(Кајгана избира) Најдобри серии на сите времиња

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.709
Поени од реакции
33.348
Го имавме најизедначениот дуел до сега. Иако и тука резултатот е далеку од изедначен... Ама сепак, интересно беше. Барем поинтересно отколку првите 2 дена.

PRISON BREAK - The Crown 24:5
SHERLOCK - Doctor Who 19:9




Prison Break и Sherlock продолжуваат понатаму.
___________________________________________________
ДУЕЛ БР. 7
BREAKING BAD
AMC, 2008-2013
BREAKING BAD.jpg

vs.
STAR TREK: DEEP SPACE NINE
PARAMOUNT TV, 1993-1999
DS9.jpg

ДУЕЛ БР. 8
WESTWORLD
HBO, 2016-???
WESTWORLD.jpg

vs.
THE HANDMAID'S TALE
HULU, 2017-???
THE HANDMAID'S TALE.jpg

Гласаме стандардно, до утре, 21:00 часот.
 

Viollet

М
Член од
9 декември 2019
Мислења
267
Поени од реакции
1.750
Breaking Bad - една од најдобрите серии.

Westworld - тука некаде ми се и двете, Westworld за нијанса подобра.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.609
Поени од реакции
11.152
Breaking Bad bitch!

Од вториот дуел не ми е гледана ниедна, така да нема да гласам.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.180
Лесен избор, барем за мене.

Breaking Bad - најдобра серија ever.

Westworld - првата сезона беше најдобрата прва сезона од сите серии што ги имам гледано, а и една од најдобрите сезони воопшто. Втората сезона и покрај непотребното тупење беше генерално добра, а за трета сезона ќе видиме што ќе биде. Има потенцијал да биде една од најдобрите серии и се надевам дека нема да ја уништат како Game of Thrones.
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Breaking bad и The Handmaid's tale, првата другиве појаснија зошто, а втората чисто за да разбијам монотонија во гласањето и затоа што Westworld не ми е гледана, а ме привлекува. Инаку, Handmaid ми е на моменти претерано мрачна и дистописка за мој вкус, но веројатно тоа ѝ е и целта.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
1. Breaking bad
Серија број 2 кај мене, постои само една која ми е подобра.

2. /
Од овие две, ја имам изгледано Робинката, за жал сеуште ја немам почнато Westworld, која сум сигурна дека е подобра од првава и затоа не гласам за ниедна. Робинката почна солидно, имаше одлична прва сезона, али го страда моментот на скоро сите кои се правени по книга и кои продолжуваат со снимање откога ќе заврши дејството во книгата. Втора сезона се трпеше, али другото после тоа го гледав насила, пред се зашто терминот и е во лето кога и нема многу што да се гледа. Сезонава што иде нема ни да ја гледам најверојатно. Јас поштувам драми, па и да разработуваат најтрагични тематики што постојат, еве еден Мајндхантер кајшто ги гледаш сериските убијци како си ги опишуваат злоделата ме правеше да се осеќам понемизерно од ова црвено-сиво сивило што е Робинката.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.729
Поени од реакции
9.766
1. Breaking Bad - the GOAT, перфекција од серија. Се освен прво место на листава ќе биде кражба.
2. Westworld - другата ја немам гледано. Westworld имаше одлична прва сезона, беше адутот на ХБО после ГоТ, ама понатаму некако опадна интересот...еве последната што оди во моментов ја немам почнато. Ramin Djawadi како и секогаш со одличен саундтрак. Ед Харис и Хопкинс ја носеа серијата во поглед на глума, главните ликови некако не ми се симпатични.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
1.Breaking Bad- нема што да се трошат зборови за објаснување, секако оди до финале серијата.

2.Westworld, другата не ми е гледана, а оваа иако ја критикувам и ме нервира на моменти, имаше одлична прва сезона, просечана втора, сега во трета е така-така, но со импресии од последната епизода ми дава надеж дека ќе ја биде сезоната.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
BB

Другите не ми се гледани, за BB нема причина да се трошат зборови, референтна серија за филмот како медиум, тешко тоа ниво да се постигне пак.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom