Калина Велевска и Александар Миновски, членови на планинарскиот клуб ,,Трансверзалец“

Член од
15 јануари 2011
Мислења
371
Поени од реакции
497
Известување од блиски роднини на фб:
Ве известуваме дека Калина ќе ја испратиме во четврток (15.02) во капелата на градските гробишта Бутел од 12 до 13 часот. Погребот е во 13 часот.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
T

Terroir

Гостин
http://sitel.com.mk/neoficijalno-prichinata-za-smrtta-na-dvajcata-planinari-na-kajmakchalan-bila-hipotermija

A од видеото како заклучи дека е провалија, најверојатно ископале дупка во снегот да се заштитат од студ/ветар.
Па уште од првите 15тина секунди се гледа дека едно од телото го вадат од провалија. Не сакам да шпекулирам ама според мене голема е веројатноста еден од нив да паднал во провалијата при симнувањето а без опрема (јажиња и сл) си лимитиран да помогнеш, па веројатно другиот чекал на помош која касно дошла (премрзнал).

Епа иди ти ризикувај свој живот на такво невреме, за некој што сакал адреналин на максимум, без да размисли за последиците ... си има правила како се изведува спасувачка акција, не е ова Холивуд.
Јас не бидејки не сум хардкор планинар ама верувај да се има објавено одма по медиумиве и да се известеле другите планинарски здруженија, одма ќе се јавеле искусни планинари да помогнат во ситуацијава па дури и да се ангажираат припадници на нашите воени/полициски единици кои имаат спремни алпинисти за секакви ситуации.
И не само од нашава држава туку и од Грција лесно може да се префрлат до некоја точка и да извршат спасувачка акција побрзо.

Не е до толку висока и опасна Кајмачалан за подготвени искусни планинари (што ги има во државава) ако се соодветно опремени и знаат што треба да направат..
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Се сеќавате на играта расипан телефон што ја игравме како мали? Кога шепотиш нешто кон еден, тој го шепоти на друг, итн. и скоро секогаш на крај стигнува друга информација од првобитната? Е, па, таа една, навидум едноставна игра, ни го објаснува животот. Животот е расипан телефон. Библијата е расипан телефон. Науката знае да биде расипан телефон.

Суровата вистина е дека овие животи немаше да згаснат доколку не се одвоиле. Дали се одвоиле за да помогнат, дали се одвоиле ради его - па и не е многу битно во моментов. Нека почиваат во мир, ама некако не сакаме изгледа тоа да им го дозволиме.

Временските услови за ова искачување биле непогодни. Планина знае да изненади во лето како што пиша еден член, знае НЕВЕРОЈАТНО да изненади во ноември, а да не правиме муабет дали може да „изненади“ во длабока зима. Оваа тура требала да биде прекината. Оваа тура не смеела да се одржи. Колку и да било тоа депримирачко, да станеш рано, да се спремиш, да поминеш 200+ километри, морало да се истрпи, затоа што еве што се случува. Најчесто ваквите ситуации ги споредувам со поминување на црвено. Има тешки дебили што поминуваат на црвено, нели. Ќе поминат 99 пати и ништо нема да се случи. Но што правиме за 100-тиот пат ако нешто се случи? Тогаш паѓа во вода се. You can never be too careful е еден од најпотценетите совети, за било што во животот. Откако го следам, имам многу помалку проблеми.

На планинарска тура првпат бев минатата година баш на 11 октомври, среда. Не бев воопшто запознает со правила, со водичи, организација и слично така што си одев некако „на свој ризик“ со другар и другарка. Турата беше на Шар Планина и се качуваа два врва ~2600 метри. Турата беше организирана од Трансверзалец и имав можност да се запознаам со Зоки москито.

На турата имаше околу 150 луѓе, и мислам дека имаше 3 водичи. Тогаш од муабети ваму таму со луѓето од групата разбрав дека мора да има водичи напред, во средина, и на крај, за тие најбавните. Друштво ми беше во најбавните така да бевме на крај. Не дека ја нешо сум многу јак, ама ради девојчево бевме на крај. Небитно. Мене како лаик, дури и некако многу јако ми се виде тоа што мора да има водич со нас на крај. Поздрав до Кузман :) Па уште кога видов дека имаат воки-токи... па-па-па.

Како и да е. Краткиот разговор што го имав со Зоки москито, и со останати во врска со Зоки москито ме наведе да помислам дека Зоки е супер човек. И покрај тоа што Зоки беше најнапред нели, сепак правеше често паузи ради останатите но и ради тоа што имаше проблеми со коленото. Од други луѓе разбрав дека Зоки требал да биде во некоја македонска тура за искачување на Монт Еверест и дека Зоки еднаш „спасил“ некој што се изгубил, познавајќи ја планината на памет. Овој што се изгубил, се слушнал со Зоки на телефон, Зоки го прашал „што гледаш“, овој му рекол глеам едно такво и такво дрво, Зоки му рекол отиди до дрвото сврти лево продужи 500 метри и ќе се најдеме. Не сакам да бидам лош но наводниов коментар од фамилијата за интелгенцијата на Зоки веројатно се базира на неговата фацичка. Таква му е малце, да не бидеме површни и со 99% шанса за погрешна проценка, сепак делува малце... така. За парите не знам што толку се запнале, тие пари за учество никогаш не се задолжителни. Слободно можеш да отидеш и да не платиш. Не ти става никој нож под грло. Баш ги слушнав едни тогаш, му спомнаа Зоки ама немаме пари, им рече да сте живи и здрави.

За време на оваа тура, од половични муабети разбрав дека еден во турава всушност ПОЛАГА за водич. И наводно професорот бил Зоки и он требал да каже дали овој положил или не. Тука малку повеќе се заинтересирав, но блиските немаа доволно познавања и не ми дадоа баш најсјајни одговори на моите прашања поврзани со ова.

Ете ви малку расипан телефон.

Бидејќи бевме последни, не успеавме да ги искачиме двата врва и всушност под вториов врв бевме кога други веќе беа скоро вратени од искачување на првиот врв. Така што со овие шо се вратија заедно се качивме само на вториот врв. Многу сакав да отидам и на другиот врв, ама тоа, е немаше време ќе се стемнеше, не ме пуштија и си бев послушен.

Што да се каже за крај освен да се повтори you can never be too careful. Не си играјте со планина, не се делете, бидете секогаш спремни со опрема храна вода гаџети, пратете го времето... колку и да звучат клише работите, ете, некогаш може да ти спасат живот.

Се надевам дека оваа крајно трагична случка, ќе воведе многу повеќе свест кај сите луѓе, особено кај организаторите. Треба да се има строгост, авторитет и дисциплина. Треба да се става потпис некаде.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Од тука напишаново низ темава и искуство на луѓе што биле по вакви тури може да се заклучи дека и тоа како треба да се подобри организицијата и правилата кои што треба да се почитуваат на вакви тури.
Но и да се направи разграничување до каде е одговорноста на организаторите а каде веќе секој си е одговорен сам за себе.

Едноставно и при почитување на сите правила од страна на оргинзаторите можни се вакви несреќи. Некогаш колку и да е се по пропис сплет на околности можат да доведат до вакви сценарија.
 
Член од
17 март 2014
Мислења
321
Поени од реакции
478
Мене ме интересира кој е тој или таа агенција/институција што издава лиценци за водич? Кај се полагаат тие тестови?
Федерација на планинарски спортови на Македонија, комисија за планинарски водичи http://www.fpsm.org.mk/komisija-za-planinarski-vodici/

Инаку ФПСМ е членка на UIAA меѓународната федерација http://www.theuiaa.org/ , додека во Македонија делува и уште една меѓународна федерација со име UIMLA https://www.uimla.org/cms/ во неколку клубови ви Македонија како федерација на професионални планинарски водичи (тие наплаќаат за услугата, ние не).

ne, vcera na telma imase objasnuvanje kako se izdavaat licenci od asocijacijata za planinarski vodici, obukata trae 2 godini, so 676 casovi sve na sve, 80% prakticna, 20% teoretska, i sekoja godina so odenje na seminari se obnovuvaat dadenite licenci, mislam deka 2 seminari mora da se posetat za da se obnovi licencata za vodic.
Momentalno 40, od vkupno 140 koi dobile licenca za vodic, ja imaat istata obnoveno i se aktivni vodici.
E sega pokraj ovaa asociјacija, neznam dali nekoj drug dava vakvi licenci kaj nas, oni se vodat spored megjunarodnite profesionalni standardi za vodenje na planina, ova sve bese objasneto vcera od nivniot pretsedatel na Telma.
Господинот Циривири е претставник и раководител на MAIML која е дел од UMLA.
Листата на планинарски водичи под ФПСМ е тука http://www.fpsm.org.mk/wp-content/uploads/2018/01/1-16-01-2018-.pdf како што гледате, не имаше само 70 (сега 69). И тоа ова се сите планинарски водичи, со сите можни лиценци. Водичи во зимски услови (Б лиценци) се значајно помалку, цели седум (подолу е списокот).

Чисто колку да знаете, за да се стане планинарски водич од А1 категорија, треба да се посетува курс од една недела каде што целодневно се учат многу работи, како теоретски, така и практично. После тоа се работи семинарска работа со прикажување на една акција по сите правила (реална или измислена).
После таа семинарска работа, се пресметува колку приправнички акции некој кандидат треба да има. Обично бројката се движи помеѓу пет и петнаесет во зависност од искуството, резултатите на тестовите и практичните задачи, како и од изработената семинарска акција.
Приправничките акции се изработуваат во рок од две години и сп обавезно присуство на менор, кој на крајот пишува паралелен извештај со приправникот и врши оценување на истиот.
Јас и бев ментор на Калина во две акции.

Океј. Според правилник, на група од 50 луѓе, колку водичи треа да има и колку имало на турава? Да почнеме од тоа, па да продолжиме со муабетот, може?
Минимум десет во идеални услови и под услов да ги знаеш можностите на сите учесници и да имаш идеални услови на теренот.
Такво нешто кај нас е фантазија (не е дури ни научна фантастика), со седумдесет планинарски водичи на територијата на цела Македонија, тоа не е можно. Кога можеме, си помагаме меѓусебно, иако не сме од исти клубови, ама пак не може да се постигне.

Нека се плаќа бе брат, нека се плаќа и по 50 евра. Не може тоа да биде оправдување зошто на крај, пак доаѓаме до тоа се' е за профит?
Ти би платил ??
Откако станав планинарски водич, јас сум во постојана финансиска загуба. Не само што ги водам луѓето, туку се грижам и за превозот и за организацијата и за уште иљада други работи за кои не сум помислил дека ќе се грижам.

Расправајте се колку сакате, барајте закони.
Москито и да нема одговорност (а не сум убеден дека е така) е познат по оставање луѓе по планини. Со години ми е ова хоби. Летоска оставија девојки од Прилеп на враќање од Џинибег. Тие го тужеа, не знам со каков исход заврши. Тоа се тотално неодговорни ликови. Не ви посакувам да доживеете некој да ве остаи у облак, мокри, смрзнати, изгубени.
Не се свесни семејствата колку луѓе сочувствуваат со нив. Се тресам додека го читам писмово и уште повеќе ми е жал. Можеме да праиме муабети за Калина, ама револтот е огромен.
Бев во Смрека на поаѓањето на групата кога тргнаа на Бело-Боговињско-Црно езеро. Не само што уште на почетокот во најавата на акцијата беше најавена како долготрајна (преку 30 километри), туку и на самиот почетоко на акцијата беше кажано дека ако не стигнат до Бовињско езеро за одредено време, истите да се спуштат во Ново Село и да не продолжуваат понатаму накај Црно езеро. Не само што не ги послушаа советите, туку инсистираа да одат до крај, па последните стигнаа во Ѓурѓевиште во девет часот навечер. На истата тура имаше госпоѓи кои се жалеа дека водичите не сакале да им ги носат ранците зошто истите биле уморни и не можеле да пешачат толку. Само кој ги шиша водичите, ние сакаме да видиме три езера на триесет и нешто километри.

Еве пост од пред година дена за "професионалноста" на друштвото...
https://www.facebook.com/elena.najcheska/posts/10205606670600742

Штета за дечкиве, секогаш е жално кога некој го губи животот толку млад.
Ај почни со читањето на текстот, прва планинарска акција па одма на Кобилица.
Кобилица е најтешкиот врв за искачување во Македонија, на должина од околу шест километри се искачуваат околу 1.350 метри, од тоа и јас се плашам како искусен планинар и планинарски водич. Колкав генијалец треба да бидеш за да не видиш каде, колку и што треба да искачиш, барем да се распрашаш кај поискусните, а истот се однесува и за втората акција, во среде лето треба да испешачиш повеќе од триесет километри по гол терен без заклон од сонце и пак некој друг ти е крив ???

Да се разбереме, дека е лесно да се води група, не е. Не можеш ништо легално да направиш доколку некој не ги следи правилата на организаторот. Единствено што можеш да направиш е да го исклучиш од твојата група, ама не и од твојата совест. Имав случај кога двајца непознати пијани луѓе дојдоа со нас на едно (за среќа) полесно планинарење, слушнале дека ќе одиме во Црна Гора и дека ќе има пиво таму. Дури ме прашуваа дали им требаат пасоши за Црна Гора.
А одевме на Скопска Црна Гора.
Истите никако не сакаа да се вратат и упорно тврдеа дека можат. Како човек, не можев да ги оставам, па задолжив двајца од моите поискусни клубски членови да внимаваат на нив. Среќа за половина час од тргнувањето алкохолот делумно им испари од главите, па одлучија да се вратат назад (сеуште бевме на слескиот пат од каде што се гледаше почетната точка, па ги пуштив самите да се вратат назад во селото).

Што се однесува до снимката каде што се гледа ветерот, снимката може да биде од врвот или од пред хотелот, ништо од неа не можете да заклучите, нарочно не дали имаат соодветна опрема на нив. Ако не е длабок снегот нема потреба од камашини, ако не е доволно цврст снегот нема потреба од дерези (истите може да се во ранците), а што се однесува до ветерот, не е до толку страшно колку што изгледа, јас истиот викенд се искачив со помала група на Мусала во слични или полоши услови.

Затоа би ве замолил да не шпекулирате и да дозволите комисијата на ФПСМ и ПСД Трансверзалец прво да излезат со свое соопштение, па после да се суди кај што е кривицата. Вака можете само да претпоставувате и грешите.

За крај, ги знаев и Калина и Ацко, Кале далеку подобро, ми беше добра пријателка и сме се дружеле на многу планини и вон нив. Со Александар се знаев, ама не до толку добро, ама сепак знам дека беше спремен и опремен. Никој не може да ми докаже дека личност што два пати во две години ја изоде западната македонска трансверзала (околу 220 километри за недела до десет дена) и човек кој го качил Мон Блан не бил спремен за една стаза од Лутраки до Кајмакчалан, која вообичаено во нормални околности се смета за рекреативна прошетка.
Несреќи во планинарењето се случуваат и на најдобрите, ама не значи дека секогаш мора некој да биде крив за тоа.
Пак ќе кажам дека не сакам да давам било какви заклучоци, бидејќи не сум бил таму и не знам што се случувало. Да причекаме да се изјаснат и Трансверзалци и ФПСМ.

А дека срцето ме боли за Калина и Александар, ме боли.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.531
Поени од реакции
34.685
не сакам да сум црна овца, ама по социјални медиуми се пишува само за девојчето а ретко кој го споменува Александар
... затоа во насловот ја имав само спомнато почината Калина, оти за нејзина трагична смрт со сигурност потврдија, додека за момчето се уште се шпекулираше така да не сакав да погрешам доколку спомнам име кое потоа ќе го демантираат... сепак реакцијата на администраторот со менување на насловот со додавање на името на починатиот планинар апсолутно е оправдано направено!
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
@Anon @Trpe Grozni

Правење митови околу спремноста на луѓе е вообичаена работа за средина што е редовно неинформирана за суштински работи од живеењето. Не само за спремноста, туку и за моќта, интелигенцијата, за се'. Планинарењето е несуштинска работа, ама многу опасна. Каков е човечкиот пристап во здравството, образованието, таков е и овде. Друштвото Трансферзалец е избегнувано од поискусните планинари - тоа е нешто што го имам како впечаток низ овие 10-тина години и повеќе активност.

Ај сеа да им објаснам на тие шо не им ова интерес. Друштвото од лани организира отворени планинарски акции "12 врвови" - многу интересна идеја - да се афирмираат помалку искачувани планини низ целата земја.
Е што има лошо у тоа? Ова - ти со 100 кила, едно одење до Средно со кола и желба за слабеење, одиш во гранапчето кај Кузман и купуеш карта на парагонче за Веливар. Тетката нити ја занима кој си, ни дали е за тебе картата, даваш телефон и ти си у игра. Пример: на Веливар (Дешат) се оди во еден правец, одиш во Битуше, те земаат во Жировница, ако не го качиш, имаш малку опции, а ако си негде на пола пат и спљушти некој облак - немаш па ич опции. Има на некоја од претходниве страни пренесено искуство на извесен Зоран, кој многу добро опишува каков бил односот на водичите кон последните. Тоа е муабет што редовно се зборува низ планинарските кругови и само се поставуваат прашања како не допираат истите искуства до тие што се пријавуваат. Е сеа, у тоа кој све се пријавува, јас лично проблемот го гледам во селекторите. Денешно време, фејсбук, инстаграм...јас имам слики ставано од места, сме клизале по сипари, кинеле облека, дехидрирани, сме проаѓале по 40км и после денови ти требаат за recovery, ама тоа сликата не го кажува и секој човек што ќе види нешто убаво е во духот "и јас сакам и јас можам", ама водичите се тие што после 500 метра одење знаат дали тој што решил да дојде се преценил. И Трпе, знам дека звучи смешно, ама има луѓе што не разбираат што се 30 км, има луѓе што не разбираат дека не е баш нормално некој друг да ти го носи ранецот....доаѓале бубуљичави копиљаци што се пцујат дома со родителите и не ги слушаат, у патики на снег за на Титов Врв - сакам да кажам дека не се одвојува време за примарна, основна селекција на луѓето - тоа нели е неодговорност? Отворена акција значи голема претпазливост, многу водичи, проверка на опремата секогаш и што е според мене најважно - отворена акција не се праи у секакви временски услови. Снег, ок, ама имаш снежни денови со послаб ветер, со видливост. Има и промена на време, ненадејна - викаш „стоп“ и сите се враќаат назад. Тоа се многу едноставни работи, што едноставно не се праат овде, се нема осет, елементарна.

Во последно време тоа што многу ме иритира, се организираат масовни зимски акции, со отворени евенти на фејсбук. И тоа не го праи само Трансферзалец, туку кој стигне. Кој к***ц ви е бе луѓе? Имало на акцијава жена со дете? Кој е луд тука?

Пред неколку години ја возобновија западната транасферзала - секоја чест. Такви потези ја раздвижуваат активноста на планина, повлекуваат интерес, те покажуваат како сериозен планинарски клуб и воопшто значат нешто за државата. 170 километри, 7 дена во дивина - на првата се пријавиле двајца кои утрото кога тргнале, организаторот прв пат ги видел во живот - тоа што ви кажува?

Александар бил на Мон Блан со многу јака екипа, може најдобрите алпинисти што ги имаме во моментов и верувам дека штом го земале со себе, дека дечкото бил спремен. Ама нема бессмртно спремен човек. Еден Ули Штек што на трчање го качуваше Ајгер, лани загина на Лотсе (врв спроти Монт Еверест, над 8000) - само планината е непобедлива, никој друг. Мон Блан го спомнувам затоа што знам како се организираат тие тури. Се одат многу, многу зимски тури во Македонија прво, се оди на карпа, се учат техники на одење со дерези, спасување при пролизгување со цепин, одење во наврска и календарот на акцијата секогаш вбројува екстра денови заради временските услови, кои најчесто се неповолни и се чека ден со добра прогноза. Луѓе трошат пари за опрема, штекаат пари за турата, одат таму една недела, не им се отвара времето и си се враќаат назад - тоа ти е судбината (или да те вратат во вреќа). Швајцарците се доста строги и има да ти го наплатат хелихоптерот и дневниците на спасувачите заедно со еден куп казни ако вака постапуваш, па ќе работиш цел живот за да се отплатиш - е тоа е пристапот. И има тука луѓе што пишуваат дека Кајмакчалан, поточно Ниџе, не е тешка планина - немојте со такви муабети. Се гине и во поле во невреме. Самата висина на планината ги прави условите многу пати потешки.

Личи мојов муабет дека на нешто наведувам. За жал многу од нашите коментари овде и на фејсбук се поклопуваат со напишаното во писмото од семејствата. Јас лично мислев дека имаат поблизок однос со водичите во клубот, ама тие ме убедија во спротивното.

На крај, нешто што мора да се превземе и не можам да го заобиколам. За такви луѓе некој така бездушно да пишува....мора у државава да проработат институциите инаку вака ќе продолжиме да си се ситниме.
http://republika.mk/882886
 
Член од
17 март 2014
Мислења
321
Поени од реакции
478
Ти личи муабетот, ама личи и тоа дека ако ја прекинеш акцијата има луѓе што ќе си ја продолжат на своја одговороност.
Баш тоа се случи на зимското искачување на Титов Врв во далеку полоши околносто од оваа акција на Лутраки. Иако Траснверзалец ја прекина акцијата, петнаесетина планинари пак го качија врвот.
Да се разбереме во една работа, не ги преценувам или глорифицирам, ја знам Калина многу добро и ќе кажам дека физички беше поспремна од мене. Со Александар се имам качувано, физички е спремен. Опрема имаа и едниот и другиот.
Знам и каква е организацијата на Трансверзалец, сум бил на многу нивни акции воглавном како дел од екипата од мојот клуб и сум помагал во водењето било во средината, било на крајот (не официјално, ама сум помагал колку што сум можел). Колку и да зборуваме, Трансверзалец секогаш имал некој на почетокот, средината или на крајот, водич или поискусен член кој ги собирал заостанатите (кога можел тоа бил Мијалчо, еден од најискусните водичи и членови на Трансверзалец).

Се согласувам дека некои не би требало да одат на акции, ама ти како водич или организатор не можеш да знаеш кој колку и како може. Секој првенствено треба да си ги знае своите сили и можности. Не можеш од прв пат па БАМ дирекно на Кобилица, прашај, дознај, види на мапа, прочитај што пишува во најавата, не се преценувај, па дури потоа одлучи дали ќе одиш.

Инаку по извештајот од аутопсијата, излезе дека двајцата немале надворешни повреди, туку дека починале од премрзнување, Александар дури и давал знаци на живот при извлекувањето. Колку што знам, Зоки со уште неколкумина ги барале скоро цело време, едноставно поради теренот и времето не можеле да ги лоцираат на време за да ги спасат.

Лесна нека им е земјата.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Пушти ја Кобилица сега.
Објавите на фејсбук треба законски да се забранат.
Одење на акции само со планинарска книшка и само луѓе што се следени дека се физички активни. Знам дека не може да се запрат кога веќе си ги качил во автобусот/комбето, ама јас зборам дека селекцијата треба пред тоа да се направи, а со тоа никој не се замара. Ко да му дадеш на мало дете да си игра со нож или упаљач - „епа јеби га, не ме разбра“ - па нормално дека нема да те разбере и у тебе е грешката, а не во детето.

Ивица загина летоска, би рекол на сопствена одговорност. Дури за него како ми беше жал. Човекот беше еквивалент на Калина, цело време насмеан, секогаш добар со сите. Да не зборам колку пати прибираше такви залутани по планина. Меѓутоа пак мислам дека и во неговиот случај, како заедница сносиме сите одговорност. Отишле да качуваат после врнежлива ноќ, без осигурување. Создадена е една атмосфера у која човечки живот ништо не вреди и затоа доаѓаат коментариве „абе тоа е, планинарска несреќа“. Многу, многу значи да има организирана заедница планинарска, која преку позитивни примери ќе покажува како се постапува регуларно, како се функционира нормално, а не вака.

Штета е....последниов период какви луѓе отидоа...
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.135
Од ова што го зборите излага дека организацијата има пропусти кај оние што за среќа се преживеани т.е пропустите се однесуваат на неискусните планинари а не кај жртвите во случајов, Калина била еден од водачите а Александар исто така искусен паланинар а што се случувало и која е вистинската причина за одвојувањето од групата се уште не е утврдено.

На екстремен спортист не можеш многу да му влијаеш на такви одлуки они најчесто му пркосат на ризикот и се одлучни, ти не можеш да убедиш мотоциклист да не се спушта по "The Death Road" патеката и да му велиш дека посигурно е да вози на автопат за да не погине, иако свесен за ризиците и свесен дека 90 посто има шанса да погине он ќе ја одбере поекстремната патека, не знам колку екстремен спортист пре би избрал убав сончев ден за планинарење или невреме, е сега дали нив предизвик им било невремето или во случајов станува збор за избрзана и лоша одлука не се знае, сепак биле искусни не верувам дека било избрзана одлука, некој од овие што пишуваат тука и секаде по социјалните мрежи гледам многу наивно ги сфатиле екстремните спортови, друго е да вреднуваш човечки живот а сосема друго е да си свесен за последиците од ваквите спортови.
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.135
Невреме не може да ти е предизвик, не тропај глупости кога поима немаш.
да се слагам дека не може да биде предизвик за твојот закржлавен мозок кој резонира субејктивно, еднострано и ограничено.
 
Член од
17 март 2014
Мислења
321
Поени од реакции
478
Ај не се расправајте за глупости.

Уште еднаш, биле последни во колоната, нивната функција е да не остават никого позади себе. Слушнале дека две личности (споменатите мајка и ќерка) ги немало и тргнале да ги побараат во црквичката на врвот.
Истите тие, веројатно без да се јават кај водичите, самостојно се вратиле во домот.

Ова е некоја полуофицијална верзија, според мене најточна и по неа Калина и Александар само си ја вршеле водичката должност како заднинско обезбедување на групата.

Се останатото е глупост.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom