убав спорт, според мене, дисциплина, се тоа натаму..
Јас тренирам од 1 одд, веќе 10 години,
и ама баш ич не ми се свиѓаат натпреварите во Македонија..
смешно е, секој влече за свој клуб!
глупаво е и што се мешаат стилови како на пр. Шотокан и Вадарју, мислам пола судии не знаат дали тој од Вадарју греши или не!
ама затоа, тоа надвор од Македонија, веќе може да се нарече натпревар!
иначе се развива брзо, не викам не... ама лошото е тоа што за репрезентација сакаат спонзор, а такви клубови има малку, многу квалитетни деца заради тоа се приморани да останат на тоа ниво на кое што се..
а тоа што е најглупавото, е што некои што немаат поим од животот имаат црн појас!
тоа не можам да го сватам. Кога прашав еден судија зашто ја пуштиле да положи за црн, а ги згреши сите 3 кати, ми рече за да и се даде мотивација!!!
ма која мотивација бе човече?
али, се на се, прекрасно е чувството кога сум на тренинг, на натпревар и слично..