- Член од
- 8 ноември 2008
- Мислења
- 2.172
- Поени од реакции
- 1.266
Е сега, види вака...Поради фактот дека не се споменуват македонците и мора да не веруваме на светските професори и нивните трудове? Па ако видиш 99% от книгите во 19 век ти треба да упиштиш варталака. Истата работа и во средновековието, дали хронистите незнаели?! Многу добро си го поставуваш прашането каде са Македонците. Тука прво проучи, анализираj, па се отговори сам.Уште поголемото прашане което е убаво да си поставиш, откаj са дошли.
Кога станува прашане за словените:
(1)Словените са група от многу мали племинja, а за нивните характеристики - писано, писано, колкото сакаш. (2) Писано и за нивната митологиja, писано и за нивните обреди, писано и за начинот им на воуване, писано и како изгледат. Това не са ли ти доволно како характеристики?
(3) Попис както веке ви кажав, не е спроведен во това време, за жал. Масата е неграмотна, уште повеке многу е сомнително до колко во масата е имало чувство за припадност ком некоj народ.Предимно jaзикот е определуваштиот фактор за чувствуване дел от таа заедница или не.
Еве имаме човек, коjто веке верува во светската конспирациja и сите против него работат и специално македонците избришали от трудовете си. Ако можат да манипулират книга, (4) то тежко да манипулират архиологиja, коja един от основните столбове за потврдуване или отфрлуване на една или друга теза.
Второ црвено - втора светска конспирациja против македонците. (5) За разлика от днес ,во ониja времинja лугето са били поморални и са имали повеке страв.
Фактот дека са заминали от целиот Балкан многу документи(един дел са уништени, друг дел са ва музеи во западни држави или Русиja) (6) Това не променja ништо. Ние не можем да градиме хипотези врз база на ништото. Ние не можем да гадаем што имало во библиотеката во Александриja, па от тази загадка да правиме тези. Светот се базира на това што го има како писмени докази и археологиja главно.
--- надополнето: 17 декември 2011 во 02:50 ---
На това прашане ви е отговарано неколко пати, но вие упорно го поставувате пак и пак и пак и....
1. Ако се Словените група од мали племиња, како тоа се “населиле“ (како што пропагираат сите, значи - се населиле) на толку огромен простор? Енормно се множеле? Другите се занимавале со наука наместо со секс па немале време за размножување и се множеле само “Словените“?
2. Врз база на што е пишувано за митологијата (на сите словени?), за нивните обреди, за начинот на војување и нивниот изглед? Всушност по што се разликува нивниот изглед и сето наброено од другите племиња во тоа време (Германите на пр.)? Пишувано е велиш? Кога е пишувано, но како за засебен народ? Во 19 век? Археолошки наоди карактеристични за таа засебна група народи (барем на територијата на Балканот) - нема.
Знаеш, пишувано е и за Клингонците, за нивните обичаи, изглед, начин на војување, морални кодекси, дури има и засебен Клингонски јазик. Но тоа не значи дека тие постојат! Ако сака некој да верува во нив, тоа си е негова работа, но не сакам некој мене да ме убедува во тоа дека Клингонци постојат. Според тоа, верувај си ти во Клингонци, пардон, Словени, ама мене нема да ме убедиш...
3. Попис не бил правен??? А што е она што го пишува во Библијата? (кога родителите на Исус оделе да се попишат - пребројат). Пописи имало од кога постои организиран живот во населби и држави. Како инаку Македонските цареви на пример организирале регрутација за своите походи? ( а дека постоела регрутација постојат сведоштва). Како го собирале својот данок? (и тоа не само Македонците, тоа го правеле сите организирани држави). Дури, јас би рекол дека и записите од карпестата уметност се своевиден попис на населението во блиската населба. Со крвчињата се одбележувани куќите со машко потомство (во полна машка сила), а со поголемите, куќата на главатарот на населбата или свештеникот. Но, тоа да го оставиме во доменот на шпекулации... Да се вратиме на темата.
4. Со се може да се манипулира, па така може и со Археологијата (во тоа вие, Србите и Грците сте вистински мајстори) . Она кое што ми одговара ќе го прикажам, а она кое не ми одговара ќе го сокријам или уништам, дури, менувани се некои пасуси од записите, додавани се некои зборови кои ги немало, бришани се оние кои ги имало, кршени се плочи со запис на местото на незгодните реченици, закопувани се артефакти (преместувани се од едно на друго место, или целосни фалсификати се закопувани) со цел да се откопаат и да се “откријат“ за научната јавност, “извртувани“ се оние записи и “незгодни“ факти, кои веќе биле отпорано откриени и прикажувани се во сосема ново светло и т.н. Денес со оваа просветеност и транспарентност е малку потешко тоа да се прави, но сепак се прави и денес, но пред стотина години тоа било многу полесно....
5. Луѓето некогаш биле поморални?!?!?! Имале повеќе страв?!? Не вреди да одговарам на ова, но сепак ќе те потсетам на сите војни и колежи, на ропството во САД, колониите, уништувањето на цели цивилизации на Новите Континенти, сексуалните изживувања со робинките во Америка, горењето на клади на списите од домородците во Латинска Америка, неморалот на благородниците (поготово на францускиот, но и сите други дворови), широко раширената проституција, убиства, меѓусебните измами за пари (одземање на имот со прелага, фалсификат, принуда) и разбојништва... Доволно е?
И - велиш имале страв?! Од кого? Од Бога? Најголемите злосторства се направени токму во негово име...
6. Токму тоа. Списите се крадени од Балканот (Македонија - затоа што не сум запознаен дека од другите територии е одземано нешто - освен кражбите во поново време) за да немаме ништо и за да не можеме да си ја “закрпиме“ нашата Историја и не е точно дека не променува ништо - самиот си одговори на прашањето : -не можеш да градиш хипотеза на ништото, затоа што “нештото“ е одамна уништено или скриено, а тоа била и целта...