Како се нарекувале Македонците наспроти пропагандните тврдења!?

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Можда затоа што словенските народи кои живееја во Византија беа нарекувани vulgaroi од страна на византијците
И те прифатили како им викат грците,а не зачували това како се викали сами себе?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
И те прифатили како им викат грците,а не зачували това како се викали сами себе?
Како може името “Бугар“ да биде ЗАЧУВАНО доколку претходно НЕ ПОСТОЕЛО?

И доколку тоа име ниту како ендоетноним ниту како егзоетноним НЕ ПОСТОЕЛНО на Балканот пред 6-от век, со кои имиња се нарекувале овдешните народи и со кои имиња биле нарекувани?

И последно, не го искривувајте карактерот на темава.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Игенеа направи ама на вас тоа не ви одговара.
Оо,многу ни отговара. Това сруши тотално тезата за турскиот произход. :)
Генетичните изтражуваниja направиха пепел тази теза.

Како може името “Бугар“ да биде ЗАЧУВАНО доколку претходно НЕ ПОСТОЕЛО?

И доколку тоа име ниту како ендоетноним ниту како егзоетноним НЕ ПОСТОЕЛНО на Балканот пред 6-от век, со кои имиња се нарекувале овдешните народи и со кои имиња биле нарекувани?

И последно, не го искривувајте карактерот на темава.
Абе не гредам потреба да дискотираме дали постоело или не това нема абсолутно никаква взка тука, ама како ти се види на тебе работата - хората прифатили име наметнато от грците,а не вистинското името което имали те и което користели сами за себе?!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Абе не гредам потреба да дискотираме дали постоело или не това нема абсолутно никаква взка тука, ама како ти се види на тебе работата - хората прифатили име наметнато от грците,а не вистинското името което имали те и което користели сами за себе?!
Токму тоа е кључот на вашите шеми кои ги составувате овде.

Има повеќе димензии во формирањето на свеста кај денешните Балкански народности, а тоа се религиозните афилијации, припадноста кон политичкиот субјект (држава или царство) и јазичната авансираност.

Доколку вашата “бугарштина“ варира од аспект на помалата или поголема подложност на овие чинители од постарите ендоетноними тогаш логиката говори за себе, дека се работи за НАМЕТНАТА СВЕСТ која се градела со ВЕКОВИ и НЕ ПОСТОЕЛА ПРЕТХОДНО(КЉУЧЕН МОМЕНТ).

Доколку македонската свест немала основа, примерите на темава не требаше да постојат.

А калемењето туѓи имиња на простите маси и нивно прикажување после неколку векови на употреба како “автохтони“ или недај Боже ендоетноними, претставува болна амбиција на неостварени националистички групации.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Бравоо.... грците наметнали свест на хората,а те не знаели какви са, не зачували своето име, не се наричали както преди се наричали сами себе,ами прифатили наметнатото от грците име,...браво...
Можам само да те поздравам за тази теза.
Истото е все едно от утре да ти речам нема да се викаш вака,ами онака и ти да го прифатиш и да не си користиш реалното име....
Уште повеке да ти го наметне народ со коjто немаш ни обшт jaзик,ни обшта култура...

Исто така сруши вашата и грчка тезаа според која денешниве Македонци немале ништо со античките.
Доказа се дека целиот Балкан има обшто со антиката-едни повее,други помалце но сите имат.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Бравоо.... грците наметнали свест на хората,а те не знаели какви са, не зачували своето име, не се наричали както преди се наричали сами себе,ами прифатили наметнатото от грците име,...браво...
Можам само да те поздравам за тази теза.
Бидејќи си ја извади од газ тезава, ексклузивно твоја е пријателе. Јас никаде ништо такво ниту приближно не напишав, ама се разбира кога си во тесно почнуваш сам со себе да дискутираш во круг.

А веќе пишувано е за “грчката“ свест и нивните Албански револуционери, претседатели и премиери. :)

И во иднина, немој со мене детски муабети, кога губиш имај образ.

Поздрав
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Само не разбравме Братот,како разликуваш кога станува збор за реален грк или реален бугарин,а не за "наметнат" :) По избор?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Само не разбравме Братот,како разликуваш кога станува збор за реален грк или реален бугарин, а не за "наметнат" :) По избор?

Кога никнуваат онаму каде што никогаш не биле садени.

Не може Македонците да се Бугари, кога името на првите е постаро за најмалце 14 века од појавувањето на “Бугари“ на Балканот.

Ниту прекуноќ Македонците може да се Грци, доколку претходно постоеле одделно.

Ај сега оди свари кафе.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Е,даj кординати да видиме каде са садени и извини,но во светски маштаб има миграциja на населениja има и мешане. Видимо за теб проблема е името,а не што носат со него како култура,бит,традициja,jaзик и така натаму... Едно голо име - баш ништо не значи.
Претопуването и мешането го нема како процес?
Турjaм кафето - добро си доjден секогаш.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Не значи ако не значи ,ако значи тогаш многу значи !!!!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Е,даj кординати да видиме каде са садени и извини,но во светски маштаб има миграциja на населениja има и мешане. Видимо за теб проблема е името,а не што носат со него како култура,бит,традициja,jaзик и така натаму... Едно голо име - баш ништо не значи.
Претопуването и мешането го нема како процес?
Турjaм кафето - добро си доjден секогаш.
Јас само ќе те потсетам на една античка мудрост од Аристотел:

А = А - најуниверзалниот симболичен израз на принципот на идентитетот.

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A4%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D1%81%D0%BE%D1%84%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%80%D0%B5%D1%87%D0%BD%D0%B8%D0%BA
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Без многу објаснувања и дополнителни коментари, да ви претставам една интересна книга полна со важни сведоштва за историјата на скоро сите народи на Балканот, па така и за нас Македонците.
Во неа има историски податоци соодветни за оваа тема.

Книгата се вика: "USPOMENE NA POLITICKE LJUDE I DOGADJAJE" и е авторско дело, поточно мемоари на познатиот хрватски скулптор Ivan Mestrovic
Оригинално е издадена во 1961 г. во Буенос Аирес, Аргентина, а подоцна преиздадена од "Матица Хрватска" - Загреб во 1969 г.

Прво предната корица и насловната страна на оригиналното издание од Аргентина:




Од истово издание следуваат за нас и за оваа тема мошне важните страни 30-31:




Нема ништо да коментирам, само еден совет за сите Македонци и други (посебно важи за источниве) што го посетуваат овој форум = ПРОЧИТАЈТЕ ГИ ДОБРО ОВИЕ ДВЕ СТРАНИ

Ако некому не му е разбирлив хрватскиот, може да се преведе и на македонски, само изразете желба.


Еве фотографии и од двајцата соговорници од странициве,
Димитар Ризов:



И Иван Мештровиќ:

 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.488
Поени од реакции
1.863
Министерството за надворешни работи на Германија во својот архив чува еден документ од 1904 г., кој е од исклучително значење за Македонија.
Петар Драгашевиќ, Географиjа за средње школе, Београд, 1871, c. 162-163






Во еден извештај упатен до германскиот канцелар и министер за надворешни работи (од 1897 г. грофот Фон Билов), пратеникот во Белград ја пренел содржината на една статија, која извесен г. Балугџиќ ја објавил во еден берлински весник во 1886 г. Во тоа време Балугџиќ бил одговорен за односи со јавноста на кнезот Петар Караѓорѓевиќ, кој во тоа време живеел во егзил во Женева, и уште тогаш ја уживал неговата доверба. Во 1904 г. одлучил, можеби под влијание на Илинденското востание, задушено есента 1903 г.,истата статија да ја објави и во својата родна земја, и тоа во органот на Младите Срби, "Словенски Југ", списание на кое и самиот бил претплатен. Балугџиќ сè уште бил одговорен за односи со јавноста, но сега на кралот Петар, и статијата ја дал да се објави неколку седмици пред крунисувањето, кое било извршено на 21.9.1904 г. Во статијата "Cите претензии кон Македонија се оценуваат како скршнување во погрешна насока":

" Пред австриската окупација на Босна, никој во Србија не помислил на искажување претензии кон Македонија ... се додека Србија ги бараше своите брегови на Јадранското Mope, немаше тврдења дека во Солун има српско население.

Дури откако на Србите, со насилен акт на Берлинскиот конгрес, им беше одземено природното право, поради историјата и јазичните граници, да се прошират кон Јадранското Mope, со вештачка агитација погледот на српската политика се сврте кон Македонија. "[1] Овој пресврт во српската политика најсилно се одразува преку трансформацијата на тогашната државна пропаганда.

Пример за тоа е промената во ставовите на српските “учени“ која се случила токму во истиот период кога Србија почнала да ја прецртува картата на “Голема Србија“.
Во учебникот по географија за средни училишта[2], од кој учеле српските средношколци во 1871 година, чиј автор е српскиот академик Петар Драгашевиќ стои дека Македонците се „најстари Словени“ и „можеби најстар народ во Европа“, а Србите и Бугарите „дојденци“.

После дваесетина години истиот автор, се “предомислува“ и почнува да не нарекува „аморфна маса“.

За ова да биде навистина трагикомично, учебникот на Драгашевиќ бил прегледан и одобрен од државната комисија во Белград и испечатен во државната печатница.
Во делот каде се зборува за историјата на народите во југоисточна Европа стои:

„Староседелци во овие земји, во древни времиња биле некои Словени на кои не им се знаат имињата...можеби низ долгите времиња наназад многу раштркани, тоа се денешните Македонци. Но, како што насекаде во светот бидува, кога дојденците ја преземаат власта, така било и овдека“.

Во истиот дел стои дека Елините се доселиле на полуостровот пред 1.500 години, ја создале лулката на науките и уметностите и ја пресадувале на сите крајбрежни делови на Средоземно Море. За Александар Македонски, стои дека, „творецот на македонската светска држава“, ги проширил границите до Индија. Во делот „Народ“, пак стои:

„Овој полуостров е мозаик на народи како и Австрија. На овој простор живеат 13,6 милиони жители и тоа: Словени 61 отсто, Турци 13 отсто, Арнаути 7 отсто, Грци 14 отсто, Ермени 3 отсто и останати 2 отсто. Што би се рекло, Словени има двапати повеќе од сите други заедно, а четирипати повеќе од Турците. Во Словени се бројат: Срби 3,6 милиони, Хрвати 0,5 милиони, Македонци 1,3 милиони, Бугари 3,2 милиони, останати 0,04 милиони“.

На страницата 163 се наведува дека „Македонците се најстари Словени на овој Илирски полуостров, а можеби и во Европа“. Драгашевиќ тврди дека преку Македонците поминувале и владееле сите народи кои во текот на многу времиња, или еден покрај друг, или еден зад друг престојувале во овие земји.

„Македонците денес го заземаат речиси целиот брег на Белото море, на исток се мешаат со Бугарите од Тракија на запад со Арбанасите од Арбанија и Епир и на север со Србија ги граничи Шар Планина. И покрај сето ова во нивните обичаи и во нивниот јазик можат да се најдат траги од сите оние народи, кои овде-онде, над нив владееја (нарочно Бугарите и Србите). Македонците и денес се карактеризираат самостојно и стојат во средината меѓу Бугарите и Србите“, пишува Драгашевиќ за Македонците.

Ништо помалку интересно е неговото пишување за другите народи: „Бугарите на овој полуостров се дојденци (за разлика од Македонците) исто како и Србите и денес ја зафаќаат целата источна страна на овој полуостров“. За Албанците, пак вели дека се во тесна врска со римските војници, а за Грците дека живеат во „Кралство Грчко“.[3]

На страна 35 од учебникот насловен како Земљопис Србиjе и Турскe за основне српске школе“ издаден во Белград во 1872 година пак стои:

"...jужниот дел на Балканот го заземаат Македонците, кои се потомци на наjстарите Словени, и кои беа во Тракиjа уште пред Христа. Од север ги граничи шар Планина, од исток Родопите, од jуг Белото Море и Тесалиjа, од Запад Епир и Jужна Албаниjа..."[4]

Србинот Јован Гавриловиќ бил автор на учебникот за основни училишта од 1850 година кој под името Македонјани ги вклучил Илирите, Трибалите, Мизите и Гетите. За Македонјаните вели дека живееле на територијата на која подоцна се населиле Србите, Хрватите и Бугарите. [5]
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Има еден факт. Некој Хрват нешто напишал за Ризов. И тоа во 1961 г.
Јас фактите не ги спорам.


Само ме чуди зошто не им верувате на Македонците туку барате некој друг да ви објаснува како се нарекувале Македонците.

Новозеландците подобро знаат како се нарекувале Македонците од самите Македонци.

--- надополнето ---

Земљопис Србиjе и Турскe за основне српске школе“ издаден во Белград во 1872 година пак стои:
Истата година Македонците гласале на референдум и јасно на цел свет си ја кажале својата народност.
Што и да пишуваат Срби, Грци, Англичани, Руси, Новозеландци и секакви други - Македонците се изјасниле.

А кој што напишал и зошто го напишал е друга тема.
 

Beowulf

Deep Fear
Член од
11 мај 2009
Мислења
362
Поени од реакции
35
Па Ризов му објаснува на Мештровиќ зошто некои Македонци се нарекувале Бугари, некои Срби, а всушност биле само Македонци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom