Кајганџиски книжевен предизвик за 2023 година

Колку книги сметате дека можете да прочитате во 2023?


  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.452
Поени од реакции
13.581
#3. The C Word - Lisa Lynch
318pgs.

Книга во која Лиза, жена на 28 години опишува како ја преживеала битката со ракот на дојка. Книга што секој мора да ја прочита и да ја разбере битката (или пак да се подготви?) со оваа непријатна појава.

4,5/5
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.385
Поени од реакции
3.395
9. Папокот на светот од Венко Андоновски
Дали имав големи очекувања па се разочарав или ништо не разбрав...
се чувствувам како да читав две различни книга, очигледно треба да ја препочитам само не знам кога ќе се решам
10. Бедни луѓе - Достоевски
Еднаш кажав дека од ѓурѓа нема да купам никогаш повеќе книга затоа што ми се распарталуваат цели ама наидов на ова малово книгиче по страни но не и на содржина и не се покајав. Достоевски ме врати во 3та и 4та година средно кога имавме обработка на 14 дела во една учебна година и на професорица Елизабета :love:
Приказна раскажана во серија писма меѓу ликовите. Се прикажува животот на сиромашните луѓе, нивниот однос со богатите луѓе, општествената нерамноправност. Колку малку е потребно да стоплиш нечие срце.
„Не мисли само на себе и не живеј само за себе!
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
3. Авантурите на Арсен Лупен - Морис Леблан

Уредникот на весникот каде Морис објавувал раскази, му наложил да напише детективски приказни. Така се раѓа ликот на Арсен Лупен кој е Шерлок Холмс, но во светот на крадците. Крадец џентлмен кој не остава трага и не може да биде фатен.

Многу интересни и добро смислени раскази, на моменти ме потсети на Ocean's Eleven.

Му дадов оценка 4/5 дека на некои раскази ми фалеа уште малку детали за да бидат топ. Ама тоа е мое субјективно мислење, топло препорачувам да ги прочита тој што ужива во crime/heist приказни.
20230304_185832.jpg
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.385
Поени од реакции
3.395
11. Медитации од Марко Аурелиј

Да си спомнам сега уште еден професор од средно. Неодамна почина, лесна му земја, Љупчо по философија.
Кога ќе се сетам колку фасцинантно раскажуваше за стоицизмот што ме ''натера'' оттогаш повеќе да се интересирам. Па развивање дискусии, дебати за философски правци...
Секој треба да ја прочита минимум еднаш книгава во својот живот.
Марко Аурелиј најпочитуван римски император и еден од најголемите застапници на стоицизмот напишал волку добро нешто што не може да застари.
За моралноста, за мудроста, за разбирањето на себе си, за мирот, за среќата, за убавите и лоши работи. Маестрално.
335074581_514162580922009_7523686840614524084_n.jpg
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
4. За Едно Дете - Ник Хорнби

Приказна за: дете кое не се вклопува во новото училиште и нема пријатели; 36 годишен лик кој е богат, не сака да има деца и решава да дејта самохрани мајки.

Брзо се чита, книга која може да те замисли за некои теми а сепак забавна на моменти.
20230311_145006.jpg
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.442
Поени од реакции
9.828
6. James Clear - Atomic Habits
https://jamesclear.com/atomic-habits

Edinstveno zal mi e sto porano ne ja procitav.
Fantasticna kniga koja analizira kako gi sozdavame dobrite i losite naviki,
i na koj nacin moze da go napravime toa poproduktivno za nas.
11/10 :D Must-read
Mohammed bin Rashid Al Maktoum

Bev vo bibliotekata vo Dubai, gi prelistav, pa se ubediv da gi kupam i procitam i dvete

7. Reflections on Happiness & Positivity

Malku neocekuvan naslov, ama ispadna predobro.
Lesna i brzo ja procitav, izobiluva so pozitivni misli i slucki / iskustva.


8. My story - 50 memories from 50 years in service

Istorija na UAE od poslednite 50 godini, so nastani od privatniot zivot na sheikot.
Malku pogolema i poteska za citanje, ama izobiluva so informacii.

Do sega 3 kupiv i gi procitav, mislam deka mi ostanuvaat uste 2-3 zdravje za naredno odenje :D
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.442
Поени од реакции
9.828
Mohammed bin Rashid Al Maktoum

Bev vo bibliotekata vo Dubai, gi prelistav, pa se ubediv da gi kupam i procitam i dvete

7. Reflections on Happiness & Positivity

Malku neocekuvan naslov, ama ispadna predobro.
Lesna i brzo ja procitav, izobiluva so pozitivni misli i slucki / iskustva.


8. My story - 50 memories from 50 years in service

Istorija na UAE od poslednite 50 godini, so nastani od privatniot zivot na sheikot.
Malku pogolema i poteska za citanje, ama izobiluva so informacii.

Do sega 3 kupiv i gi procitav, mislam deka mi ostanuvaat uste 2-3 zdravje za naredno odenje :D
zaboraviv linkovite od prethodnite 2 da gi postavam

7. https://www.amazon.com/Reflections-Happiness-Positivity-Mohammed-Maktoum/dp/1785960415/ref=sr_1_4?qid=1679333463&refinements=p_27:Mohammed+bin+Rashid+Al+Maktoum&s=books&sr=1-4

8. https://www.amazon.com/Story-Mohammed-bin-Rashid-Maktoum/dp/1785965034/ref=sr_1_1?qid=1679333463&refinements=p_27:Mohammed+bin+Rashid+Al+Maktoum&s=books&sr=1-1

9kata ja zavrsiv vikendov

9. Nassim Nicholas Taleb - Fooled by Randomness: The Hidden Role of Chance in Life and in the Markets (Incerto)
https://www.amazon.com/Fooled-Randomness-Hidden-Markets-Incerto/dp/0812975219

Epten teska za citanje, 250-300 strani probabilistika i teski muabeti, ja isturkav nekako :D
Bi ja preporacal samo za clenovi koi imaat golem interes vo investicii (pretezno stocks market i slicni),
inaku e preteska za citanje i ne bas korisna.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.385
Поени од реакции
3.395
11. Медитации од Марко Аурелиј

Да си спомнам сега уште еден професор од средно. Неодамна почина, лесна му земја, Љупчо по философија.
Кога ќе се сетам колку фасцинантно раскажуваше за стоицизмот што ме ''натера'' оттогаш повеќе да се интересирам. Па развивање дискусии, дебати за философски правци...
Секој треба да ја прочита минимум еднаш книгава во својот живот.
Марко Аурелиј најпочитуван римски император и еден од најголемите застапници на стоицизмот напишал волку добро нешто што не може да застари.
За моралноста, за мудроста, за разбирањето на себе си, за мирот, за среќата, за убавите и лоши работи. Маестрално.
Прегледај го приврзокот 371175

12. Копилето од Истанбул од Елиф Шафак

Ух. Прва книга од Елиф Шафак. Од турскиве досега само Ајше Кулин.
Која мистичност држеа странициве до самиот крај ме изненади.
Започнува од 1915г, за две судбини на две семејства. Централен лик е Асја, турчинка, одлично доловена ексцентирчна и бунтовна од друга страна е Армануш, ерменка која ќе дојде во Истанбул да ги побара своите корења. Навидум многу различни, едната по потрага за семејството а другата во постојана борба и одрекување на вистината дека таа никогаш не го запознала својот татко но тие вусшност се поврзани многу повеќе отколку што мислат. Фасцинантни описи, многу информации за културни разлики, историски моменти но не очекував дека книгата завршува болно.
Препорачувам.
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
5. Норвешка Шума - Харуки Мураками

Приказна за созревањето на Тору Ватанабе и справувањето со загубата на блиски личности; зачинета со љубов, секс, книги и многу музика.

Насловот е од песната на Битлси - Norwegian wood

Не знам колку е точна теоријата дека романот е базиран на првиот стих од песната, ама има логика да е така.

Нема магичен реализам како во другите книги на Мураками но сепак ми се допадна и ја препорачувам.

Секако ќе го погледнам и филмот во скоро време иако немам големо очекување. Чисто да го видам ликовите од корицата оживеани.

Преводот дефинитивно ме нервираше на моменти.
Кој нормален би преведил "конзерва пиво" наместо "лименка", и тоа треба да го читам низ целиот роман.
Исто "пистацијата", превод од pistachio е фстак аман...

П.С ако некој знае како да ја стави оваа корица на Гидридс нека го направи тоа. Ова е најубавата корица од книгава и заслужува да ја има на Гудридс :love:

2.jpg
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.826
Поени од реакции
36.844
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
13.389
5. Дипломец - Чарлс Веб (272 стр. Темплум)
Никогаш нема да ми биде јасно зошто книгава има толку низок рејтинг на Goodreads. Лесно читлива е (како филмско сценарио) но мислам дека има многу подлабока конотација во истата. И самите тие мали препреки во дијалозите како „молам?“ „Што?“ „како? имаат своја конотација на изненаденост кај соговорникот. Читав некои книги од тој период со Coming of age тематика како Ловец во `ржта, На пат, Прашај ја правта, но сметам дека на Дипломец незаслужно се анулира неговата вредност. Ја читав на свои 19, па на 25, па на 31, и сеа на 36 години. А се надевам и понатаму во наредните 6 години. И пак би пронашол скриена смисла во неа.
5/5

6. Бела тврѓава - Орхан Памук (165 стр. Геопоеткика 2019)
По прочитаните „Истанбул“ и „Се викам црвено“ си реков некое пократко романче да фатам од Памук. Кај комшииве ми западна една убава едиција од Геопоетика (преводите им се доста солидни) и на корицата ми фати око тематиката која Памук ја обработува. Наводно се работи за лик (млеќанец) фатен во некоја воена гусарска поворка од страна на Отоманците некаде во 17ти век - на самиот нивен пик на златното доба. Вечната споредба меѓу тогашниот западен свет кој бил во подем и истокот кому у се гледал крајот на златното доба, а подоцна и неговото разнебитување. И тука ќе застанам. Затоа што сe` што треба да се очекува од книгава на Памук би требало да е тоа. Секоја диверзија и задлабочување на психата на западниот човек контра источниот е излишна и непотребна. Чак што више и репетитивна и заморна. Се гледа дека е едно од неговите почетни дела и дека писателот пробува сосила да го убедува читателот со разни релативизирања. Фактот дека работите се такви какви што се непобитни ради многу фактори кои влијаеле низ историјата. Не мора предлабоко да се потенцираат. Затоа што стануваат заморни. Книгата која е релативно малечка (160тина страни) а која ја доживеав како да читам некаков царски ферман. Но сметам не е лошо да ѝ се даде шанса. Но дефинитивно едно од неговите послаби писанија.
3/5

7. Drive my car - Haruki Murakami (Kindle 2022)
(Дел од збирката кратки приказни „Men without women") опишува за еден лик кој најмува девојка за личен возач поради мала незгода привозење во пијана состојба. Актер по професија, но сосема приземен и по малку студен, нивната релација се „затоплува“ и по некој месец и двајцата си ги откриваат своите најдлабоки стравови. Не би одел подлабоко затоа што прикаската е навистина кратка, се чита во рок од едно попладне, но има своја одредена длабочина. Колку навистина во овој живот глумиме, ја прикриваме вистината а колку навистина го мислиме оноа кога навистина љубиме.
4.5/5
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.442
Поени од реакции
9.828
zaboraviv linkovite od prethodnite 2 da gi postavam

7. https://www.amazon.com/Reflections-Happiness-Positivity-Mohammed-Maktoum/dp/1785960415/ref=sr_1_4?qid=1679333463&refinements=p_27:Mohammed+bin+Rashid+Al+Maktoum&s=books&sr=1-4

8. https://www.amazon.com/Story-Mohammed-bin-Rashid-Maktoum/dp/1785965034/ref=sr_1_1?qid=1679333463&refinements=p_27:Mohammed+bin+Rashid+Al+Maktoum&s=books&sr=1-1

9kata ja zavrsiv vikendov

9. Nassim Nicholas Taleb - Fooled by Randomness: The Hidden Role of Chance in Life and in the Markets (Incerto)
https://www.amazon.com/Fooled-Randomness-Hidden-Markets-Incerto/dp/0812975219

