Извештај од М.В.Р.Н.З. селска управа на Дихово од Битолската околија бр. 36, со дата 18.06.1942 година со ознака „Поверливо“ адресиран до Обласниот Директор и Околискиот Управител на гр. Битола.
Извештајот започнува со надополнување на одговорите во врска со статистичките прашања на кои Кметот Ник Атанасовски пропуштил да му ги одговори на Околискиот Управител при неговата последна посета истиот месец.
Според народноста тој ги дава следниве бројки: село Братиндол 198 Бугари, 58 Албанци и 2 Романци, Трново 75 Бугари, 9 Грци, 102 Албанци и 132 Романци, Магарево со 62 Бугари, 8 Грци, 1 Албанец и 94 Романци, Ниже Поле со 123 Бугари, 25 Грци, 2 Срби, 100 Албанци и 295 Романци, Снегово со 181 Албанец.
„Останатите села се со бугарско население“.
Понатаму продолжува со својата оцена:
„Како што Ви е познато ова население било политички 500 години под Турците, духовно под Грците и над 20 години под Србите. Грците работеле усилено и скоро со мал исклучок бугарското население било припоено кон грчката патријаршија. Училиштата, црквите, учителите и свештениците биле Грци.
Во време на владеењето на Србите, истите работеле да го придобијат бугарското население кон себе.
Општо земено национална самоопределоност во широк смисол на зборот спрема мојата преценка не постои.
Јазикот со кого се зброува е фактички бугарски-македонско нречие, но материјалните интереси се над се’.
Независно од тоа силната пропаганда на така наречените автономисти на Иван Михајлов спрема мојата преценка нема (при)врженици.
Аспирациите на Италија за создавање на голема Римска империја говорот на грчкиот министер претседател за неизвесноста како ќе изгледаат границите по војната го тераат бугарското население да има резервисано поведение (држење). Но имам впечаток дека ако е прашање (да Бугарите си) определат сами каква управа сакаат и каде би сакале (да се приклучат) со сигурност и смело можам да тврдам со мали исклучоци, дека ќе (сакаат) да бидат присоединети кон Бугарија.
Што се однесува за Албанците и Цинцарите – како што тие се викаат Румуни и сметаат дека се наследници на Римјаните не гледаат со симпатија на нашата власт. Предпалзиви и прикриени се до крајност, платци се добри и ги исполнуваат законските прописи, но во душата си мечтаат да се ослободат од бугарската власт.“
Во документот Македонците се третирани како Бугари, но да го проследиме и крајот од писмото:
„Мене лично ми прави впечаток, специално во мојата општина дека македонскиот Бугарин кога ќе му се постави прашањето при давање на разни податоци за својата националност сака да се именува како Македонец а не Бугарин и кога ќе му се објасни, дека Македонија е провинција и дека во неа живеат различни народности (Турци, Албанци, Цинцари и др.) и дека ако и тие се викаат обшто Македонци нема да има меѓу нив разлика, едвај тогаш се именува Бугарин“
Од овде станува јасно како изникнале бугарските статистики и уште појасно како се декларирале самите Македонци, како посебен народ.
Оваа вкоренета македонска свест и припадност се потврдува преку односот и значењето на историјата за Македонците:
„Во разни случаеви кога му се зборува за Бугарија е равнодушен, но кога ќе му се зборува за минатото за Самуила, св. Кирил и Методија, св. Наум и св. Климент, браќата Миладинови, Д. Груев, Г. Делчев и Т. Александров со восхит слуша.
Од тоа правам заклучок дека нема потполна национална самоопределеност.
КМЕТ: Ник Атанасов, с.р. (печат)“