А што ако постојат и Господ и ѓаволот истовремено? И што ако на ѓаволот му е дозволено одредено време да ги замајува луѓето со цел Бог да види кои од нас доброволно ќе изберат да се покорат под Божјиот авторитет и сувиренитет пред да настапи судниот ден?
Види братче, поентата никогаш не ми била јасна, зошто човекот е создаден од бог *спрема библискиве записи* и живее некој си живот испоснички, да речеме цел живот му се лижи, упс му се моли на бога, да го спаси од незнам што,и оди во рај-пекол, зависи каде, или до судниот ден, кога сите живи суштества ќе исчезнат.
Не ми е јасна поентата, зошто човекот е создаден? Спрема светиве книги испаѓа дека човекот е создаден само за да му ласка на господ, само за даму дава убави зборови “Ти си семоќен, ти си најмоќен, ти си најсилен, ти си единствен, немаш конкуренција...“
Тогаш зошто би создал суштества , човек, кој ќе му угодува цел живот и ќе му ласка а после тоа за да би го ставил во рај-пекол, каде вечно ќе седи. Едноставно не ја гледам поентата. Уствари нема поента. И освен тоа, господ го создава каков што сака човекот, но сепак има тој слободна волја. Кога е семоќен зошто не направи една машина, или суштество кое цел ден ќе повторува: Дедо боже најсилен си жими мајка.
Ова погоре е од буквалното сфаќање на библијата. Доколку малце убаво се подзамисли човек и ги разбере сите особини што му се препишуваат на бог, ќе сфати дека бог не е ништо друго освен
Ч О В Е К.
Доколку подразмислиш убаво ќе сфатиш дека се она што го сака, прави, и умее бог, се особини на човекот, односно на човек кој доколку би имал апсолутна власт истото би го правел и барал, како во старо време кралеви цареви фараони со апсолутната власт, ги имале овие исти особини на господ.
Тие што плукаат против царот, се осудени на маки страдање, голи отоци, и слично.
Тие што му ласкаат цел живот и му лижат гз, се најблиски до него.
Тие што се ради реда послушни и не им е битнои што битно да им е океј, се обичната рајa пролетерска, работи, и има колку работи толку има повеќе нема одошто работи ама крпи крај со крај.
И секогаш има по еден јуда, или “Ѓавол“, кој ќе сака да биди на власт од тој моментален цар, кој ќе ги поткупува луѓето, да гласаат за него чунки тој им ветува мед и млеко, и само да лежат и седат.