Пресреќен сум, се уште не ми се верува„, изјави Огнен Груевски - член на македонската карате репрезентација.
Две години му бегаше од раце бронзата, но овој пат успеа. Каратистот Огнен Груевски на Европското првенство во Грција,победи шестмина за да дојде до финалната пресметка со Гркот Пападопулос. И нашата најдобра каратистка, вицешампионката Наташа Илиевска, се најде на двобој со Гркинка. Лесно ја победи, но не стигна до посакуваниот медал, поради необјективноста на судиите во третата борба со словачката каратистка. .
Дали имаше мотив плус, прво затоа што е Грк, а второ затоа што е на домашен терен?
„За тоа што е грк не знам многу, не баш, ние сме сепак спортисти, се дружиме сме вежбале порано заедно . Бидејжи е домаќин затоа, бидејќи кога се бориш со домаќинот е многу подруго чувството, сите навиваат за него, имаш мотив плус“, изјави Огнен Груевски - член на македонската карате репрезентација.
„Јас така не ги анализирам противничките,сите ги гледам подеднакво, го давам максимумот, одам борба по борба, значи така размислувам, да одам напред, не ме интересира политика и со кого се борам“, изјави Наташа Илиевска - член на македонската карате репрезентација.
Селекторот е задоволен од досегашните резултати, Иво Цветковски освои петто,а Мери Ефремова 7 место во својата категорија.. Вотекот на утрешниот ден резервиран за екипните натпревари, Заборски очекува добар пласман.
„Во дисциплината мажи имаме многу добар тим кој е спремен, подготвен.Се сретнуваме со Франција и доколку ја поминеме тогаш очекувам добри резултати и добра пласман“, изјави Бошко Заборски - член на македонската карате репрезентација.
Бошко Заборски вели дека овде немаат проблеми, одлично соработуваат со грчката репрезентација, па дури досега биле и заедно на подготовки.
„Немаме никакви проблеми. Уште од 1991 година, секогаш кога настапуваме грците се бунат ако на нашите маици пишува Македонија“, изјави Бошко Заборски - член на македонската карате репрезентација.
Македонската репрезентација настапува под референцата ФИРОМ. На спортската опрем не фигурира нашето уставно име, туку знамето и македонскиот грб.
Македонско-грчкиот спор и политиката останаа надвор од оваа сала, во која што се одржува европското првенство. Како што кажаа и македонските репрезентативци, овде победува спортот, а не политиката.