Не се проблем парите,далеку од тоа...тие мислат дека како прво мене заради оценките(не бев скроз одлична)нема да ме примат...друго дека нема да се снајдам во голем град-де молим те не е Скопје Русија...трето затоа што не сум се оделувала од дома...нема никаков проблем тоа е работата:uvo:тие мислат дека ке ми било полесно во Штип...ми рекоа да почнам во Штип а после во Скопје а јас знам дека една година нема шанси да издржам...па дури ми рекоа дека јас можам да одлучам за се ама не и за факсот
немам време до Понеделник,постојано се нервирам а исто така и мојот другар а не можам така да го гледам кога разговаравме пред малку рече дека нема да престанеме да контактираме ама дека нема да бидеме толку блиски...и заради моите родители да се одалечам од мојот другар(баш сега кога ни оди супер а и премногу сакал да ме види)...не познавам речиси никого во Штип,а во Скопј его имам мојот другар и моите другарки од гимназија...и кога знам дека би се снашла повеке таму одколку во Штип ама тие
ми рекоа ако не одам Штип нема факс а имам желба за учење...неможам да разберам како уживаат да ме мачат така знаејки дека после јас ке се нервирам и џабе ке фрлам пари кога ке немам желба за учење.
Иако претходно велиш дека не е твојот "другар" причина за толкавата желба да учиш во Скопје, доволно е да се прочитаат твоите последни постови на темава, односно колку пати него го споменуваш, за да стане јасно дека ипак баш он е разлог.
Можеби тоа не го гледаш, можеби нејќеш да си го признаеш...како и да е, убедена сум дека само тој ти е мотивот. А, тоа душо ти е многу погрешна причина.
Не знам дали е он е на форумов и те чита, и не знам дали вака се однесуваш и со него кога комуницирате, но пројавуваш опсесивност, која верувај ми, вака или онака, ќе направи да побегне од тебе. Толкава фиксираност секогаш ги плаши луѓето и прави да фатат магла, затоа што осеќаат дека е нешто различно од нормална наклонетост и љубов.
А, најдобар лек за тоа е баш да студираш во различен град. Ќе запознаеш нови луѓе, ќе се појави нова симпатија (со која, се надевам, нема да се однесуваш вака опсесвно)...и бргу, бргу ќе заборавиш на него. Или пак, ако вашата поврзаност е толку силна, и покрај далечината ќе може, порано или подоцна да бидете заедно (ова го зборам од лично искуство...кога и кај двајцата има љубов, ништо не е вистински проблем)
Инаку, јас верувам дека, иако типов е главен разлог, не е и единствен, односно ти верувам кога велиш дека и од други причини сакаш да студираш во Скопје. Но, затоа што твоите ќе ти ги плаќаат студиите и студенсткиот живот, крајниот збор е нивен.
Па, освен ако немаш можност сама да се издржуваш во Скопје, едноставо ќе мораш да го послушаш нивниот избор.
Едино што ти останува е до понеделник уште неколку пати да поразговараш со нив, и аргументирано да им кажеш зошто не сакаш во Штип, па да се надеваш дека ќе попуштат.
Ако сепак не попуштат, воопшто не е страшно. Всушност, сметам дека Штип ти е подобрата опција. Ќе може малку да се ослободиш од потребата за него, да внесеш промена во својот живот и конечно, да тргнеш понатаму, без штетна приврзаност кон типот.
Тебе те плаши само промената. А, верувај, промените се врата кон најдобрите нешта во нашите животи. Упорното држење за старото и познатото е она што не унесреќува (иако често не сме свесни за тоа)