Има една група професори во Македонија, кои се обидуваат да создадат, односно да ја афирмираат идејата за морфопсихологијата, која демек ги поврзувала надворешниот изглед и психичките карактеристики на човекот.
Целата таа работа е многу заебана, бидејќки води кон создавање на дискриминација кон лицата кои поседуваат такви карактеристики.
Имено, на финтата најпрвин се сетил еден италијански универзалец, доктор, судија... Чезаре Ломброзо, кој така, си вршел експерименти со многу затвореници, и дошолдемек до некакво сознание дека криминалците се разликуваат од чесните луѓе по формата на главата, очите, веѓите, носот, челото, вилицата, устата...
Просто, иритирачки...
И сега, јас морав да учам од една таква книга за да положам еден испит!
Во неа стои дека луѓето со сини очи се ептен флегматични, мрзи светски невидени, дембели и слични епитети.
Иние со зелени, пакм демек, биле храбри, силни и хумани, секогаш се бореле за доброто на човештвото.
А оние со кафани/црни очи, ти биле страствени, со силни емоции...
И ај сеа, нели е ова чиста дискриминација. И во книгата не стои дека ова се теории, туку наводно, научно истражени факти!!! Жими газов.