Значи имам 18+ у животот сум имал многу женски многу другари,јак сум,убав сум што треба да ме прави уште повеќе да имам доверба у себе имам добри родители,пари,здравје,работа,кола и не можам никако да стекнам самодоверба и да уживам си го замарам мозокот со ситници,делувам збунето у јавност,неодлучно не уживам у ништо буквално ниту пак можам да се заљубам ни ништо а свесен сум за тоа и пробувам да го променам водам борба сам со себе но не ми успева не можам да се убедам сам себе дека стравовите ми се безвезални да се опуштам и да уживам како да ми се има све у животот здосадено напишете ваши мислења според горе искажаново кај да се упатам дали кај психијатар или да пробам други методи да си го решам проблемот и да се вратам у живот многу ќе ми значи секое мислење и нема да се навредам со ниедно.
Ние во себе имаме разни делови односно подличности, склопови од разни мислења, ставови, адаптивни механизми итн.
Повеќето од нас мислиме дека сме целосно интегрирани личности меѓутоа најчесто сме далеку од тоа - скоро НИКОЈ ОД НАС не е целосно интегриран и имаме многу разни делови од нас кои во текот на животот, а особено во детството се служеле со одредени стратегии за да преживееме и да се адаптираме на околината во која сме израснале. Многу од овие делови ги потиснуваме и стануваат несвесни.
Чим се чувствуваш на одреден начин, имаш стравови и имаш такви емоции - сметај ги за апсолутно релевантни за твојата СУБЈЕКТИВНА вистина (тоа не значи дека од СИТЕ перспективи е така, туку од таа една перспектива на таа конкретна подличност која е исто толку релевантна за твоето битие како и сите други подличности). Емоциите се како компас - ја покажуваат внатрешната реалност на организмот. Моментално си во внатрешен конфликт бидејќи еден дел од тебе со кој си идентификуван верува дека е погрешно тој друг дел да се чувствува онака како што се чувствува.
Не би ти советувала да пробуваш да избегаш од тоа или да го минимизираш стравот - НАПРОТИВ. Сметам дека е пожелно да седиш со тие делови од себе и да им поставуваш прашања (и оној дел од тебе кој сака да избега од тие емоции и оној дел кој ги има емоциите). Третирај ги како што би пристапил научник - како скоро ништо да не знаеш за темата и да пробуваш што е можно пообјективно да ја спознаеш, без осуда за тоа како е, како би требало да биде или дали е добро или лошо, туку со љубов и љубопитност.
Научи ги начините на кои овие делови од тебе мислат дека тоа што го прават е правилно за тебе (не постои само-саботажа, има само механизми кои свесно мислиме дека се конструктивни и мислиме дека се деструктивни - ако мислиме дека се деструктивни, тогаш тоа мислење не го зема во предвид мислењето на тој дел од нас). Распрашувај ги тие делови од себе, замоли ги да ги именуваат тие емоции, што предизвикало да се чувствуваат така, кога се јавуваат тие емоции, покажи сочувство кон нив, прашај што е она од кое се обидуваат да те заштитат, на кој начин тие делови од тебе мислат дека допринесуваат за твојата добросостојба, лоцирај ги нивните потреби (пр. потреба за припаѓање, љубов, конекција, сигурност итн) и прашај ги што можеш да направиш за тие да се чувствуваат безбедно (честопати, со самото тоа што свесно ќе им обрнеме внимание и ќе им покажеме љубов и разбирање наместо осуда и угнетување, психата природно се стабилизира - ако ништо друго тоа е почеток).
За да не испишам цела семинарска на форумов, мислам дека ова е добар почеток.