Како сте задоволни од градбите на Настел?

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Да има еден нормален во државава и да нареди проверка на сите општини за вакви нерегуларности, мислам ќе си крене 100000% повеќе рејтинг од сите митинзи заедно. Ако фатиш некаде вакви циркузи, одземање на лиценци на сите инженери што учествувале во проектите и изведбата, ќорка тие што го дале одобрението и одземање на право да работат било каква работа повисока од позиција метач.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.911
Поени од реакции
10.542

проблемот е што ке си направи триста проблеми и на крај него ке го направат ненормален или у некој ендек

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Не знам дали сте приметиле како изгледа околу градбите на Настел. Општина Карпош нпр од времето кога е пуштена за вселување чудовишната зграда „не примети“ какво ѓубриште е околу зградата. Имаше муабет дека треба да се продолжи накај улицата... Како и да е, инвеститор што остава депонија до зграда какви и да му се плановите, не е за верување и за самата градба. Непедантен, половичен и хаотичен.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Па како да си во природа, chaotic nature
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Имаше снимка како фрлаат греди од најгорниот кат на земја...така е и останато. Суви грмушки, шут, скапани даски и хаос. Од друаг страна искрено не ги разбирам ни станарите, јас до сега кје ги отрув да си го средат.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Од друаг страна искрено не ги разбирам ни станарите
Што ќе разбереш, имам другарка што живее кај Сити Мол, во новите згради, 90% од зградава чуваат ѓубре пред влез ебати сељаците, па ќе им менува околу зграда што имало. Имаш 94432 лифта во зградава, контејнери пред зграда и те мрзи да се симнеш и да фрлиш ѓубре еднаш дневно, ебати баграта нечиста ебати. Ќе се симнат по 100 пати во денот за во Сити Мол, ѓубрето ќе го збира пред влезна врата, ходников направен Дрисла. Најсмешно е што истиве овие на работа и по дискотеки ќе ги видиш нашминкани и напарфемирани.
Јас ваму фрлам ѓубре во 12 саат навечер да не ме гледаат дека ѓубре правам како за една (Емка исти проблем има во Шведска :D ), да го чувам вака како нив ќе ме иселат за 2 дена.
 
M

Macedon1um

Гостин
Најсмешно е што истиве овие на работа и по дискотеки ќе ги видиш нашминкани и напарфемирани.
Тоа е таа иста инстаграм „елита“ што по дискотеки пие моети а наредниот ден појадува леб и карнекс паштета :D

проблемот е што ке си направи триста проблеми и на крај него ке го направат ненормален или у некој ендек

Sent from my iPhone using Tapatalk
За жал во право си, ете новинаркава што правеше стории за градежнициве во Скопје и се јавувале по телефони и и пуштале снимки од експлозии
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Тоа е таа иста инстаграм „елита“ што по дискотеки пие моети а наредниот ден појадува леб и карнекс паштета :D

За жал во право си, ете новинаркава што правеше стории за градежнициве во Скопје и се јавувале по телефони и и пуштале снимки од експлозии
се погодила во ПМС му се развикала на некој комшија што го збирал така ѓубрето, се погодил тој па тазе доселен и и рекол, а не доаѓа фирма да го фрла ѓубрево?

:popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce: :popce:

ќе ги превеслаат дека купуваат станови на којзнае каква локација и мислат дека зградава е self maintenance.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Не ми доаѓа искрено во глава... знам дека има гнаси, еднаш ми се падна лушпа од краставица на глава, пошто нели комшија прави салата live stream во сред Карпош. Ама можеш да најдеш од здание со 500 стана 5 нормални семејства и да се организираш да средиш катче (ако веќе инвеститорот глуми лудило). Баш убава чистинка за фудбал за деца може да испадне.
 
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
233
Не сум сто посто сигурен, можеби некој веќе спомнал, но за Настел слушнав слична прича како за Фиком, така да пред да купувате стан, проверете дали фирмата што го продава има саглам приходи во централен регистар за фирми.
Ние сакавме да градиме со комшии на нивите зграда со инвеститор, испадна дека инвеститорот бил милон евра во була, и исто така испадна дека тоа е Кубус D:
Отиде имотот у пм за малце...

Не се залетувајте!

Башка поисплатливо ви е да земете стан во стара зграда, пошто новиве само држат цена, а го немаат тој квалитет за парите што се бараат.
Добиваш ламинат за под, а не паркет... а цената 45-50 илјади евра, еднособен или двособен беше ако добро се сеќавам...
 
Нема генарлно правило за новите згради... Кубус до скоро беше јака фирма, со големи инвестиции преку ноќ паѓаш.. Инаку и јас го делам твоето мислење дека старите згради се поинтерени и дел од нив имаат поцврста градба. Да не зборам што се поефтини..
Во новите згради, се дознав за комшиите без да знам како изгледаат. Убаво мало зградиче, од надвор бомбонче, изолација нула, струјата осмислена како на Галичник 1958, водата после 6 месеци покажа желба да живее во дневна... Се на се, гној.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Да има еден нормален во државава и да нареди проверка на сите општини за вакви нерегуларности, мислам ќе си крене 100000% повеќе рејтинг од сите митинзи заедно. Ако фатиш некаде вакви циркузи, одземање на лиценци на сите инженери што учествувале во проектите и изведбата, ќорка тие што го дале одобрението и одземање на право да работат било каква работа повисока од позиција метач.
Проба градоначалникот на Центар со мораториумот, ама не следев вести и појма немам дали резултираше со нешто позитивно.
Мислам дека од архитект до секретарките на инвеститорите што учествуваа во градењето на зградите во Дебар Маало треба да се поапсат. Во Шутка е поплански и пологично градено отколку таму, особено делот кај Кино Карпош и зад Романса.
Иначе пред било што друго да прашате за новите станови, прашајте да се сеизмолошки атестирани. Најголем број се градени “ај бе шо ќе тестирам”, па на помал земјотрес прскаат ѕидови и цевки.
 
Мораториум не е решение, според мене е легален механизам да се пазари со инвеститорите. Минимум осет треба да се има. Мене не ми е јасно зошто сеуште кај нас не се воведуваат зелени кровови. Читав скоро (мислам во Феанција), дека во позагадени општини ако имаш убаво осмислен зелен покрив општината те ослободува од плаќање на дел од комуналии. А за тоа со сеизмолошки тестирања си сосема во право. Да погледнеш било која студија за тлото на територија на Скопје, има делови каде не се препорачува висок објект арно ама кај нас баш во тие делови имаме високи објекти.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Децентрализацијата си го донесе трупањето на градби во овие општини и лошата политика која ги донесе сите граѓани од Северџанија во „метрополата“.
Интересот на купувачите е домот да им биде што е можно поблиску до центарот на градот (кога ќе видите најголем дел од населението е вработено во Скопје низ централното подрачје низ административните објекти(приватни бизниси и државни институции), а и школите се горе долу во радиус од 2км од Центарот, па со оглед на тоа и инвеститорите се заинтересирани да градат таму. Општините пак имаат интерес со тоа што прво се полни касата, а второто (побитниот интерес) перење на пари од страна на администрацијата.
Во Скопје работата е засадена на криво особено во периодот од 1990 па до сега, т.е откако си ебала мамицата оваа држава (моментот кој го слават дека сме се остамостоиле и сме добиле држава треба да биде прогласен за ден на жалост и ден на капитулација на оваа држава).
Проектантите пак иако голем дел се свесни за последиците и знаат дека прават глупост си го гледаат својот интерес како да извадат пари и имаме проекти кои немаат врска со некаков стандард, а изведбата пак е врв на се, пола од објектите ги гради тотално спротивно од проектот (едни материјали во проект, други на терен), ревизијата која треба да потпиши прво седнува во кафана со инвеститорот и договара процент, а после си потпишува дека се е како што треба (во сите закони има дупки со кои истите можат да си го спасат дупето од понатамошни казни).
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Уште едно дно кое сигурно е над 80к евра. Треба да си будала да дадеш толку пари за два вагона, ама важно дуплекс е.
74м2 комплет, а само една спална соба.

Screenshot_20200122-085007.png
 
Kajgana Shop

На врв Bottom