- Член од
- 16 јануари 2013
- Мислења
- 3.845
- Поени од реакции
- 7.643
Не е финтата да зборуваме за такви крајности.Ама зошто збориш од инает? Станува збор за ОРГАНИЗИРАНА тура. Доколку утре се појави некое лице со пречки во развој и каже „еј, јас доаѓам со вас на тура“, нема да го вратат? Нема да направат „нешто“ за да го спречат? Едно е сам да сакаш, друго е да ти дозволи организаторот.
Имаш конкретен оглас, се организира искачување на ХХХ врв, потребно е одлична физичка подготовка, зимска опрема, храна и вода. Искачувањето е 500мнв и трае отприлика три саати во должина од 10 километри. Присуството е на сопствен ризик. За мене и за секој нормален човек ова се сосема доволно податоци за да одлучам дали сум способен да појдам таму или не и што да носам со мене. Ако сум отишол со тренерки и патики можеби сметам дека тоа е доволно за да ја искачам успешно планината и не би сакал да бидам исклучен. А за физичката спремност сигурно нема таков што може да одлучи и да селектира кој ќе се искачува а кој не, затоа што има дедовци од 70 години што можат да одат по 20км и младичи што на 5км ќе пуштат душа.
Мене цело време ми е дека не треба да се претерува толку со правила затоа што сепак ова е различно од преминување на семафор на улица или ограничување на брзина на автомобил. Треба да оставиме некои работи и природно да си се одвиваат и баш добро што постојат вакви друштва кои ќе ти овозможат да видиш места што никогаш нема да бидиш во состојба сам да ги направиш, па макар било и на сопствен ризик