Epten teska za citanje, 250-300 strani probabilistika i teski muabeti, ja isturkav nekako :D
Bi ja preporacal samo za clenovi koi imaat golem interes vo investicii (pretezno stocks market i slicni),
inaku e preteska za citanje i ne bas korisna.
10. Дејл Карнеги - КАКО ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА СЕ ГРИЖИТЕ И ДА ПОЧНЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ
https://shop.kniga.mk/kako-da-prestanete-da-se-grizhite-i-da-pochnete-da-zhiveete.html

Knigava ja imam postirano vo nekolku temi. Ja imam vo dve kopii, edna doma, druga vo kancelarija.
Sekogas koga tonam vo problemi, ja prelistuvam. Navidum ednostavna, a mnogu korisna, so dobri soveti i primeri.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.385
Поени од реакции
3.395
11. Медитации од Марко Аурелиј

Да си спомнам сега уште еден професор од средно. Неодамна почина, лесна му земја, Љупчо по философија.
Кога ќе се сетам колку фасцинантно раскажуваше за стоицизмот што ме ''натера'' оттогаш повеќе да се интересирам. Па развивање дискусии, дебати за философски правци...
Секој треба да ја прочита минимум еднаш книгава во својот живот.
Марко Аурелиј најпочитуван римски император и еден од најголемите застапници на стоицизмот напишал волку добро нешто што не може да застари.
За моралноста, за мудроста, за разбирањето на себе си, за мирот, за среќата, за убавите и лоши работи. Маестрално.
Прегледај го приврзокот 371175
12. Жената од кабината бр. 10 од Рут Веар

Не знам што да напишам за книгава очекував повеќе, добро почна ама после отиде на некој смешен глуп заплет..мех.


13. Девојката што ја остави зад себе од Џоџо Мојес
Солидна книга.
Приказна за две жени обединети во нивната борба за она што најмногу го сакаат.
Настаните се случуваат меѓу Прва светска војна и сегашноста. Првиот дел е опфатен за Софи жена која е насликана на сликата наречена „Девојката што ја оставивте зад себе“. Живее во француско окупирано село и дава се од себе за да преживее и да го зачува своето семејство. Нејзиниот лик импресионираше со интелигенција и бестрашност насред цел тој хаос. Вториот дел од книгата е за Лив, вдовица која сега ја поседува сликата „Девојката што ја оставивте зад себе“ што ја добила како подарок за меден месец од нејзиниот покоен сопруг кој ја купил од жена на улица. Мажот со кој таа сега се гледа доаѓа во нејзината куќа и ја гледа сликата. Од тука почнува да се менува текот на настаните во нивните животи.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.452
Поени од реакции
13.581
#4. Marie Antoinette: The Portrait of an Average Woman - Stefan Zweig
579pgs

Биографска книга за последната кралица на Франција, Марија Антоанета. Интересна книга со детални описи и случки од нејзината 14 годишна возраст па се до смртта. Многу е дилга книгава и превише, според мене, небитни работи се сместени во неа. Последните 100 страници не успеав да ги довршам.

3/5
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.442
Поени од реакции
9.828
10. Дејл Карнеги - КАКО ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА СЕ ГРИЖИТЕ И ДА ПОЧНЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ
https://shop.kniga.mk/kako-da-prestanete-da-se-grizhite-i-da-pochnete-da-zhiveete.html

Knigava ja imam postirano vo nekolku temi. Ja imam vo dve kopii, edna doma, druga vo kancelarija.
Sekogas koga tonam vo problemi, ja prelistuvam. Navidum ednostavna, a mnogu korisna, so dobri soveti i primeri.
od rubrikata vtora sansa

1BC893F0-442C-42C2-81C1-456A7F3982DE.jpeg

11. Volkot
ima 2-3 poglavja koi se interesni, kako nekoja psihogija na prodazba, ostanatoto specificno za trejderi,
los izbor

12. Beskonecna igra
Slicno, 2-3 interesni poglavja, ostanatoto kako strucna literatura

13. Cetiri spogodbi
Najdobra od ovie. Ja procitav vo eden den. Lesna za citanje i interesna.

14. Vladetelot
Dosta slusav za ovaa, pa se siv da zemam.
Prvata polovina e nekako dosadna, ama vtorata e bas dobra.
Moze vtoriot del da preprocitam uste ednas.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom