Кајгана психолог

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Пред негде пола год. Возам накај дома и секунда две гледам во телефон дигам глава и ми се превртува човек покрај пат...касно ми текна да намалам светло, очигледно и сметаше долгото. Застанав, одам да и помогнам...испадна дека е жена негде 40 год. Клен пијана корнеше на алкохол...ај некако застана на нозе. Што да и правам, ај викам ќе ја однесам до дома...среќа сум се бафтал со пијани другари па и ја сум бил пијан....иначе не се трпеше мирисот. Зема да плаче...не беше ептен батал жена, ми падна ептен жал. Ја оставив кај ми кажа и со отворени прозори си продолжив накај дома...очигледно си имаше проблем со алкохолот. Ретко сум сретнувал жени во оваа ситуација...падна муабет па да ја раскажам случкава.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Nekoj da prijavi, no samo ako pravi problemi...I sto, ke dojde policija, ke ja odnesat u bardovci ili na toksikologija ..pa ke ja pustaat pak doma da si odi.
Nema nisto od toa...nazalost.
Ама зошто ме цитираш? Нема што да се објаснувам. Си има постапка. Ајде да е некој краток период, а претходно немало вакво или ако имало, исто така кратко траело тоа однесување. 10 години е огромен период, па ако за 10 години не и текнало, нема ниту да и текне. Башка станува збор за завист.
 
Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
812
Поздрав до сите што ќе го прочитаат ова, а очигледно очекувам некој и некогаш да го прочита.

Мојата мајка е полуфунционален алкохоличар повеќе години чија функционалност сега е уште повеќе нарушена од комбинацијата "прерана менопауза и тежок алкохолизам". Добро разбирам каков склоп на околности ја доведоа до оваа фаза и колку пати во овие 10 години се има потрудено да застани на нозе и колку е свесна за нејзината состојба чија свест е исто така сведена на 0. Сум се потрудил со најсмирени и најрационални пристапи кои само трпението ми го напикаа од задната дупка (простете), а дел од косата ми побелува. Причината за што пишувам тука е и за мене непозната, но едно знам дека моите блиски не сакам да ги оптоварам и не ми веруваат кога ќе им кажам што се случува. Не сакам уште да ја испратам на лекување, а знам дека е најреална опција. Во овој момент грижата спрема неа се претвори во гнев против нејзината несвесност за како ми наштетува мене, моите млади години и другите околу нас. Разбирам луѓе со проблеми, па дури и лоши навики кои сум ги усвоил и јас, но скоро никогаш - освен при некој досаден кафе-муабет - не замарам никого. Не знам дали е соодветна оваа тема да биде тука пишано моето мислење и не треба никаков совет освен ако некој поминувал низ слично и располага со техники на трпение и начини да се пружи помош на таква личност за која јас сметам дека е себична без разлика со кои материјални средства се трудела да ме задржи во нејзиниот живот.

П.С. Со мојот наведен проблем не сакам да омаловажам туѓи маки и бидувам повеќе од свесен дека од тешкото има и потешко.

За крај сакам да кажам дека имаме бариера во нашата комуникација со тоа што кога јас на пример пробам да кажам дека надвор врнело таа на тоа мене ќе ми возврати со тоа дека татко ми некогаш во минатото не ме сакал. Значи тешко ми е да се разберам преку говорен тип на комуникација, а богами и пишан.
Те разбирам и можам да замислам колку е болна ситуацијата во која се наоѓаш. Би рекла прво посвети се на себе и на своите емоции во врска со ова... ако пропаѓаат луѓето околу тебе, имаш избор барем во врска со својот живот. Не би рекла дека е корисно да бараш начини да стекнеш трпение со ситуацијата таква каква што е бидејќи очигледно твоите емоции и целото тело ти вели дека не сакаш да бидеш во таква ситуација повеќе. Нема ништо погрешно во твојот гнев и во ред е да се чувствуваш така. Не ти е потребно трпение - тоа е само уште еден механизам на справување во ситуација со која не сакаш веќе да се справуваш. Заслужуваш подобро од тоа. Природно е тоа што те афектира на таков начин и супер е тоа што се обидуваш да и помогнеш, воедно запомни дека не може да му се помогне на некој кој не сака помош. Повторувам, *не може да му се помогне на некој кој не сака помош*.

Поставувај јасни граници во врска со видот и содржината на контактот. Не знам колку години имаш и во какви други животни околности си, но лично да би се нашла во таква ситуација би го свела контактот на минимум. Ако живееш со неа, отсели се. Вработи се, најди си го талентот, најди начин. Дај и до знаење на мајка си дека ја љубиш и се грижиш за неа и, не заборавај се себеси попатно. Пред се на жената и треба психолог, а потоа доктор, а и тебе би те советувала да посетиш психолог и да ја добиеш онаа поддршка и сигурна поврзаност што ти треба. Не земај апчиња. Запомни дека ништо нема да се реши ако ја „однесеш“, а таа не го прави тоа по своја волја. Луѓето не можат да бидат спасени ако не одлучат да се спасат себеси.

Ако чувствуваш дека твоите блиски би ги замарал со зборување за нешто што ти лежи на душа или дека тие не би ти верувале за ова, можеби ова е совршена можност да преиспиташ дали тие ти се блиски воопшто. Ова се твои доживувања и твои емоции - тие се вистина во твојата субјективна реалност, а твојата субјективна реалност е сосема значајна и валидна. Не замараш и, би било корисно да увидиш зошто се чувствуваш како да замараш. Сега да не психоанализирам премногу ама веројатно е случај на занемарување на своите потреби, сметање дека тие не се битни во врските со луѓето. Евалуирај ги врските и реалниот начин на кој се чувствуваш - дали можеш да се искажеш онаков каков што си, дали имаш одредени стравови итн. Како и да се чувствуваш - во ред е така да се чувствуваш.

Видео за подобро разбирање на психологијата зад алкохолизмот: https://www.youtube.com/watch?v=Jbol7KyA5yo

Секое добро.
 
Член од
1 септември 2020
Мислења
4
Поени од реакции
4
Мислам дека претера малку членот со количината...Ама јас не гледам ништо смешно!
ожеби и не можам со сигурност да кажам па како што реков шишињата се празни и според големина и колку често ги наоѓам заокружив.

Ако меша литар жестоко и седативи, на дневно ниво, не ми е јасно како успеала 10 години да живее така.:unsure:
Па очигледно не започнала нагло со тие количини.
 
C

CoolIris

Гостин
Па очигледно не започнала нагло со тие количини.
И еднократно да е. Тоа е смртоносна комбинација. Никако не смее да се меша алкохол со седативи. И алкохолот и седативите предизвикуваат депресија на централен нервен систем, што значи дека доаѓа до успорување на најважните животни функции: дишење, крвен притисок, срцев ритам, температура на телото. Влијаат на рамнотежа, координација, мисловен процес. Кога заедно се употребуваат нивното дејство е многу поголемо. Тоа е шок за организмот кој често пати завршува трагично.
 
Јас добро го знам тоа и дел од горенаведените ефекти и се случуваат и неа. Воглавно е многу ослабена и физички и нервно. Да не се задржуваме на количината за која реков дека со несигурност ќе заокружам. Навистина не знам како поинаку да кажам и ако некој сака да го оспори тоа што го пишав можи слободно.
 
Член од
1 август 2020
Мислења
35
Поени од реакции
46
Од Скопје сум имам 22 години и сум студент во завршна фаза , можам да кажам дека сум поминал се што треба да помине млад човек на овие години од среќа,девојки,секакви искуства па се до неправди,скршен денар и тага.Последнава година сум одлично финансиски стабилен и можам буквално што сакам да правам и што сакам да си дозволам,социјалниот живот ми е на одлично ниво но едноставно чуствувам некоја презаситеност и ненормална одбивност од местово во кое живеам и буквално на народно кажано ми е преку кур од сВе.Капак на се ми се случувањава со коронава пазењето и затворените граници кој буквално не дозволија ни на малку да се отргнам од овде и да направам бар некаков "recharge". Дали некој бар некогаш се чуствувал вака ? било какво искуство би ми било утештително.
 
Да, relatable, мое искуство е дека тоа чувство доаѓа од незадоволени социо-емоционални потреби (да, можат да бидат незадоволени дури и да имаш супер социјален живот, еден тон пријатели и дружби и се, been there done that) или виши/културни потреби, потреби за самоактуелизација итн. Значи, има некоја потреба што ја чувствуваме како задоволена кога патуваме, што не чувствуваме дека ни е задоволена додека сме тука - како проширување на хоризонти, самооткривање и самоактуелизација преку непознати искуства, културно-уметничка стимулација, убавина и архитектура, добивање чувство на поголема слобода кога не сме околу луѓето од секојдневното опкружување, чувство на ограничена автентичност околу постоечкиот круг на пријатели итн. Не си сам :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Од Скопје сум имам 22 години и сум студент во завршна фаза , можам да кажам дека сум поминал се што треба да помине млад човек на овие години од среќа,девојки,секакви искуства па се до неправди,скршен денар и тага.Последнава година сум одлично финансиски стабилен и можам буквално што сакам да правам и што сакам да си дозволам,социјалниот живот ми е на одлично ниво но едноставно чуствувам некоја презаситеност и ненормална одбивност од местово во кое живеам и буквално на народно кажано ми е преку кур од сВе.Капак на се ми се случувањава со коронава пазењето и затворените граници кој буквално не дозволија ни на малку да се отргнам од овде и да направам бар некаков "recharge". Дали некој бар некогаш се чуствувал вака ? било какво искуство би ми било утештително.
Границите со Албанија се отворени, можеш таму да се издуваш, башка храната не е скапа, а сместување како ќе начекаш. После толку време над книга нормално дека ќе ти се скурчи од сѐ, башка нормална фаза од животот е таа во која ти е досадно буквално сѐ. Малку касно те фатила, но тоа е само фаза, ништо повеќе.
 
Член од
1 август 2020
Мислења
35
Поени од реакции
46
Границите со Албанија се отворени, можеш таму да се издуваш, башка храната не е скапа, а сместување како ќе начекаш. После толку време над книга нормално дека ќе ти се скурчи од сѐ, башка нормална фаза од животот е таа во која ти е досадно буквално сѐ. Малку касно те фатила, но тоа е само фаза, ништо повеќе.
Зашто јас мислам дека баш напротив прерано ме има фатено ( споредувајќи со мои врсници)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Зашто јас мислам дека баш напротив прерано ме има фатено ( споредувајќи со мои врсници)
Кога мислиш дека треба да те фати? На 50 години кога ќе воочиш дека си на пола живот и имаш уште еден куп неисполнети соништа или на 15тина кога мислиш дека сите те мразат, хормоните ти работат турбо и мислиш само на една работа. Кога ги фаќа твоите врсници и зошто не зборувате вие за ова? Оваа е невообичаена година, сите сме дома речиси цела година (релацијата е дома-работа-дома). Јасно е дека дел од младината може да страда од депресија (не тврдам дека страдаш од депресија), а зад тоа застанаа и одредени експерти кои сеуште трвдат дека државата не требаше за се затвори (експерти од САД). Но летово трае уште, Албанија ти е на 5-8 часа возење.
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.170
Поени од реакции
13.780
дали има некој психијатар кого би можела да го прашам за мислење?
 
Член од
1 ноември 2007
Мислења
81
Поени од реакции
249
Значи имам 18+ у животот сум имал многу женски многу другари,јак сум,убав сум што треба да ме прави уште повеќе да имам доверба у себе имам добри родители,пари,здравје,работа,кола и не можам никако да стекнам самодоверба и да уживам си го замарам мозокот со ситници,делувам збунето у јавност,неодлучно не уживам у ништо буквално ниту пак можам да се заљубам ни ништо а свесен сум за тоа и пробувам да го променам водам борба сам со себе но не ми успева не можам да се убедам сам себе дека стравовите ми се безвезални да се опуштам и да уживам како да ми се има све у животот здосадено напишете ваши мислења според горе искажаново кај да се упатам дали кај психијатар или да пробам други методи да си го решам проблемот и да се вратам у живот многу ќе ми значи секое мислење и нема да се навредам со ниедно.
Problemot sto treba da go resis lezi vo samo-analizata (sam ili so pomos na strucen psiholog).
Zaprasaj se zosto se cuvstvuvas taka kako sto se cuvstvuvas vo momentov ?
Sekoja reakcija na odnesuvanjeto vo denesnicata e sledstvena na nekoja akcija ili iskustvo vo minatoto.Nedostatocite sto gi custvuvas vo momentov se refleksija na nesto sto vo minatoto ne bilo ovozmozeno za razvoj na zdrava samodoverba .
Dali si bil cenet vo detstvoto,sto mislis za sebe na tema "inferiornost", kako se gledas sebesi i zosto.
I najvazno ....dali si iskren kon sebe, dali si bil tretiran od nekoi vazni bitija vo tvojot zivot so ignorantski odnos osobeno koga nivnoto znacenje za ohrabruvanje, znacelo mnogu vo nacinot kako se gledas sebesi - konfirmacija koja ti "pomognala" ili odmognala vo ovoj slucaj, da se osoznaes da se custvuvas vreden, gord,sposoben, i SAKAN.
Se slucuva cesto da naseto super ego - vrednostite koi sto se preciziraat vo periodot na razvoj na personata bazirani na vrednostite na familijata,opstestvoto,socijalnite krugovi, NE soodejstvuvaat so onie na naseto JAS - tvoeto ego, toa sto veruvas vo momentov deka te identifikuva,tvoeto mislenje za toa koj si, sto si, i sto mozes.

Ne sum psiholog ili slicno, i mojot komentar e samo so cel da proba na nekoj nacin da ti pomogne da se osoznaes i da najdes resenie za toa sto te maci.
Pozdrav, i ne ostavaj da se definiras spored toa sto drugite go imaat definirano za sebe, ti odlucucas koj si, sto si, kolku i sto mozes, i kolku sila imas da izlezes NAPRED!!!!!
Автоматски споено мислење:

Те разбирам и можам да замислам колку е болна ситуацијата во која се наоѓаш. Би рекла прво посвети се на себе и на своите емоции во врска со ова... ако пропаѓаат луѓето околу тебе, имаш избор барем во врска со својот живот. Не би рекла дека е корисно да бараш начини да стекнеш трпение со ситуацијата таква каква што е бидејќи очигледно твоите емоции и целото тело ти вели дека не сакаш да бидеш во таква ситуација повеќе. Нема ништо погрешно во твојот гнев и во ред е да се чувствуваш така. Не ти е потребно трпение - тоа е само уште еден механизам на справување во ситуација со која не сакаш веќе да се справуваш. Заслужуваш подобро од тоа. Природно е тоа што те афектира на таков начин и супер е тоа што се обидуваш да и помогнеш, воедно запомни дека не може да му се помогне на некој кој не сака помош. Повторувам, *не може да му се помогне на некој кој не сака помош*.

Поставувај јасни граници во врска со видот и содржината на контактот. Не знам колку години имаш и во какви други животни околности си, но лично да би се нашла во таква ситуација би го свела контактот на минимум. Ако живееш со неа, отсели се. Вработи се, најди си го талентот, најди начин. Дај и до знаење на мајка си дека ја љубиш и се грижиш за неа и, не заборавај се себеси попатно. Пред се на жената и треба психолог, а потоа доктор, а и тебе би те советувала да посетиш психолог и да ја добиеш онаа поддршка и сигурна поврзаност што ти треба. Не земај апчиња. Запомни дека ништо нема да се реши ако ја „однесеш“, а таа не го прави тоа по своја волја. Луѓето не можат да бидат спасени ако не одлучат да се спасат себеси.

Ако чувствуваш дека твоите блиски би ги замарал со зборување за нешто што ти лежи на душа или дека тие не би ти верувале за ова, можеби ова е совршена можност да преиспиташ дали тие ти се блиски воопшто. Ова се твои доживувања и твои емоции - тие се вистина во твојата субјективна реалност, а твојата субјективна реалност е сосема значајна и валидна. Не замараш и, би било корисно да увидиш зошто се чувствуваш како да замараш. Сега да не психоанализирам премногу ама веројатно е случај на занемарување на своите потреби, сметање дека тие не се битни во врските со луѓето. Евалуирај ги врските и реалниот начин на кој се чувствуваш - дали можеш да се искажеш онаков каков што си, дали имаш одредени стравови итн. Како и да се чувствуваш - во ред е така да се чувствуваш.

Видео за подобро разбирање на психологијата зад алкохолизмот: https://www.youtube.com/watch?v=Jbol7KyA5yo

Секое добро.
Автоматски споено мислење:

Поздрав до сите што ќе го прочитаат ова, а очигледно очекувам некој и некогаш да го прочита.

Мојата мајка е полуфунционален алкохоличар повеќе години чија функционалност сега е уште повеќе нарушена од комбинацијата "прерана менопауза и тежок алкохолизам". Добро разбирам каков склоп на околности ја доведоа до оваа фаза и колку пати во овие 10 години се има потрудено да застани на нозе и колку е свесна за нејзината состојба чија свест е исто така сведена на 0. Сум се потрудил со најсмирени и најрационални пристапи кои само трпението ми го напикаа од задната дупка (простете), а дел од косата ми побелува. Причината за што пишувам тука е и за мене непозната, но едно знам дека моите блиски не сакам да ги оптоварам и не ми веруваат кога ќе им кажам што се случува. Не сакам уште да ја испратам на лекување, а знам дека е најреална опција. Во овој момент грижата спрема неа се претвори во гнев против нејзината несвесност за како ми наштетува мене, моите млади години и другите околу нас. Разбирам луѓе со проблеми, па дури и лоши навики кои сум ги усвоил и јас, но скоро никогаш - освен при некој досаден кафе-муабет - не замарам никого. Не знам дали е соодветна оваа тема да биде тука пишано моето мислење и не треба никаков совет освен ако некој поминувал низ слично и располага со техники на трпение и начини да се пружи помош на таква личност за која јас сметам дека е себична без разлика со кои материјални средства се трудела да ме задржи во нејзиниот живот.

П.С. Со мојот наведен проблем не сакам да омаловажам туѓи маки и бидувам повеќе од свесен дека од тешкото има и потешко.

За крај сакам да кажам дека имаме бариера во нашата комуникација со тоа што кога јас на пример пробам да кажам дека надвор врнело таа на тоа мене ќе ми возврати со тоа дека татко ми некогаш во минатото не ме сакал. Значи тешко ми е да се разберам преку говорен тип на комуникација, а богами и пишан.
Ne se soglasuvam so prethodniot sovet *не може да му се помогне на некој кој не сака помош*.
Koga edinakata ne e sposobna da rasuduva bazirano na cista svest mozebi bi go preporacal....
Zboruvame za licnost koja sama ne moze da osoznae deka ima problem sama so sebe. Vo takvi momenti semejstvoto e esencijalno da pruzi podrska.
Nacin na koj bi mozelo da se postigne?
Da se sozdade situacija koga samata licnost bi se postavila vo situacija da osoznae deka nesto ne e vo red so posledicite na destvijata koisto samata gi praktikuva vo matrica (vo ovoj slucaj hronicno alkoholiziranje), i da i se pomogne da gi sogleda posledicite na takvo dejstvuvanje.
Razbiram za tvojata teska situacija, konsekvencijalno i osobeno sto - odejki vo direnten sudir so doticnata sakana licnost, ili primenuvajki ignoranten odnos ko0n nea, nema da pomogne za iznaogjanje resenie.
Resenieto e na povid koga samata "afektirana" licnost se naogja vo situacija da osoznae deka pravi nesto nesoodvetno koe provocira povreduvanje ne samo na sebe tuku I NA SITE TIE NAOKOLU koi spored nejziniot sistem na vrednosti gi smeta za dragi, i so koi ima emocionalen odnos ( gi saka ).

Kako moze da se vodi patot kon ova osoznanie? Tesko e da se kaze bez detalji za kakva licnost se raboti, i koja NAJVAZNO koja e pricinata da ovaa individua prakticira odnesuvanje koe e samo destruktivno prvenstveno kon samata sebe, a posle kon site drugi pokraj sebe.
Momentot koga tvojata majka ke osoznae za problemot, togas sleduva centar za odviknuvanje, psiholog, poddrska vo zavisnost od toa dali moze samata da go prebrodi odviknuvanjeto, ili potrebna e pomos.
Pozdrav!
 
Последно уредено:
Член од
4 октомври 2019
Мислења
559
Поени од реакции
1.094
Zdravo imam 32 godini maz sum, nivoto na progesteron mi e 1.86 a dozvoleno e <0.5...? Denes gi dobiv rezultatite no ne znae psihijatarot da gi procita, prcoitav na internet odprilika sto prestsavuva no nikade ne pisuva kako da se normalizira, imam istorija so golemi vozbudi kako kockanje, vozbuda, hiperaktivnost, anksioznost, strav dolgi godini ziveenje so takov stil, veke odreden period ziveam smireno no posledicite se ostanati,,
Dali znar nekoj kako da go normaliziram ovoj hormon sto mi e skoro 4 pati poveke od normala,
Blagodaram
 
Kajgana Shop

На врв Bottom