Канал 5 ќе ги пренесува натпреварите од најквалитетните европски натпреварувања!

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
Ентузијазмот кај фудбалските фанови после минатогодишната новина наречена „Лигата на шампиони на Канал 5“ се повеќе и повеќе движи во обратнопропорционален терк од континуираната „луцидност“ на спортската редакција на оваа наша национална телевизија. Екипата на „петка“ никако да не' изненади со квалитетен избор за пренос од натпреварите од Лигата на Шампионите, односно македонската телевизија која ги има правата за најголемото клупско натпреварување се повеќе не’ изненадува со упорното продолжување по својот трагикомичен критериум за селекција на натпревари кои ќе ги пренесува во оној термин во двонеделието во кое се друго станува споредно, освен неговото величество, фудбалот.

Интер ТВ или Лига на Шампиони

Горан Пандев е нашата голема гордост, наш шампион, човек кој има направено многу повеќе за промоција на Македонија од било која македонска влада. Факт. Но дали тоа значи дека Интер треба да го узурпира нашиот ТВ екран секогаш кога ќе има натпревар во Лигата на Шампионите? Секако дека НЕ!

Канал 5 втора сезона по ред ги пренесува натпреварите од Лигата на Шампионите, но се чини дека сеуште не ги прележале детските болести. Обично се вели дека од грешките се учи, но оваа мудрост која ја кажале старите во случајов преминува на нивото на една обична флоскула бидејќи едноставно недела по недела се покажува дека во македонската фудбалско шампионска комедија, брзините се потполно помешани.

МТВ можевме да ја критикуваме за многу работи, но никако не и за изборот на преноси кој речиси никогаш не беше погрешен. Канал 5, телевизијата во која полагавме голема надеж дека ќе ни го претстави најдобриот фудбал во Европа на токму таков, европски начин, за жал се чини дека е претплатена на повлекување потези со кои не само што ја фаќа надолната линија кога е во прашање квалитетот на пренесената програма, туку уште полошо, се чини како да го прави истото од инат. Кон кого, веројатно ни самата спортска редакција не знае (сепак, целиот свет е преголем залак за да им биде противник. Само нагаѓаме.).

Веројатно се работи за аматеризам, можеби и за тврдоглавост, но упорно да се игнорира мислењето на фудбалските фанови е тотално погрешен потег кој само го зголемува револтот кај љубителите на фудбалот за кои и телевизијата ги пренесува натпреварите.

Доколку оние кои одлучуваат кој натпревар да биде пренесуван се некомпетентни, а мрзеливи да го слушнат мислењето на публиката, доволно е да препишат од тие кои знаат. Не мора да одат далеку, НОВА ТВ и ХРТ можат да послужат како вистински пример. Плетикоса, Чорлука, Крањчар и Модриќ ги бранат боите на Тотенхем, Олиќ игра во Баерн Минхен, Срна и Едуардо се главни во Шахтјор, а во Хрватска ќе се гледаат натпреварите Ајакс - Милан и Валенсија - Манчестер Јунајтед. Ах, тие чудни, назадни хрватски непатриоти... Треба да им одржиме лекција. Мораме, за да им ја спасиме телевизијата. Инаку, ХРТ2 ќе остане САМО на својата македонска публика.

Спортската редакција на Канал 5 веројатно смета дека фудбал во Македонија почнал да се гледа откако Горан Пандев се пресели во Интер. Не е за да замери човек. Веројатно добар дел од нив и почнале навистина да гледаат фудбал токму кога нашиот најдобар фудбалер стави параф на договорот со неро-азурите. Меѓутоа, чувствуваме за должност да им укажеме на растечкиот негативен публицитет на телевизијата, а уште потажно на нашиот Пандев, кој ни крив ни должен по форумите и фејсбук групите е посочуван како „дежурен виновник“ за бенигноста на вкусот кој го демонстрира Канал 5, па не ретко ќе сретнете коментари од типот: "Поради Горан Пандев сме приморани да го гледаме секој натпревар на Интер без разлика на нивниот противник".

Да се потсетиме, не беше одамна, Канал 5 му даде предност на натпреварот Интер - ЦСКА Москва во однос на дуелот помеѓу Арсенал и Барселона, па по лавината критики и огромниот притисок од фудбалските фанови, телевизијата се одлучи на комбиниран пренос. Комбинираниот пренос веројатно беше најлошото можно решение од сите, кое може да биде единствено пофалено од човек кој ќе ви искоментира „преносот од двата натпревари беше одличен, успеавме да фатиме 5 од 7-те постигнати гола на натпреварите“. Божем натпреварите се на рангот на „Чин-Чин“ програмите кои во раните 90-ти беа пренесувани на третиот канал на Македонската телевизија. Без комбинирање со Симпсонови, на пример.

Љубителите на фудбалот се веќе изморени да ги корегираат бисерите на Канал 5, па големите дерби натпревари ги гледаат на интернет, во обложувалниците или пабовите, не на Канал 5, бидејќи таму ги нема.

Партизан - Арсенал дерби на денот?

Споредувајќи го овој натпревар со останатите кои се играат во истиот термин, не можеме да најдеме никаква логика за директен пренос освен онаа јуносталгичарската. Можеби таквиот третман врз публиката резултира со „најголема гледаност“ [со сета релевантност на стотината пипл метри во Македонија и ранкингот на медиумите на листите во зависност од тоа дали нарачале таква листа, или фигурираат на туѓата нарачана], но медиумот покрај забава и „жарење и палење на рајата“ подразбира демонстрирање на одговорност, вкус и разбирање.

Шампионот на Србија против третиот тим од Премиер лигата, споредено со фудбалската класика Ајакс – Милан, два тима кои тежат десет титули во Лигата на Шампионите за разлика од Партизан и Арсенал кои заедно немаат ниту една, а тука е и натпреварот помеѓу шампионот на Англија и шампионот на Франција (Челзи - Марсеј).

Се прашуваме дали кога Вардар во 2030 година ќе го пречека Манчестер Јунајтед во Лигата на Шампионите, РТС ќе го пренесува овој натпревар или ќе се одлучи за дуелот помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид?

Пет минус

Кога стартуваше проектот Лига на Шампиони на Канал 5 можевме да следиме два фудбалски преноси, биравме помеѓу оној на 5ка и оној на 5+. Не помина долго, телевизијата увиде дека гледаноста се дели помеѓу двата канали, па ги укина преносите на 5+ со цел публиката да се фокусира само на Канал 5 која во тој термин треба да биде најгледаната програма, факт многу важен за привлекување на големите компании кои би инвестирале во маркетинг. Факт 2: Канал 5 се натпреварува со серии во вредност од 75-100 долари по епизода, што никако не смее да се игнорира. Меѓутоа, кога конкуренцијата е „нелојална“ и во прајм-тајм емитува програма која не е во нејзина продукција, а е „отровна“ по „широките народни маси“ (шпански, пардон, турски, пардон, ИНДИСКИ серии ретко се гледаат групно; фудбал знаете и сами како се гледа - толку од релевантноста на процентите) меѓутоа тоа не е оправдување работите да се направат по линија на помал отпор.

Оваа сезона телевизијата ги врати преносите на 5+, но на таа програма ќе одат можеби најнеатрактивните натпревари во колото: за денеска е најавен дуелот Базел – Баерн Минхен, за утре Хапоел – Лион. Телевизијата е „чиста пред публиката“ – емитува по два натпревари паралелно, одбирајќи ги најнеатрактивните дуели повторно со цел да ги собере сите на еден канал. Затоа пак, натпревари кои ќе немаме можност да ги видиме поради според сите параметри дуелите на сезоната во Базел и Тел Авив, се: Ајакс – Милан, Челзи – Марсеј, Валенсија – Манчестер Јунајтед. Се граничи со здравиот разум да ги споредувате овие натпревари со оние кои ќе бидат пренесувани на Канал 5+.

И, ајде да сумираме: натпреварот Интер – Вердер е одбран од “патриотски” причини, натпреварот Партизан – Арсенал од јуносталгични причини, натпреварите на 5+ од бизнис причини. Нешто недостасува, тоа се фудбалските причини!

http://24fudbal.com.mk/Default.aspx?news=fb3c6875-252a-4563-8f65-2eed5e852d41&ln=3&typeBack=default
 
M

Mario Gómez

Гостин
Интер-Вердер заслужува да иде на ТВ, вечер имаат добар избор, додека Манчестер требаше да оди на 5+.


Многу киксови направија во овие 2 кола, Интер- Твенте, Базел-Баерн, Партизан-Арсенал, Хапоел-Лион :nesvest: не требаа да одат на ТВ. Додека Баерн-Рома и Ајакс-Милан ги испуштија. Незнам дали намерно прават така или се луди.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.914
Поени од реакции
7.007
Боби[Мкд];3806424 напиша:
Интер-Вердер заслужува да иде на ТВ, вечер имаат добар избор, додека Манчестер требаше да оди на 5+.


Многу киксови направија во овие 2 кола, Интер- Твенте, Базел-Баерн, Партизан-Арсенал, Хапоел-Лион :nesvest: не требаа да одат на ТВ. Додека Баерн-Рома и Ајакс-Милан ги испуштија. Незнам дали намерно прават така или се луди.
Или двете :pos2:
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Наредно коло има тежок избор - Марсеј - Жилина, Брага-Партизан или Рома - Базел..? :toe:
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Јас ипак мислам дека ќе се одлучат за Панатинаикос-Рубин.
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Јас како што разбрав Брага-Партизан ќе иде.
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.044
Поени од реакции
6.071
Шефот на струката.

Ова е вторпат ова да го каже овој коментатор.
 

dwa

Член од
19 февруари 2006
Мислења
2.233
Поени од реакции
349
да не ми дојде памет на овие од канал5 да ја пуштат валенсија - манчестер ?
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Чек дали кажа „топката излезе во авто гол“?

Прв пат гледам Канал 5 ЛШ после доста долго време, а мислам скроз прв пат сам дома без друштво гледам и отсега почесто ќе практикувам место да симињам комедии од фејзддл...
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.044
Поени од реакции
6.071
Чек дали кажа „топката излезе во авто гол“?

Прв пат гледам Канал 5 ЛШ после доста долго време, а мислам скроз прв пат сам дома без друштво гледам и отсега почесто ќе практикувам место да симињам комедии од фејзддл...
Да, да. Така рече.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.941
Поени од реакции
16.256
Нај интересните мечеви ги пренесува канал 5 и 5- :vozbud::vozbud:
Интер-Вердер 3-0
Тел Авив-Лион 0-2

:tv:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom