Овие современи “извори“ ги имаат наброено сите “народи“ во тоа време (иако скоро сите тие не се народи, туку, така да ги наречам “подгрупи“ на еден народ), но никаде не се споменуваат Македонци! Каде се Македонците? Се изгубија некаде под земи, испарија ли, испоумреа од некоја мистериозна болест? Во списите од тоа време се спомнуваат Македонци (дури и на надргобните споменици) - а потоа наеднаш во современите списи ги нема?! “Ромеи“ е државјанство - не е нација! Ако е народ, тогаш - кои се етничките карактеристики на тој народ? Словени - исто! Ако се Словените народ - кои се па нивните етнички карактеристики?
А и во совремието не можеш да најдеш многу државни списи каде што некој државник (или крал на повеќенационална држава) се декларира како припадник на некоја одредена нација. Па така некој е државник или претстедател на Советскиот сојуз (иако “Совети“ не се нација), а ретко се споменува неговата национална припадност, истото важи и за некогашната Југославија, Либија, Британија и т.н.
Едноставно секој што бил на власт (или само жител-слободен граѓанин) во Римското царство за сите државни институции и сите записи бил Римјанин. Ако некој сакал да се декларира (или тоа било потребно од одредени причини) како припадник на некој посебен народ - тогаш се забележувала неговата припадност. Исто и за Византијската управа (која не се заморувала многу со тоа кој е кој) сите кои биле под власт на Бугарскиот Хан, биле едноставно - Бугари.
Сите овие современи извори и научни трудови се правени (и финансирани) од една иста цел - да се одржува политичката конструкција на своевремените големи сили која е на климави нозе и мора постојано да се потхранува со фантастични историски измислици кои, морам да признам, од прв поглед изгледаат совршено издржани (и поткрепени со “историски аргументи“). Такво нешто се правело со Библијата (во која се проколнуваат сите кои ќе променат макар и една буква од неа) во која се внесени само прифатливите Евангелија и други верски списи, а сите други кои не се “подобни“ се уништени и анатемисани, па доколку постои некој апокрифен запис тој е пронајден во некои крипти при археолошките испитувања и припаѓал на некоја Христијанска секта и по некоја случајност се зачувал, за да послужи како сведоштво за чудовишната манипулација со луѓето... Кога тоа се правело со Библијата, зошто да не се прави и со записите за Македонците и Македонија - неподобните се уништувани или сокривани (или ако не може ни едното ни другото да се направи - се исмевани како аргументи), а на виделина се вадени само подобните. Истите се раздробени, проучувани, проширувани со толкувања, научни трудови, дури и белетристика (која во недостаток на подобро, некогаш се користи како “историски“ аргумент). Но тоа е само едната страна. Лицето не е само еден образ, има и друг. Историјата не е само она што се нуди како аргумент, таа е повеќе она што е сокриено. Интересно е како тоа успеале да се сочуваат овие “историски“ документи, а пропаднале толку многу. Изгорела Александриската Библиотека, “изгореле“ многу други списи и Библиотеки, голем дел завршил незнам каде (само од манастрирот Пресвета Богородица на Трескавец се изнесени неброени товари на книги и списи - наводно во Русија, многу списи, археолошки предмети, се завршени во Белград и Софија, а Грците пак, не најдоа никаков запис во нивните археолошки “закопувања“ (ја закопуваат нашата историја) ), а останале само оние кои упорно ни ги поттурате под нос?!? Дури ни тие не можат потполно да го издржат логичкиот суд...