Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.980
Пред извесен период налетав на тема за потребата на овие предизвици, имаше позитивни, негативни, но и неутрални ставови. Некои го гледаа како натпревар, некои како мотив за читање, а некои како извикување за своевидна начитаност на членот. За мене е само класична систематизација за прочитаното. Читањето, за мене, е хоби, но сакам да читам реценизии, сакам да читам импресии, сакам да читам и препораки. Најголемиот дел од книгите, и онака, ни се распрскани низ темите на овој подфорум, за препораки, што се чита во моментов или кога се коментира одредена книга. 
Правилата се едноставни, треба да се наведе редниот број на прочитаната книга, насловот на книгата, авторот на книгата (по можност и издавачката куќа, ако книгата е преведена на македонски јазик, во случај ако некој добие желба да си ја набави) и неколку реченици за книгата, дали тоа ќе биде кратка рецензија или некоја импресија, си останува на самиот член.
Како изминатата, така и оваа година, ќе го прифатам mеdium предизвикот (31-40 книги), во просек околу 3 книги месечно.
Анкетата оваа година ќе биде отворена нешто подолго, до 01.12.2023, а предизвикот ќе трае до 31.12.2023 кога ќе се завршат листите.
Секако, ако некој досега ги нема, а сака да ги (до)заврши листите од изминатата година, ќе го замолам тоа да го направи до крајот на овој месец.
Пријатно читање!