Како сте задоволни од градбите на Настел?

Член од
27 август 2016
Мислења
32
Поени од реакции
12
Заинтересиран сум да земам станче во една зграда на Настел. Згрдата е 10 години стара и убаво личи, одржувана и нема траги на лош квалитет.

Дали некој од вас купил или разгледувал од Настел? Како сте задоволни од нив?
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Од муабети со луѓе кои ги гледале, наидов на позитивни коментари - особено за распоредот на станбениот простор.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
без тендер се сите, на црно. Којзнае и како се градени. Избегнувај ги.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Заинтересиран сум да земам станче во една зграда на Настел. Згрдата е 10 години стара и убаво личи, одржувана и нема траги на лош квалитет.

Дали некој од вас купил или разгледувал од Настел? Како сте задоволни од нив?
Звучната и топлотната изолација не им е за пофалба, особено звучната, во тие каде што имам јас влезено се слушаат доста звуци од кај соседниот стан. Сепак, зависи од зградата во тој период е градена, ако е пред 10тина години тогаш е во почетоците на Настел, како е градена само да си погледнеш самиот, убаво разгледај каква е дограмата, како е изработено купатилото, ѕидовите, паркетот...
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.538
Поени од реакции
747
без тендер се сите, на црно. Којзнае и како се градени. Избегнувај ги.
Какви глупости лупаш, аман. Каков тендер кога е приватна инвестиција.

Сепак мислам најубаво е лично да се погледне, она што го имам слушнато е дека квалитетот е стандарден за нашиве услови.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
без тендер се сите, на црно. Којзнае и како се градени. Избегнувај ги.
Каква врска има „тендер“ во муабетот за квалитет на градба и знаеш ли воопшто што е „тендер“?
Или онака, си го слушнал негде зборот, па сега да го употребиш во конверзација? :D
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Каква врска има „тендер“ во муабетот за квалитет на градба и знаеш ли воопшто што е „тендер“?
Или онака, си го слушнал негде зборот, па сега да го употребиш во конверзација? :D
Сите градби им се со нешто нелегално.
За тендери мислев за нешто друго што граделе па добиле тендер онака на жими мајка.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Сите градби им се со нешто нелегално.
За тендери мислев за нешто друго што граделе па добиле тендер онака на жими мајка.
Да те цитирам што рече? „Без тендер се сите, на црно“. Ама ајде, не е битно, да не ја развлекуваме работата беспотребно... :)
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
https://kanal5.com.mk/articles/348950/se-podgotvuva-bunt-vo-zgradata-na-nastel-vo-tafatalidje

Еве еден текст од скоро. „Зградава“, чудовиштево, ми е во близина каде што живеам и уште не ми се верува дека го изгради овој. Порано имаше едно игралиште „Самопридонес“ и беше на некое државно земјиште, а куќите веднаш до него ги поседуваат претежно ликови со високи функции од времето на Југославија.
После испадна дека земјиштето било државно, ама национализирано и дека овој силеџиски изгради една ламела врз дел кој требал да се врати на претходни сопственици.
За квалитетот на становите внатре се знае - шминкерај со слаб квалитет, како и во секоја новоградба. Најчесто што сум слушал се примедби за звучна изолација меѓу становите.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.281

Tие што ќе се доселат (или веќе се доселиле) у тие згради, Господ нека им е напомош. Има да се соочат со огромен антагонизам на околината.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Tие што ќе се доселат (или веќе се доселиле) у тие згради, Господ нека им е напомош. Има да се соочат со огромен антагонизам на околината.
И околината веќе е бог да чува.
Имам пријатели што живеат у една од поновите згради во близина на гимназијата Ѓорѓи Димитров и редовно го хејтаат чудовиштево, а зградата во која тие живеат е една од првите од овој тип - паркираат на улица и фрлија у сенка се' наоколу - така да и тие не се баш у право за се што се жалат.
Овој дел од Скопје беше многу убав порано, ама си *ба мајката...
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Tие што ќе се доселат (или веќе се доселиле) у тие згради, Господ нека им е напомош. Има да се соочат со огромен антагонизам на околината.
Небаре во друга околина нема да имаш мака, еве не сум таму, колата не ми е на СК табли и 2 пати ми правеа штета, има бараби кои не можат сами да се поднесат дома, а не пак околината. Исти курац е секаде, особено меѓу ваков омразен народ и држава во која секој втор е со споени жички поради милион проблеми и ебавања кои ни ги приредуваат политичари, работодавци, соработници...
 
F

Flatter

Гостин
90 посто од новите станови се катастрофа изведба. Внатре тесен простор... Двособен демек а во дневниот престој одвај за петосет и 4 столици има место...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Двособен стан, а детска и спална соба по 6м2
Повеќето се 40-60м2 и тоа е мала квадратура, ама важно нов е и во нова зграда.
За квалитетот сите се мафија и гледаат да поминат со што помалку материјал.
Некои кратат на звучна изолација посебно на влез и кога одиш во ходникот се чувствуваш како во хотел.

Во еден имам влезено и нема балкон на дневна соба која е заедно со трпезарија и кујна, а ставил голем балкон на спална. Да бе ќе дојдат гости и ќе поминат низ спална, за да одат на балкон.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
И вентилацијата не е нешто подобро од други изведувачи, во новине згради позади Сити Мол вентилацијата е таков крш што ако комшивка ти пржи кромид, ќе ти влезе и кај тебе преку неа :LOL:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom