Се уште се е сведено на шпекулации, така да никој е знае што точно се случувало целиот тој ден. Нека почиваат во мир и двајцата.
За пропустите што се направени се е јасно. Имаше изјави на некој од федерацијата и на еден професор од факултет. По изјавата на тој од федерација, Трансферзалец имале само 1 водич (вкупно 7 во Македонија) со лиценца за зимски качувања, а тој не бил на турата. Истоив човек кажа дека за таква тура, со околу 50 планинари, треба да има околку 20 лицанцирани водичи, поточно по еден водич на 3 планинари. За ова мора да сносат одговорност од Трансферзалец. Итсо така последнилот или последните двајца (не ми текнува како кажаа) треба да бидат лиценцирано водачи, за да не може никој да заостане и да се изгуби. За опремата на планинарите итекако е одговорен организаторот. Пишува таму дека ако водичот процени дека некој нема соодветна опрема може да го исклучи од групата. Од она видео од еден од планинарите, ја кој уопште не се разбирам, можам да видам дека опремата не им соодветсвуваше со условите во кои беа. Организаторот добро знаел какво ќе биде времето, дека се очекува сген, силен ветер, магла, и морал да ја одкаже турата или да тргнат само оние со потребната опрема.
Колку што можев да прочитам и Калина и Александар биле искусни планинари, секогаш ведри, добри луѓе. Жално е толку рано да завршат вака, уште па и онаму каде што и двајцата уживале и поради нешто на кое со цело срце му се посветувале.
ПС: Ако може муабетите за што се случило, кој е крив, кој не, префрлете ги во темата Планинарење. Да не ја труеме темата.