Калина Велевска и Александар Миновски, членови на планинарскиот клуб ,,Трансверзалец“

Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Во македонија никој не е крив и одговорен за ништо. Никој никогаш нема преземено ниту морална ниту кривична одговорност во оваа наша така наречена држава во која ништо не функционира.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.838
Поени од реакции
7.593
Јас се слагам дека планината е такво место, тоа не го менува фактот дека ти како организатор и јас како учесник во турата не можеме да имаме подеднаква одговорност. Не може ако јас како аматер сум решил утре да одам на планина, ти како организатор, лиценциран водич со тон искуство тоа да ми го дозволиш. Не велам дека Калина и Александар биле такви, само сакам да кажам дека мора да постои граница, кој, кога може а кога не може.
Проблемот е што нашиве планинарски друштва немаат капацитет, ни пари ни можности за да се придржуваат до сите правилници и да имаат на четворица планинари по еден водич. Често пати се случува самите учесници кои не се членови на никакви друштва, а имаат какво такво искуство да помагаат низ турите. Доколку се оди по правила и прописи нема да можеме да посетиме ниту еден врв, затоа сметам дека барањето на правила и прописи овие неколку дена е претерано, знаејќи дека секоја недела се организираат тури насекаде низ Македонија и регионот и многу луѓе се среќни што имаат каква таква шанса да излезат од дома и да искачат некој врв, било да се физички спремни, со соодветна опрема или не. Многу луѓе спомнуваат пари, а никогаш трошоците не се високи, секогаш е речиси плаќање на карта за автобус, друштвата речиси и да немаат заработка од тоа.

Ако сакаме сето да биди професионално место да се плаќа 100 денари за до одредено место, треба да се плаќа по 1000 денари од кои зарботка ќе имаат водичите. Со такви цени ретко кој ќе може да си дозволи да планинари, па кога сето е волонтерско и на своја рака, нема што да бараме одговорност кај што не треба...
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.232
Поени од реакции
41.537
http://a1on.mk/archives/853525

kakov haos e ova u picku materinu ...
E sega neznam kolku e tocno ova deka e od familiite, ili od nekoj nivni blizok, neznam, ednostavno ne mozam da se potpram mnogu na nasive mediumi koi do den denesen seuste izvestuvaat deka acko ima 35 godini ...
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Проблемот е што нашиве планинарски друштва немаат капацитет, ни пари ни можности за да се придржуваат до сите правилници и да имаат на четворица планинари по еден водич. Често пати се случува самите учесници кои не се членови на никакви друштва, а имаат какво такво искуство да помагаат низ турите. Доколку се оди по правила и прописи нема да можеме да посетиме ниту еден врв, затоа сметам дека барањето на правила и прописи овие неколку дена е претерано, знаејќи дека секоја недела се организираат тури насекаде низ Македонија и регионот и многу луѓе се среќни што имаат каква таква шанса да излезат од дома и да искачат некој врв, било да се физички спремни, со соодветна опрема или не. Многу луѓе спомнуваат пари, а никогаш трошоците не се високи, секогаш е речиси плаќање на карта за автобус, друштвата речиси и да немаат заработка од тоа.

Ако сакаме сето да биди професионално место да се плаќа 100 денари за до одредено место, треба да се плаќа по 1000 денари од кои зарботка ќе имаат водичите. Со такви цени ретко кој ќе може да си дозволи да планинари, па кога сето е волонтерско и на своја рака, нема што да бараме одговорност кај што не треба...
Нека се плаќа бе брат, нека се плаќа и по 50 евра. Не може тоа да биде оправдување зошто на крај, пак доаѓаме до тоа се' е за профит?
 
Член од
23 ноември 2016
Мислења
525
Поени од реакции
511
Види, ако имаш нешто да дополниш, дополни, ако не, нема потреба да ја посетуваш темава. Ова е сосема човечка дискусија, на место
Temata e za Kalina, a ne za scenarija i baranje krivec!
A ti ako si administrator, ne si Gospod, ja unisti temata za najekonomicno greenje zaradii 3-4 "kolegi", pa gledam i so ovaa super ti odi. Ako ti smetam slobodno ne me citaj!
 
Член од
18 март 2015
Мислења
405
Поени од реакции
568
во врска со условиве дека требало да се прекине турата,сигурно да било од почеток лошо време и да немало услови би се прекинала, но како што спомнав погоре планина е тоа и човек што нема планинарено не може да зборува што како...пред 4-5 год на лето бев на тура на Шара, имаше идеални услови 30 тина степени ,сонце штом стигнавме до целта за 5 мин се раздува ветер донесе облаци и фати невреме,буквално за 5 мин од сонце до самрак стана ...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Temata e za Kalina, a ne za scenarija i baranje krivec!
A ti ako si administrator, ne si Gospod, ja unisti temata za najekonomicno greenje zaradii 3-4 "kolegi", pa gledam i so ovaa super ti odi. Ako ti smetam slobodno ne me citaj!
Ајде одмори 3-4 дена, и така се ти е уништено на форумов па нема да има проблем верувам ;)

Не разбирам, ако загинале двајца луѓе треба се да пикнеме под тепих со оправдание дека загинале двајца млади, жално е, да не коментираме? Па и да не е во право едната страна, каде со вакви ставови? И за крај, никој не ги обвинува ни па ги навредува ниту Александар ниту Калина, да беше така ќе го разберев „револтов“.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Расправајте се колку сакате, барајте закони.
Москито и да нема одговорност (а не сум убеден дека е така) е познат по оставање луѓе по планини. Со години ми е ова хоби. Летоска оставија девојки од Прилеп на враќање од Џинибег. Тие го тужеа, не знам со каков исход заврши. Тоа се тотално неодговорни ликови. Не ви посакувам да доживеете некој да ве остаи у облак, мокри, смрзнати, изгубени.
Не се свесни семејствата колку луѓе сочувствуваат со нив. Се тресам додека го читам писмово и уште повеќе ми е жал. Можеме да праиме муабети за Калина, ама револтот е огромен.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.885

Може звучи сурово ама да те прашам дали во таа група "тотално неодговорни ликови" го стави и таткото на Александар? Затоа што и тој бил присутен на турава. Зар тој не носи морална одговорност?
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.232
Поени од реакции
41.537
Ачко се има искачено на мон блан што е највисок врв на алпите од 4800 метри н.в., професионален планинар е у прашање тука, у право се некои што мрчат дека е многу лошо да се тераат рекла казала муабети, ја реков поназад какви све сценарија слушнав страшно е тоа до каде може да отиде муабетот од тепка ...
Ќе си дозволам само да се потпрам на ова што го напишаа во писмото фамилиите на двајцата загинати, а тоа е дека најверојатно се одвоиле од групата не од курташак ко една будала поназад што пишала, или да се курчат и се прецениле бем ти смдрливиот глуп муабет, туку дека до нив дошла информација дека мајка и ќерка се изгубиле, па тргнале да ги бараат и се претпоставувало дека се засолнети во црквата.
Наааајверојатно тука настанува целиот проблем поврзан со нив двајца, иако проблемот е настанат од старт, и тоа и самите фамилии го посочуваат, а тоа е фактот што воопшто и се решиле да се качуваат нагоре.

Дај подобро да не се шпекулира нити пак да се пишува за сценарија кои дошле до вас, а се непотврдени, стварно е глупо и непочитувачки за фамилиите на Калина и Александар, а и не гледам поента и потреба да дискутираме за тоа, ке излезе официјален извештај прептпоставувам и тогаш ќе се дознае што точно се случило.

Утре инаку како што известуваат медиумите ќе бидат донесени телата во Македонија, а погребот се претпоставува дека ќе е во Четврток, па сите што ги познаваат ќе можат да отидат и да оддадат почит.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.838
Поени од реакции
7.593
Нека се плаќа бе брат, нека се плаќа и по 50 евра. Не може тоа да биде оправдување зошто на крај, пак доаѓаме до тоа се' е за профит?
Затоа што сме ебана држава во која просечно семејство заработува макс 500 евра. Уште планината ако стани луксуз свршивме работа. Обично не сум со став чути има и полошо, но за оваа ситуација можам да напраам исклучок затоа што познавам еден куп луѓе кои немаат финансии да си купуваат стално нови облеки, чизми, а сепак имаат желба барем во недела кога имаат слободен ден со некое планинарско друштво да појдат на некоја тура. И тоа планинарско друштво најчесто е составено од луѓе кои имааат преголема љубов кон планината, но и тие имаат друга работа па "изигрувањето водичи" му е од љубов, затоа што сакаат да се прошетаат, да се организираат во поголем број и да си поминат убав викенд. Барем кај мене е така и до сега на ниту една тура ниту биле спомнати лиценци, ниту некој барал од нив брда и долини ниту ништо, едноставно ни е доста да ни организираат некоја тура и да ја знаат патеката за да не се изгубиме, а за останатото треба сами да бидиме свесни да се придржуваме до нивните совети. Кога ќе стасаш таму и ќе се соочиш со условите секогаш е ствар договор дали да се продолжи, дали да се оди по друг пат, пак ќе кажам, сето се заеднички одлуки кои во тие моменти не подлежат на никакви правила и прописи.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Може звучи сурово ама да те прашам дали во таа група "тотално неодговорни ликови" го стави и таткото на Александар? Затоа што и тој бил присутен на турава. Зар тој не носи морална одговорност?
Друже, мене лично во ситуацијава ми е битно да има истрага, онаква судска, со вештачења, со изјави. За да се докаже чија е една од одговорностите, повторувам една - директната причина за смрт.
За одлуката на ваков ден да се оди на врв, со две раце потпишувам дека е одговорен главниот водич на акцијата, тој е еден, нека се вика како сака...

За тоа каков глас ги бие низ овие кругови, добро е познато, ама ај да не идеме со предрасуди одма. Татко му на Александар нит го знам, нит го познавам и не знам каква врска има тој во целава ситуација. Александар ја имал 31, ја 35, е возрасен маж што треба сам да расудува. Не знам што ти е поентата.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.282
Поени од реакции
6.544
во врска со условиве дека требало да се прекине турата,сигурно да било од почеток лошо време и да немало услови би се прекинала, но како што спомнав погоре планина е тоа и човек што нема планинарено не може да зборува што како...пред 4-5 год на лето бев на тура на Шара, имаше идеални услови 30 тина степени ,сонце штом стигнавме до целта за 5 мин се раздува ветер донесе облаци и фати невреме,буквално за 5 мин од сонце до самрак стана ...
Условите биле лоши од предходно. Од ски центарот или грци кои таму работеле (не знам точно кој), им било кажано да не се качуваат затоа што уште пред да тргнат имало невреме.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Што точно се случи на Кајмакчалан?

Секакви шпекулации има низ социјалните мрежи и различни верзии за несреќата. На ништо не може да се потпреш. Еве некои пишаа дека таткото на Александар бил на турата, а во тоа писмо што демек е од фамилилите во кое пишува дека никој од организацијата на турата не ги известил родителите, ниту блиските на двајцата млади луѓе. Дознале од медиумите.

Кога веќе добиле информација дека мајка и ќерка се изгубиле и се претпоставувало дека се засолнети во црквата тие се одвоиле од групата. Значи и овие биле сами, а не во група. :cautious:

Од кој ја добиле таа информација?
Зошто сами се вратиле назад, па после по нив се вратиле уште тројца?
Многу прашања без одговор.

Искусни плнинари и се имаат искачувано и на повисоки врвови, ама тоа е тоа правило што важи за секој планинар „Никогаш не се одделувај од групата.“
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.397
Поени од реакции
7.846
Нека почиваат во мир, млади луѓе загинаа.

Кај нас посекако се е хаос, кога многу поважни опшествени сегменти кои во суштина треба да ги стават во ред останатите како овој дел со планинарските друштва, не се тоа шо треба, тешко за посериозно решавање на проблемот.
Константно има проблеми со изгубени ликови низ планините а смешно е кога ќе видиш со какви планински масиви располагаме, тоа ти е показател за тоа каква “држава“ сме.

Од видеото кое излезе во јавноста се гледа дека нема никаква видливост а со тоа визуелна ориентација ти е нула, маркацијата не помага во овие услови, некој напиша техничко качување во движење колона со наврска, на нула видливост и тоа не помага
Згора на зимско искачување се а никој од видеото не носи камашни ако ништо повеќе, а треба да се пробива низ снег, друг дел од опрема нема потреба да се дискутира после ова.

Друго шо треба да се земи во предвид е тоа дека Ниџе со Кајмакчалан за разлика да речиме од Баба со Пелистер е далеку поголем масив, Пелистер се врви во еден ден комплет со добра физичка подготвеност, прилично е комерцијализиран има добро проодни патеки со маркација, табли за навигација итн. Ниџе со Кајмакчалан е токму спротивно, барем од МКД страна, пошто не сум се искачил од грчка ниту еднаш не коментирам.

Колку шо прочитав Калина и Александар биле дел од организаторите/водичите, така да...

Лесна им земја уште еднаш,
 
Kajgana Shop

На врв Bottom