко ми изгледаш.
Кај тоа бе фрлаат нарачки по масите жити се....
 
тебе сегде така те третираат кај шо ќе стапинш во кафана??..оти онака исфристриран(кафанско-келнерска фрустрација) дечко ми изгледаш.
Кај тоа бе фрлаат нарачки по масите жити се....
Слободно отиди во Плаза дел Торос и имај среќа да ти се погоди еден келнер 24/7/365 што е напет. Не знам како незадоволните потрошувачи се исфрустрирани, кога имаме пред cè исфрустрирани угостители.

И реков јас погоре, има места каде професионализмот си е навистина на ниво... Меџутим...
 
види, исклучоци секаде постојат....
 
Слободно отиди во Плаза дел Торос и имај среќа да ти се погоди еден келнер 24/7/365 што е напет. Не знам како незадоволните потрошувачи се исфрустрирани, кога имаме пред cè исфрустрирани угостители.

И реков јас погоре, има места каде професионализмот си е навистина на ниво... Меџутим...
Ама ти треба да го заборавиш тоа Плаза дел торос ако веќе не си добродојден таму..оди си во локали каде што мислиш дека ќе бидеш услужен прописно(ако веќе ти е до услугата)

Нешто друго да те прашам?си му рекол ти на келнер“кафе замене ќе те замолам“ или да кажеш фала пред да си заминеш од ресторан?си оставил ли некогаш бакшиш?..од кога ќе ги научиш овие принципи како гостин во локал,тогаш вратисе назад во Плаза дел Торос;)
 
ХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХА ме заебаваш?! -.-
Од никаде најде за право да кажеш дека јас ова не го применувам. Сите што биле некогаш на кафе со мене од форумов можат комотно да ти кажат која култура јас ја имам кога седнувам во кафичи. И верувај тој келнер е надалеку познат по својата култура.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom