Поздрав до сите што ќе го прочитаат ова, а очигледно очекувам некој и некогаш да го прочита.
Мојата мајка е полуфунционален алкохоличар повеќе години чија функционалност сега е уште повеќе нарушена од комбинацијата "прерана менопауза и тежок алкохолизам". Добро разбирам каков склоп на околности ја доведоа до оваа фаза и колку пати во овие 10 години се има потрудено да застани на нозе и колку е свесна за нејзината состојба чија свест е исто така сведена на 0. Сум се потрудил со најсмирени и најрационални пристапи кои само трпението ми го напикаа од задната дупка (простете), а дел од косата ми побелува. Причината за што пишувам тука е и за мене непозната, но едно знам дека моите блиски не сакам да ги оптоварам и не ми веруваат кога ќе им кажам што се случува. Не сакам уште да ја испратам на лекување, а знам дека е најреална опција. Во овој момент грижата спрема неа се претвори во гнев против нејзината несвесност за како ми наштетува мене, моите млади години и другите околу нас. Разбирам луѓе со проблеми, па дури и лоши навики кои сум ги усвоил и јас, но скоро никогаш - освен при некој досаден кафе-муабет - не замарам никого. Не знам дали е соодветна оваа тема да биде тука пишано моето мислење и не треба никаков совет освен ако некој поминувал низ слично и располага со техники на трпение и начини да се пружи помош на таква личност за која јас сметам дека е себична без разлика со кои материјални средства се трудела да ме задржи во нејзиниот живот.
П.С. Со мојот наведен проблем не сакам да омаловажам туѓи маки и бидувам повеќе од свесен дека од тешкото има и потешко.
За крај сакам да кажам дека имаме бариера во нашата комуникација со тоа што кога јас на пример пробам да кажам дека надвор врнело таа на тоа мене ќе ми возврати со тоа дека татко ми некогаш во минатото не ме сакал. Значи тешко ми е да се разберам преку говорен тип на комуникација, а богами и пишан.