Касно се приклучувам во темата, се надевам и нови примате тука
Ќе направам едно "кратко" резиме за сите мои прочитани книги од јануари наваму. Да напоменам, некои од моите прочитани книги се и лектири.
1. "Психологија на емоциите" - Теодул Рибо
Мојата прва прочитана книга годинава. Според насловот очекував многу повеќе, тотално разочарување беше според мене. Реченици и реченици нафрлани само така, кои за мене барем немаа никакво значење. Не ја препорачувам.
2. "Ромео и Јулија" - Вилијам Шекспир
Ја читав верзијата, то ест препевот на Драги Михајловски. Лесно читливо. Други верзии немам читано, имам слушано дека оваа верзија е најдобар превод. Ја препорачувам. Нема потреба да објаснувам за што е приказната, мислам секој човек од општа култура знае.
3. "Romeo and Juliet" William Shakespeare
Од љубопитност, веднаш штом го прочитав преводот на македонски, посакав чисто да споредам со оргиналот, то ест англиското. Тежок стил на пишување, можеби бидејќи не ми е мајчин јазик, можеби затоа што и самиот стил на пишување на Шекспир е тежок.
4. "Евгениј Онегин" - Александар Сергеевич Пушкин
Лектира ми беше. Руска литература. Тежок стил на пишување, но вреди да се прочита. Млада девојка се заљубува во постар момак. Јаде корпа од него. Години подоцна се сретнуваат кога таа е веќе мажена. Напишана во облик на песни
5. "Measure for measure" - William Shakespeare
Уште една книга што ја прочитав од Шекспир. За што се збореше точно, заборавив од што ми беше предосадна. Дали би ја препорачала на некој да ја прочита? Ако ви се допаѓа англиското тешкото на Шекспир, само напред
6. "Чичко Горио" - Оноре де Балзак
Балзак е француски писател, француска литература. Стигнав и до поинтересни книги од оваа. Темата е за поранешен богаташ, кој е отфрлен од општеството и од неговите ќерки. Не е книга што се чита за кратко време, скромни 300 и кусур страници.
7. "Страданијата на младиот Вертер" - Јохан Волфанг Гете
Ова ми беше уште една лектира. Се работи за невозвратена љубов. Напишана во облик на писма. Интересна и лесно читлива, речено се чита во еден здив, 100 и нешто страници.
8. "Смртта на Иван Илич" - Лав Николаевич Толстој
Руски класик, му го препорачувам на секого да го прочита. И не, нема 1000 страни, прилично е кратка. Се прашувам дали воопште беше 100 страници. Во секој случај топ за читање
9. "Печалбари" - Антон Панов
Не се ни сеќавам за што се збореше во книгава, то ест во драмава. А штом не се сеќавам, значи не била којзнае што.
10. "Гарванот" - Едгар Алан По
Да не повторувам, истово важи како и за ова погоре, само за разлика ова беше поезија.
11. "Чорбаџи Теодос" - Васил Иљоски
Исто како и двеве погоре.
12. "Раскази" - Николај Василевич Гогољ
Хумор во обид. Ништо посебно. Само дека ми беше лектира ја дочитав.
13. "Злосторство и Казна" - Фјодор Мијалович Достоевски
Имам да кажам едно нешто, а тоа е... пре-у-ба-ва книга... Предобар стил на пишување. Очекував да биде тешка, јер нели руска литература. Скоро 700 и нешто страни прочитани за помалку од недела. Се работи за тоа како еден студен по име Раскољников убива некоја си баба-лихварка и нејзината сестра. Злосторството е убиството, а казната - грижата на совест. Ја препорачувам топло од срце, заслужува да се прочита.
14. "Ревизор" - Николај Василевич Гогољ
Уште едно дело од Гогољ. Непопуларно мислење, но има и подобри напишани книга. Онака ми беше за читање. Него многу се изнервирав само кога ја читав книгата некои страни не беа отпечатени, по тоа ја памтам.
15. "You and me on vacation" - Emily Henry
Сакав да сменам нешто на англиско, а да не биде класик. Ова е нешто од поновиве романчиња. Супер за опуштање. Лековерна приказна... или би рекла префилмска, from friends to lovers. Не е лошо ако ве привлекуваат вакви романтични новелчиња, од поновиве.
16. "Birthright" - Nora Roberts
Ме изненади стилот на пишување. Иако беше 500 страници, ја прочитав за недела дена. Значи лесно читлива. Се работи за посвоено девојче, кое си ги бара биолошките родители. Ја препорачувам, топ за читање
17. "Night Shield" - Nora Roberts
Уште една книга од Нора Робертс. Приказната штом ја заборавив, значи не била нешто посебно. И двете нејзини книги што ги прочитав до сега, сакам да ги споредам со гледање на амерички Божиќни филмови. Плитки, чести приказни, ама интересни за гледање, во овој случај за читање.
18. "Wuthering Heights" - Emily Brontë
Јас ако разбрав од книгава нешто... Во секој случај англиска литература од 18, 19 век е тешка за читање. Готски роман, кај нас ќе ја препознаете и како "Оркански височини"
19. "It happened one summer" - Tessa Bailey
Ист тип на книга, како и мојата 15-та по ред прочитана книга. Од новите новлечиња. Ја шитнува дечкото, и си наоѓа нов нели за време на лето
20. "Вероника реши да умре" - Пауло Коелјо
Од одма да кажам, предобро нешто. Една од моите најомилени книги, секој човек мора барем еднаш да ја прочита. Темата е за 24 годишна девојка која решава да се самоубие, но некој во последен момент ја спасува. Поголемиот дел од книгата таа се наоѓа во душевна болница. Психолшка и филозофска книга, бомба стил на пишување, како да кажам, се чита во еден здив...
21. "Читачот" - Бернхард Шлинк
Има и филм, ако сте го гледале. Со Кејт Винслет како мањачи малолетник
Во секој случај предобар стил на пишување. Книга што се чита во еден здив. Скоро 200 страници е, но ја имам прочитано во еден ден. Ја препорачувам топло
22. "Алхемичарот" - Пауло Коелјо
Уште една книга од Коелјо прочитана. Темата е за момче, или како што беше пишано во книгата, момчак што ќе сони сон и ќе тргне да бара богатство во Египет, ако не се лажам. Коелјо стандард, лесен стил на пишување. Ако имате вишок слободно време, супер книга.
23. "Недоразбирање" -Албер Ками
Лесен стил на пишување. Кратка книга и лесно читлива. Темата е за како мајка (со помош на ќерката) ќе убијат човек, не знаејќи дека тоа е всушност нејзиниот син. Целта е да го ограбат, но отпосле дознаваат што всушност направиле.
24. "Ангелот чувар"
25. "Захир"
26. "Ракописот од Акра"
Сите се од Пауло Коелјо. Ги споив заедно и заедно ќе ги прокоментирам оти не се сеќавам што беше приказната за ниедна од нив, значи не ми оставиле којзнае каков впечаток. Онака ми беа сите три, освен што ги прочитав брзо, на ништо друго не се сеќавам.
27. "Ребека"- Дафне ди Морие
Едно класик и ремек дело
Вреди премногу да се прочита, иако не е книга што се чита за брзо. 400 и кусур страници. Готски роман, претпоставувам. Млада девојка се мажи за вдовец, дупло постар од нејзе. Ребека е името на бившата жена, нејзиното во ниедна реченица не беше спомнато. Таа ќе се омажи во Мендерлеј, и ќе живее во сенката на Ребека. Во чувство како да е омразена од скоро сите, не разбирајќи зошто. При крајот книгата станува многу многу интересна. Една топла препорака од мене.
28. "Шпионка" - Пауло Коелјо
Веќе не знам ни која книга по ред од Пауло Коелјо ми е ова. За животот на танчерка, Хари Мата Хати. Ништо посебно не беше, од одма да кажам.
29. "Сонот на летната ноќ" - Вилијам Шекспир
Ова ми беше лектира во прва или втора година, но не ја прочитав. Сега случајно ја најдов дома, роварејќи. Океј книга, супер превод. Доста кратка, помалку од 100 страници
30. "Улица" - Славко Јаневски
Ја прочитав само оти беше лектира. Ништо посебно не ми е.
А моментално ја читам " Играта со стаклени мониста" од Херман Хесе. Напната филозофска книга, скоро до пола сум стигната.