Како сте задоволни од градбите на Настел?

Almeida

гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
6.148
Поени од реакции
13.152
Обично ваквите згради изгледаат интересно на компјутер и за продажба, па после во реален свет добиваш пикавци и ѓубре од комшиите над тебе, слушање муабети, па ставање тенди у сопствена продукција, најчесто ковано железо со лексан (една естетика своевидна и уникатна за оваа несреќна средина, а во контраст со таа на зградата)...да не зборам за тоа што заради неправилниве форми и димензии, самите балкони се тотални непрактични да стаиш мебел и да си седиш кога времето е пријатно.
Една е димензијата на бедната креативност на архитектите, а сосем друга е болната желба да се остаи некаков белег на фасадата у зградата у која живееш, дали е тоа преку тенда, заграден балкон, заѕидана ограда и слични напливи на "креативност" кои ни сам господ не знае од каде му текнуваат на просечен скопски купец на стан....и нормално, надворешните единици на климатизерите и жиците за сушење гаќи, како еден есенцијален, практичен архитектонски елемент, без кој не се може.
 
Член од
22 јуни 2019
Мислења
21
Поени од реакции
11
На врв Bottom