- Член од
- 30 ноември 2013
- Мислења
- 2.162
- Поени од реакции
- 4.709
Не е научна фантастика да кажеш дека Лех лагано ќе го пројде Пелистер на кого главно засилување им беше Оливер Пеев, нормално дека некој што навива за Пелистер ќе се понадева на чудо и нема да се предаде од старт, ама сите што пратат фудбал знаеа кои се силите и можностите. Вардар ова лето е подобар од било кога, а Малме е послаб противник од сите овие екипи кои ни беа противници, сите овие екипи играа групи ЛШ сезоните кога го елиминираа Вардар. И како за разлика, Динамо вредеше скоро 50 милиони на трансфермаркет, и баш затоа сите те убедуваа дека тие 18 на Малме не се ништо во споредба со 8-9 колку што е вредноста на Вардар, поготово што голем дел од играчите на Вардар имаат далеку пониска вредност ради самата лига во која играат, а прав пример за тоа е Фелипе, со самото преминување од ЦСКА Софија во Вардар вредноста му падна од 1,7 милиони на 700 илјади, сигурно не заборави магично да игра фудбал со тоа што премина во Вардар, а јас би рекол дека сега дури е и подобар од тоа што беше и има повеќе напреднато, па сеа ти види. Респектабилен сајт е трансфермаркет и све тоа, ама ти да засноваш мислење само според вредноста на трансфермаркт е огромна глупост, и тоа е она за кое сите ти рипнаа, а еве и Вардар ти покажа зашто. Друг проблем е самиот твој пристап на изјаснување на мислење, не може во фан клуб на Вардар да искочиш со став „што ви е на вас, немате шанси Малме вреди 10 милиони повеќе на трансфермаркт“, да го напоменеш тоа во поблага верзија многу ќе се сложеа дека Малме е фаворит и дека е на хартија посилен противникПа 90% излегуваат баш така....тоа не е трескање глупости туку реалност..и за Шкендија напишав дека ќе му ја дупни глата на ХЈК и тоа не беше фаворит туку беше натпревар 50-50 и според некои стручњаци ХЈК биле појаки...Вардар досега пред Малмо играше со Стеауа,Апоел,Динамо З и Бате Борисов..сите екипи беа фаворити,имаа поскапи играчи и земаа поголема плата..оти тогаш Вардар не помина?..ете еднаш од пет пати ќе се погодат околностите(илјада промашени шанси на Малмо на првиот натпревар каде имаа тотална доминација) и ќе поминат..затоа фудбалот е интересен.
А точен резултат да погодиш и тоа како е страшно иако некои фанови на Пелистер беа во заблуда дека парите не играат улога