Како се нарекувале Македонците наспроти пропагандните тврдења!?

Invisible Force

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.186
Поени од реакции
9.892
Ова е нешто од пред две години, веројатно се дискутирало во некоја група на форумов, но овде во пропагандиве гледам не.

Милош Биковиќ, најпопуларниот актер од кај северниот ни сосед, кога дедому (роден Беровчанец) се доселил во Србија се презивал Биковски, но ете тој имал ептен големо уверување дека е србин (бидејќи доаѓал од Стара Србија) и си го променил презимето во Биковиќ бидејќи Тито така рекол!

А старосрбски знае ли да збори испраниов мозок?
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
734
Поени од реакции
623
Бугарското „Здружение на потомците на бегалците и преселените од територијата на Северна Македонија“ се обратило до Конгресот на САД по повод „Неточности за минатото на географскиот регион Македонија во нацрт-резолуцијата (S.Res.311) поднесена до Конгресот на САД, со што се загрозуваат добрите партнерски односи меѓу САД и Бугарија“.

Обраќањето следи откако по иницијатива на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), републиканскиот сенатор од Индијана, Мајк Браун, пред Сенатот предложил резолуција со која се предлага септември 2023 година да биде прогласен за „Месец на македонско-американското наследство“ - да се слават македонскиот јазик, историја и културата на македонските Американци и нивниот неверојатен придонес за САД.

За попречување на оваа инцијатива прво се мобилизираше бугарската прекуокеанска заедница, а по бројни реакции во Бугарија уследи и обраќањето на ова бугарско Здружение. Негов копретседател е д-р Спас Ташев од Институтот за население и хумани студии при Бугарската академија на науките (БАН). Тој пред еден месец критикуваше дека битката против оваа предлог резолуција ја водат само бугарски невладини организации во САД, бидејќи немало никаков став од Народното Собрание а редно било да има, барем од парламентарната комисија за пријателство со САД.

„По 80-тите години на 19. век, не беше можно да има етнички Македонци во САД, бидејќи постоењето на такви не беше регистрирано во самата географска област на Македонија (...) До 1912 година, до кога Отоманската империја владее со географскиот регион Македонија, имало над 1.300 бугарски цркви со 73 бугарски манастири, 7 бугарски епископи и 1.310 бугарски свештеници, како и 1.370 бугарски училишта со 2.266 учители. Во исто време, ниту едно ‘македонско' училиште или црква не постоело, ниту еден етнички Македонец не бил регистриран“, се вели во текстот, и се потенцира дека во тој период името „Македонци“ не било со етнографско, туку со географско значење.

Линк од македонскиот прилог: https://www.dw.com/mk/gi-citaat-li-makedonskite-vlasti-bugarskite-pisma-do-vasington/a-66726408

Линк од целото писмо на Здружението до американскиот Конгрес: https://www.bta.bg/bg/news/bulgaria/oficial-messages/514630-sdruzhenie-potomtsi-na-bezhantsi-i-preselnitsi-ot-teritoriyata-na-rs-makedoniya
 
Член од
5 ноември 2022
Мислења
30
Поени од реакции
61
Дали постојат документи за Григор Прличев кои ја потврдуваат неговата македонска етничка припадност? Знам дека бил Македонец, иако во тоа време некои луѓе се нарекувале бугари, сепак тоа значи словен во тоа време, ама дали има појасна дистинкција направено од тоа бидејќи бугариве не го прифаќаат ова
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
734
Поени од реакции
623
„Б'лгарин да се наричам…”

Значи детево, бугарски научило кога студирал во Софија, а претходно дома зборел на “дијалект“.
Маријан.jpg


Госпожава исто така студирала во Софија и дознала дека имала бугарски корења.
Софика.jpg


Дечково слабо научил бугарски. Изгледа не студирал таму. Ама затоа весла.
Наум.jpg


Е овој студирал во Благоевград и сега во Подградец на децата им предава “правописен бугарски“ бидејќи децата знаеле само “дијалект“. И секако се “обидува да го разбуди бугарското самочуство и треба да се горди бугари“
Нучи.jpg


Овој па збори за најчистите бугари во село Врбник.
Димитри.jpg

Целото видео со гореспоменатите ликови на линкот подоле:
 
Последно уредено:

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.503
Поени од реакции
1.894
Член од
19 февруари 2023
Мислења
3.020
Поени од реакции
6.147
Стратис Миривилис (1890-1969) бил војник 10 години, учествувал и во Првата светска војна и во походите во Анадолија 1921 и 1922 година. Воените искуства имале пресудно влијание врз неговиот понатамошен живот, така што тој се вратил во родното место на Лезбос како верен пацифист. Тука работел како новинар и писател. Миривилис бил член на Академијата во Атина, а по војната и претседател на Друштвото на грчките писатели. Во 1960 година бил номиниран за Нобеловата награда за литература.

„Сè на сè, ова грчко лудило, несмасност, е дефект овде. Тоа е подземна војна“, вели главниот лик во романот „Живот во гробница“.

Кога грчката војска ја нападнала Македонија, Миривилис стапил во контакт и со Македонци. Тој пишува дека тие иако од негова гледна точка зборуваат речиси ист јазик како Србите и Бугарите, тие се сметаат себе си само за „православни Македонци“… ниту „Бугари“, ни „Сррп“ или „Гкрртс“… Така пишува Миривилис во својот роман.

„Тоа се селани чиј јазик е сличен на јазикот на Бугарија и Србија. Тие не ги сакаат Бугарите затоа што им ги земаат децата во војска. Ги мразат Србите затоа што ги викаат „Бугари“. Тие покажаа сочувство за нас бидејќи ние сме навистина духовни претставници на „православниот патријарх на Константинопол“…
 

Kajgana Shop

На врв Bottom