Како се снаоѓате во нова средина?

~BlueBerry~

*I love my dreams*
Член од
8 јануари 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
63
аууу, најбрзо шо може, од камен луѓе цвеќиња праам, не може некој да биде со мене до мене над мене :) итако даље а да не зборе 300 на саат :)
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
230
Поени од реакции
9
Pa poso mnogu zboram, komunikativna sum...mnogu brzo se snaogam vo nova sredina.:wink::pipi:
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
Зависи...
Има луѓе кои ми се тешки за здружување и дружба, а има и такви на кои јас сум им тешка. :toe:
Али ако се "препознаам" со некого од прв пат комуницирам ко да се знам сто години.
 

Yugo

Law rules
Член од
12 декември 2005
Мислења
8.251
Поени од реакции
28
Паааа зависи и до средината... али сепак лесно се вклопувам доколку има опуштени и интересни личности... а ако нема малце потешко е :)
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
120
i po dva meseci adaptacijata seuste trae..pa sega vie zaklucete kolku lesno jas se prilagoduvam vo nova sredina!
Doagas, se nasmevnuvas, zjapas niz prozorot od kola dodeka od aerodrom te nosat vo novata doma, vleguvas :nov svet-nepoznat, se smeskas zbuneto i iako se trudis da go fiksiras pogledot vo edna tocka , ne uspevas zatoa sto boite, formite, mirisite okolu tebe se razlicni i ti go odvlekuvaat vnimanieto! Zboruvas poleka, istosteno, napregas mozocni kelii i se obiduvas da mislis na onoj drugiot jazik...uspevas..sreken si...i togas ja zatvoras vratata od sobata i solzite doagaat, se trkalaat i ti ja nakvasuvaat bezzivotnata koza..i taka cel mesec...potoa izleguvas , vdisuvas, se nasmevnuvas gi otvaras setilata i gi primas mirisite, boite, formite..novi se i malku cudni no so vreme ti stanuvaat svoi, neverojatno bliski..odednas patot do centarot i plazata koj se cinese taka vozbudliv, stanuva dosaden kako onoj pozadi MRTV za na faks..se nasmevnuvas i otpozdravuvas iako ne poznavas...ja trgas bezizraznata maska od liceto na koja si naviknal i svetot odednas e poubav, radosen ,topol..go cuvstvuvas veterot na liceto dodeka si odis doma sreken sto si tuka...svakas deka se menuvas za da funkcioniras...i ubavo ti e...
Taka od prilika bese moeto prilagoduvanje:smir:
 

By Me

BLAH....
Член од
10 февруари 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
29
ми треба мноооооооооооооогу време да се опуштам, а кога сум опуштен.......е тогаш сум друг човек
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
На почетокот сум како мува без глава, доста изгубена, но набрзо се привикнувам (секако да не напоменувам тоа зависи и од карактерот на личностите со кои комуницирам во таа средина).
Но поголем проблем ми е одвикнувањето од таа средина, откако еднаш ќе пуштам корени, разделбата е многу тешка (така сега уште ми е тешко што се разделив со колегите од факултет и што поголем дел од нив веројатно повеќе нема да ги видам ):, но таков е животот, полн со пресвртници:toe:
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
паа ми треба време онака да се прилагодам....пошо сакам прво да ги проучам убаво луѓето......да видам што сакаат шо не...каков муабет моеш да напраиш со нив.....
у прва година на почетокот дека никој не знаев од клас...бев таков мирен..не зборев многу....али кратко траеше тоа
послеее...........
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
248
Поени од реакции
13
Па не се снаоѓам баш лесно. Не сум многу комуникативна и зборлива личност, и ми треба одреден период за да се навикнам, и да се опуштам.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.138
Поени од реакции
163
Zavisi kakvi se lugjeto vo novata sredina, ako se nekoi otvoreni i komunikativni brzo se vklopuvam i se osekam kako odsekogas da pripagjam tamu, ako se nekoi namkjori ke mi treba podolgo vreme dodeka se naviknam na niv i da gi prifatam kako del od moeto sekojdnevie.
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Во принцип добро се снаоѓам у нова средина. Никад не сум имал проблем за негде да се вклопам. Лесно комуницирам и опуштено влагам у нова средина.
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Тешко и бавно. Ми треба време за да ги запознаам луѓето и да воспоставам начин на комуникација со нив.
Инаку, многу е лесно кога луѓето во една средина ќе ти се погодат, ќе се пронајдете што би се рекло, ама многу е тешко пак да воспоставиш комуникација со дијаметрално спротивни од тебе личности со сфаќања и принципи кои се косат со твоите. Е, тоа е секојдневен интензивен стрес или кавги и несогласувања. Во таква средина потешко се снаоѓам.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Не толку тешко но сепак контакт со нови личности и воопшто запознавање на новата средина треба време. Не е секогаш толку лесно да се наметнеш и да успееш во тоа што си го планирал. Многу лесно може да се случат некои ситуации кои што нема да ги очекуваш.
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Последниов период се наоѓам во потполно нова средина, и на мое големо изненадување се снајдувам прилично добро што стварно ми се допаѓа :)
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Колку сте прилагодливи? И дали би се промениле во прилагодувањето?

Колку сте прилагодливи, дали брзо се прилагодувате на новите работи или ви е потребно повеќе време?
Нова средина, преселба во нов град, ново училиште, нов клас, ново друштво, ново момче итн. За се потребно е да се прилагодите одредено време. Некои лица веднаш или доста брзо се прилагодуваат, а на некои им треба одреден период за прилагодување и за новата работа да ја запознаат и да ја чуствуваат како своја.
Колкав период ви е потребен за адаптација и прилагодување?

Воедно дали кога се прилагодувате се трудите кон средината и кон тие нови лица комплетно да се прилагодите и вие со вашиот карактер, со тоа да промените некои работи кај вас, се со цел да бидете прифатени и да бидете дел од останатите. Според мене вие доаѓате во нова средина, ново друштво така да мора мали промени за да се прилагодите, нема тие да се прилагодуваат, туку мора тоа вие да го направите, вие пред себе имате нешто ново кон кое мора да се адаптирате.
Или пак не вршите такво прилагодување и не менувате работи кај вас, ако ве засакаат такви какви што сте во ред, ако не ќе најдете нови лица кои ќе ве сакаат такви какви што сте вие вистински и не сакате промени поради прилагодување кон нови лица и средина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom