Калина Велевска и Александар Миновски, членови на планинарскиот клуб ,,Трансверзалец“

Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785
Дека проблемот кај неа бил што имала (или немала сеедно) постар дечко и дека ако и било оти шарена била.
Тие два коментара се дно. Подоле - здравје.
Да се само тие добро ќе биде ама ние допревме ново дно по несреќниов случај, јас сериозно се запрепастив од некои коментари шо кружеа по интернетов.

Некои од тие работи страшно е човек да ги помисли а не пак да ги напише за да може сите да ги читаат.[DOUBLEPOST=1518526729][/DOUBLEPOST]
Kako sto go razbrav konstantin ciriviri ( pretsedatel na komisija za vodici na planini ), na telma vcera, nema letna i zimska licenca, edna e, so toa sto licencite koga se dobivaat, treba da se obnovuvaat sekoja godina, imalo 140 licencirani vodici kaj nas, ama sekoja godina sekoj od niv trebal da posetuva seminari za da ja obnovi licencata, a takvo nesto napravile 40 samo od niv za ovoj period, i tolku poseduvale licenca. Dali imalo takvi vo grupava ili ne, ne se znae.
Второ и еднакво битно прашање е колку водичи имало на таа група од 50 луѓе.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Kako sto go razbrav konstantin ciriviri ( pretsedatel na komisija za vodici na planini ), na telma vcera, nema letna i zimska licenca, edna e, so toa sto licencite koga se dobivaat, treba da se obnovuvaat sekoja godina, imalo 140 licencirani vodici kaj nas, ama sekoja godina sekoj od niv trebal da posetuva seminari za da ja obnovi licencata, a takvo nesto napravile 40 samo od niv za ovoj period, i tolku poseduvale licenca. Dali imalo takvi vo grupava ili ne, ne se znae.
Така е последниве години изгледа во сите професии кај што има лиценца, мораш да одиш на семинари и да збираш бодови за обнова, кај лекариве барем знам дека е така.

Мене ова со лиценца за летна и зимска тура ми е малку смешно, како да споредуваш книга по анатомија од медицински со етика од педагошки.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
tekstov e od 4ti juli, 2017, povrzan so turite na Transvezalec, tekst kade moze da se primetat dosta propusti pri nivnite turi, i ignoriranje i na najosnovnite regulativi povrzani so bezbednosta na ucesnicite vo nivnite turi, od faktot sto bukvalno sekogo primale, do nemanje na vodici, kako i ignoranten i aroganten odnos na istite, pa duri i napustanje na onie koi bile posledni vo grupata, a nekogas ne ni imalo vodici na krajot. Pa i procenkite za vremetraenjeto na iskacuvanjata i spustanjata im bile pogresni, ili se odnesuvale samo na apla iskusni planinari, a ne i za pocetnici, lica koi fizicki ne stojat bas najdobro, ili imaat prekumerna tezina ... a bile primani na turite samo zasto platile.
Значи дива лига е целата организација на туриве. Ова во текстов се пропусти заради кои ако јас би бил главен организатор на турите/друштвото, истото сместа би го затворил без око да ми трепне. Оставање на луѓе во планина кои многу веројатно прв пат во живот се наоѓаат на едно таков место во најмала рака е нечовечки. Да ја пишувале правилно тежината на турата можеби до негде и би ги разбрал затоа што никој не е должен да се ебава со тебе ако си на нула со физичката спремност, но кога веќе кажуваш дека ‘‘сите може да дојдат‘‘ има да го испотиш гзот и се ќе направиш за тоа ветување да го исполниш. Всушност мене и тоа најмногу ми смета што ете на некои тури ги ЛАЖЕЛЕ луѓето, а од друга страна па кога ќе прочиташ дека станува збор за профит/пари се е јасно.

Многу виситна има и во тоа што мислам дека @Peja989 пиша дека планинарењето стана мода кај нас. Луѓево барем од тоа што може да се слушне во некои неврзани разговори многу ја потценуваат планината, а реално не се спремни да истрчаат ни 5км на кеј или па да го искачат Водно макар правеле и 10 паузи од државна до крст. За други работи како опрема и се што треба да имаш во ранец за зимски услови ич не ми се прави ни муабет. Кажав и претходно, искачување на 2500м надморска височина во зима не е екскурзија од основно па да тргнеш со ранец во кој што собира литро вода и сендвич. Од друга страна па самите организатори со пишувањето прават турата да изгледа како да се качиш од прв до последен спрат во Џевахир и ете ти еден куп работи кои што предизвикуваат забуна кај луѓево. Дефинитивно ќе мора со закон да се стегне целата оваа работа и во иднина добро да размислат организаторите кого ќе земат на вакви тури.

Инаку според ФПСМ, друштвото Трансверзалец имало само еден водич со лиценца за зимски тури и најверојатно истиот не бил дел од турата, или па не ја преводел истата, сеедно. Турата најверојатно ја водел водич кој што има лиценца за планинарење во летни услови. Друго што они кажуваат е дека за ваква тура во зимски услови во која учествуваат 50 луѓе потребни се 15-20 водичи кои што се лиценцирани за водење во зимски услови, а во Македонија има само 7 водичи со лиценца за зимски услови.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.544
Уште по ХАСАП систем нека напраат за планинарење и 80% нема да фатат услов во автобус да се качат, не па да почнат планина да искачуваат..

алооо природа е тоа, ако сакам и бос ќе одам и никој нема да ме запри, потпишувам дека одам на сопствен ризик па ако треба и гробот нека не ми го најдат... никој со сила не те тера да планинариш, башка сигурен сум дека овие што пропагираат правила и прописи по социјални мрежи и што изигруваат детективи на раце да ги носиш нема да појдат, за тие што се чувствуваат спремни и 250км на час ветар да дува нема да ги спречат да не појдат. И дали до толку треба некој да ти кажи дека во зима во фебруари треба да носиш зимски опреми, а ти по некоја случајност очекуваш сонце и плажи горе на планина... ЈБГ се случуваат вакви работи али треба да се олабави со воведување правила и прописи за се и сешто. Само така може да ги стасаме американците и некој да ни кажува дали треба да јадеме TIDE PODS, дали ако ставиме телефон во микробранова ќе експлодира и слично. А за тој што вовел правило на 50 души да има 20 водичи нека седи дома и нека гледа јутјуб како другите искачуваат планини, нема потреба воопшто да се мачи да оди, па потоа некој за рака да го носи.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
У темава само фали на оние што викат Бог да ги прости да им се реплицира со моментот а што ако нема бог е до таму ја затеравте.Многу луѓе во ова држава треба да одговрат за многу работи но ништо од тоа нема не викам дека не треба да се даде значење на ова и дека не треба да се разговара или пак да се превземе нешто КОНКРЕТНО во врска со ова но сепак паралелно државава како сега така и години уназад има лавина од проблеми па се тапка во место мислам ве молам дај приберете се малку не ми се расчепкува на пошироко со тастатурава бидејќи ако продолжам ќе ми го нема мислењето подобро да имам половично мислење пишано отколку целосно каде што за кратко ќе му се стават нозе и ќе кидне(нажалост).За некоја недела никој и нема да се сеќава (Освен родителите и пријателите на починатите).
Еве ви дел од луѓе што повеќе не се меѓу нас,а треба да одговарат ЗА УБИСТВО и се шетат како слободни низ нашиот град.Ова се два примера каде што нефункционалноста,немоќта и корумпираноста на една земја се собрани во едно,а имаме МНОГУН ПРОБЛЕМИ МНОГУ верувајте ми....
Ако мислте дека ова е надвор од темата гадно се лажете бидејќи како и да е зборуваме ЗА ОДГОВОРНОСТ.Доколку не сте запознаени со тој збор време е малку да ве просветлиме,а и претпоставувам дека поим немате што претставува тоа бидејќи толку добро е скроен нашиот систем да никогаш ни еден не го има јадено курот ака ОДГОВОРНОСТ во сиве овие години.

Обврска за совесно и добро извршување на примената должност, работа, задача со прифаќање да се одговара за лошото извршување, грешките, неуспехот во тоа.

1.Фросина

2.Тамара
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Уште по ХАСАП систем нека напраат за планинарење и 80% нема да фатат услов во автобус да се качат, не па да почнат планина да искачуваат..

алооо природа е тоа, ако сакам и бос ќе одам и никој нема да ме запри, потпишувам дека одам на сопствен ризик па ако треба и гробот нека не ми го најдат... никој со сила не те тера да планинариш, башка сигурен сум дека овие што пропагираат правила и прописи по социјални мрежи и што изигруваат детективи на раце да ги носиш нема да појдат, за тие што се чувствуваат спремни и 250км на час ветар да дува нема да ги спречат да не појдат. И дали до толку треба некој да ти кажи дека во зима во фебруари треба да носиш зимски опреми, а ти по некоја случајност очекуваш сонце и плажи горе на планина... ЈБГ се случуваат вакви работи али треба да се олабави со воведување правила и прописи за се и сешто. Само така може да ги стасаме американците и некој да ни кажува дали треба да јадеме TIDE PODS, дали ако ставиме телефон во микробранова ќе експлодира и слично. А за тој што вовел правило на 50 души да има 20 водичи нека седи дома и нека гледа јутјуб како другите искачуваат планини, нема потреба воопшто да се мачи да оди, па потоа некој за рака да го носи.
Сам можеш да одиш, сам можеш да правиш што сакаш. Тука станува збор за ОРГАНИЗИРАНА група, значи имаш организатор.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.218
Поени од реакции
22.439
Ја знаев онака, не бевме блиски баш зборевме пред нова година да помине на кеј на тренинг некој ден. Не знам шо да кажам трагедија голема, ужас. Нека почиваат во мир.

Здравјето е најбитно, еве у трчање сум 3 и пол години и знам луѓе шо на секоја можна трејл трка одат, па и ултра, небитно дали го познаваат теренот, небитно дали имаат искуство, небитно дали е у регионов. Зошто? Замор се ствара, одмори малку, малку да се подлизнеш и отиде...
5/6/7 еве 10 годишно нека се ок е, ама секој втор викенд...
Нешто кога позитивно те исполнува и ти покачува адреналин неможе лесно да се игнорира.
Јас во 2 дена имам трчано 12 км на кеј (железничка-близнак-А.Палас-железничка) и другиот ден сабајлето пешанка од пед зграда до крстот на Водно.
Не можев наредните 3 дена до кујна и WC да идам ама јебига не жалам зошто супер си поминав двата дена.
Така да нејзината пасија по планината не треба да се гледа како главна причина за несреќата.
 
Последно уредено:
Член од
18 март 2015
Мислења
405
Поени од реакции
568
може да има топ организација, водичи што се качиле на килиманџаро ама најбитно е одговорност на секој за себе,почнувајќи од тоа дали сум спремен да се искачам во тие услови на тоа место па до тоа дека во планина работите не се секогаш 1+1=2, и безвеза се шпекулира што како кога никој нема официјално излезено да каже што било и како било
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.544
Сам можеш да одиш, сам можеш да правиш што сакаш. Тука станува збор за ОРГАНИЗИРАНА група, значи имаш организатор.
Иако е организирана група не значи дека организаторот треба да дојде дома и да те облечи, да ти даде да јадиш, да пијаш вода и да ти го наполни ранецот, 2-3 пати да појдиш на планина се доволни да се запознајш и сам да имаш претстава како се оди на планина. Јас сум сигурен дека никој од прва нема да почни да искачува врв од 2500 метри.

Друго, не треба да се биди зависен само од водачите, треба и самите учесници да си помагаат меѓу себе, кога одиш на планина најчесто споделуваш искуства и учиш како да се однесуваш, треба сам да си го познаваш своето тело и колку може тоа да издржи, ако сметаш дека е премногу ризично не се нафаќај да одиш, или ако се нафатиш, а се предомислиш, сигурно ќе има некој што ќе ти помогни да се вратиш назад.

На крај сакам да кажам дека на планина нема правила, нема некој што може да речи јас најмногу ја познавам планината, времето може да се смени на секои 10 минути и да ги изненади сите, според нивните биографии, овие двајца можеби биле едни од најискусните во целата група, можеби и со најдобра опрема, сигурно некој што се искачил на Мон Блан нема да тргне по тренерки и по патики, или пак да треба некој да му кажи како да оди на планина, па ако сака и 100 водичи нека има, веќе се чувствуваш сигурен сам да носиш одлуки.

Дури и во некои последни муабети се спомнува дека го прекинале искачувањето на крајот заради временските неприлики, но сепак тие двајца се одлучиле да одат до крај, па биле пронајдени близу врвот. Тоа се одлуки што се носат во дел од секунда, нема правило што може да одреди што да се прави, секогаш треба да се внимава но понекогаш носиме одлуки кои за жал се кобни на крај
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Иако е организирана група не значи дека организаторот треба да дојде дома и да те облечи, да ти даде да јадиш, да пијаш вода и да ти го наполни ранецот, 2-3 пати да појдиш на планина се доволни да се запознајш и сам да имаш претстава како се оди на планина. Јас сум сигурен дека никој од прва нема да почни да искачува врв од 2500 метри.
Не мора ништо од ова да напраи, мора да те провери и ако тоа што ти кажал пред тоа да го направиш, не си го направил, да те врати назад.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.544
Не мора ништо од ова да напраи, мора да те провери и ако тоа што ти кажал пред тоа да го направиш, не си го направил, да те врати назад.
Сум бил на многу организирани тури по планини каде што се искачувале луѓе од 5 до 75 години, луѓе со срцеви маани, луѓе без соодветна оприма и никој не бил никогаш вратен, едноставно не можеш да му го скратиш задоволството на некој што сака да го посети местото, па макар и душа испуштил таму (BTW два пати се има случено луѓе да починат од срцев удар и тоа е тоа). Не можи некој со апаратче за дишење да те проверува дали си спремен и дали гумата на гузериците ти е излижана и ти требаат нови да си купиш. Ако се оди според сите правила што се пропагираат овие денови од 100 души пријавени 80 нема да ги исполнуваат условите, останатото би ја изгубило смислата и убавината на такви прошетки
 
Тоа се' што напиша не е никакво оправдување за пропустите на организаторите, тоа е токму она што они треба да го прават ако сакаат да организираат нешто вакви, нешто што според мене треба да го прави и Скопски Маратон за секој што сака да трча полумаратон/маратон.

Тоа што никој не го прави, не им ја пере неодговорноста, сфаќаш?
 
T

Terroir

Гостин
Уште по ХАСАП систем нека напраат за планинарење и 80% нема да фатат услов во автобус да се качат, не па да почнат планина да искачуваат..

алооо природа е тоа, ако сакам и бос ќе одам и никој нема да ме запри, потпишувам дека одам на сопствен ризик па ако треба и гробот нека не ми го најдат... никој со сила не те тера да планинариш, башка сигурен сум дека овие што пропагираат правила и прописи по социјални мрежи и што изигруваат детективи на раце да ги носиш нема да појдат, за тие што се чувствуваат спремни и 250км на час ветар да дува нема да ги спречат да не појдат. И дали до толку треба некој да ти кажи дека во зима во фебруари треба да носиш зимски опреми, а ти по некоја случајност очекуваш сонце и плажи горе на планина... ЈБГ се случуваат вакви работи али треба да се олабави со воведување правила и прописи за се и сешто. Само така може да ги стасаме американците и некој да ни кажува дали треба да јадеме TIDE PODS, дали ако ставиме телефон во микробранова ќе експлодира и слично. А за тој што вовел правило на 50 души да има 20 водичи нека седи дома и нека гледа јутјуб како другите искачуваат планини, нема потреба воопшто да се мачи да оди, па потоа некој за рака да го носи.
Никој неможе да те запре ако одиш сам, ама ако одиш со група ќе треба да се придржуваш на правилата на организаторот. Размислувај малце повеќе од тоа “ако сакам и бос ќе одам никој нема да ме запри“ ај што ти си будала и ќе загинеш е твое право, ама во такви ситуации ги ставаш и животите на другите околу тебе на коцка.

Сум бил на многу организирани тури по планини каде што се искачувале луѓе од 5 до 75 години, луѓе со срцеви маани, луѓе без соодветна оприма и никој не бил никогаш вратен, едноставно не можеш да му го скратиш задоволството на некој што сака да го посети местото, па макар и душа испуштил таму (BTW два пати се има случено луѓе да починат од срцев удар и тоа е тоа). Не можи некој со апаратче за дишење да те проверува дали си спремен и дали гумата на гузериците ти е излижана и ти требаат нови да си купиш. Ако се оди според сите правила што се пропагираат овие денови од 100 души пријавени 80 нема да ги исполнуваат условите, останатото би ја изгубило смислата и убавината на такви прошетки
Прошетка може да биде во парк, ама ова се вика зимско искачување на планина.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.544
Тоа се' што напиша не е никакво оправдување за пропустите на организаторите, тоа е токму она што они треба да го прават ако сакаат да организираат нешто вакви, нешто што според мене треба да го прави и Скопски Маратон за секој што сака да трча полумаратон/маратон.

Тоа што никој не го прави, не им ја пере неодговорноста, сфаќаш?
Затоа реков, треба да се има и самосвест, самоодлучување дали треба нешто да се прави или не, од моја гледна страна не би сакал да бидам вратен ако во моментот немам соодветна опрема, а свесно се пуштам во ризик, едноставно гледам организирана тура, пријавено луѓе, можност за дружба забава и зошто да бидам вратен ако ме проверуваат детално и испадне дека не носам волнени гаќи.

Не викам дека не треба и да се нема одговорност, но не треба ни во крајности да се оди, за на Скопски Маратон што треба, важечко лекарско сите да вадат три месеци пред почетокот или најнови патики секој да има. Едноставно иди март сега, почнувам да трчам да се спремам, ако мислам дека можам да истрачам ќе се пријавам, ако на средина од маратонот почувствувам дека не можам да го завршам ќе се откажам или ќе го изодам, ама да ми забрани некој да учесувувам е последното нешто што би сакал
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.329
Поени од реакции
27.871
Мене ме интересира кој е тој или таа агенција/институција што издава лиценци за водич? Кај се полагаат тие тестови?
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Мене ме интересира кој е тој или таа агенција/институција што издава лиценци за водич? Кај се полагаат тие тестови?
Можеби и тие издаваат народски кажано на „лепе очи“.[DOUBLEPOST=1518539201][/DOUBLEPOST]
Затоа реков, треба да се има и самосвест, самоодлучување дали треба нешто да се прави или не, од моја гледна страна не би сакал да бидам вратен ако во моментот немам соодветна опрема, а свесно се пуштам во ризик, едноставно гледам организирана тура, пријавено луѓе, можност за дружба забава и зошто да бидам вратен ако ме проверуваат детално и испадне дека не носам волнени гаќи.

Не викам дека не треба и да се нема одговорност, но не треба ни во крајности да се оди, за на Скопски Маратон што треба, важечко лекарско сите да вадат три месеци пред почетокот или најнови патики секој да има. Едноставно иди март сега, почнувам да трчам да се спремам, ако мислам дека можам да истрачам ќе се пријавам, ако на средина од маратонот почувствувам дека не можам да го завршам ќе се откажам или ќе го изодам, ама да ми забрани некој да учесувувам е последното нешто што би сакал
Ама зошто збориш од инает? Станува збор за ОРГАНИЗИРАНА тура. Доколку утре се појави некое лице со пречки во развој и каже „еј, јас доаѓам со вас на тура“, нема да го вратат? Нема да направат „нешто“ за да го спречат? Едно е сам да сакаш, друго е да ти дозволи организаторот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom