Како се емигрира во Австралија и Нов Зеланд?

Член од
12 октомври 2015
Мислења
5
Поени од реакции
26
Здраво на сите,

Одамна сум член не форумов, но не сум пишал ништо до сега.
Се иселив во Австралија пред скоро 5 години или поточно речено се обидувам да се иселам.
Долго време одолговлекував јавно да кажам мислење за агентот кој ми помогна да дојдам во Австралија.
Првично, мислев дека е до мене, јас сум неснаодлив, па затоа не успевам да останам трајно. Но, со текот на времето сфатив дека целата миграција не била испланирана најдобро уште на почетокот. Исто така научив дека миграција не е дизајнирана според иселениците туку постои да и помогне само на економијата на државата каде се доселуваме. Да не се заборави и спрегата држава-агенти за миграција. Таа спрега го моделира движењето на луѓето, со помош на надворешни (push&pull) фактори.

Во некоја друга прилика ќе зборувам за уделот на Австралија и какви се нејзините миграциски политики од хуман и етички аспект.

Сега да се задржам на главното:

Агентот се вика Дејан (АМО) од Аеродромот, но ова може да важи и за другите, бидејќи главната намера на повеќето агенти им е да направат лесни пари без да вклучат емпатија и етика.
Грешката ми стана јасна речиси веднаш откако слетав во Австралија. Побарав совет од него и тој веднаш ме "посоветува" да побарам нов агент во Австралија, бидејќи биле подобро упатени.
Со два збора речено, ме откачи. И тоа откако дебело ми наплати за услугата аплицирање за студенска виза, без сметкопотврда (но тоа е и моја грешка, дека не ја побарав). Нешто повеќе од $3000. А притоа наплатил, како и секој едукациски агент и од универзитетот за мојот упис на постдипломски. А не верувам дека останал покус и за продажбата на осигурувањето кое, според него, требало да се направи преку конкретната компанија затоа што само таа ги враќала парите во случај на неуспешна виза. Нормално и тоа е неточно.
Цената, за да нè донесе на студентска виза и да нè фрли во длабоко, беше превисока а последиците се уште ја плаќаме или трпиме и после скоро 5 години. Па, затоа сметам дека е фер пред сите да кажам дека однесувањето на Дејан од АМО е крајно непрофесионално и нефер.
Згора на тоа, откако платив, однапред за услугите тој изгуби мотивација да го води мојот случај, па често морав да се јавувам и да го потсетувам. Како резултат на тоа еднаш пропуштив и упис, а следниот ме чинеше повеќе. Затоа што универзитетите годишно ги прилагодуваат цените (читај поскапуваат само) според инфлацијата. Па, морав да платам околу $2000 плус од претходната понуда.
Од страна на агентот ми беше сугерирана конкретна професијата, која ја нема на листата, но според него тоа нема да има никакво влијание бидејќи моето македонско искуство ќе ми помогне да најдам брзо вработување во Австралија. Нешто како ,,Австралија само тебе те чекаше". Работа најблиска до струката најдов дури после 1 година, а во меѓувреме работев само како чистач, нешто што австралиските државјани го сметаат за премногу ниско да ги работат. Па, затоа интернационалните студенти се идеални кадидати да ја пополнат таа дупка во економијата.
Но, што е најнеискреното во целата работа?
Тоа што агентот ме советуваше, не според тоа што ќе ме остави во Австралија, туку според тоа што ќе ме однесе во Австралија, а тоа, според него, беше само постдипломски студии бидејќи така сигурно се добива виза (а притоа провизите за него се високи) и успехот со испраќањето на било каква виза ќе си го препише како негов успех при затворањето на случајот.
Значи, мотивацијата била чиста заработка од испраќањето, а не и дали целото семејство ќе остане трајно во Австралија. Затоа и се откажа да не советува подоцна.
А постоеле други начини да дојдеме, па кој к*р плаќам агент ако самиот треба да откривам што е најдобро. Јас така размислував и тоа ме чинеше премногу изгубено време и пари.
Првиот начин: да дојдам на туристичката и од овде да поднесам барање за студентска. Да студирам струка што ја има на листата. Но, тоа ќе значеше помалку пари за Дејан, значи отпаднало.
Второ: можела мојата сопруга да студира нешто поевтино, што го имало на листа, но и тоа ќе значело помалку пари за агентот.
Трето: професијата на жена ми ја има на листите, а исто така и skills assessment-от испадна успешен, ама тоа овде го дознавме. Но и тоа, погодувате, не ни беше понудено како опција.
Поука за другите, бидејќи за нас можеби е предоцна:
Не доаѓањајте во Австралија доколку сте над 35 и немате струка на листата, или не сте на партнер виза. Ако веќе толку многу сакате и немате друг подобар избор од студентска:
1. Соберете доволно информации и најдете агент од Австралија! Од Австралија! Не дека се многу почесни, туку барем се малку поевтини и подобро информирани. И земете ЕДУКАЦИСКИ агент, кога веќе единствена опцијата е студентска виза.
2. Спремете доволно пари:
- Ако сте сами: барем за првата година целосно да покриете трошоци за студирање бидејќи со 20ч. неделно ќе можете да плаќате само за кирија и храна.
- пар без деца: можете да поминете со помалку кеш, само за првите месеци за кирија и храна, бидејќи ви е целосно платен првиот семестар што обично секогаш се плаќа при упис.
- За семејство, би било добро да имате барем за пола од школувањето во кеш откако ќе слетате овде. (градинките се плаѓаат по $100 и повеќе дневно, а школите не се бесплатни).
3. Подгответе се за неуспех и смислете си план-Б. (Најчесто Канада или Нов Зеланд)
4. Подобро почекајте во Македонија, исцрпете ги сите можности и обезбедете искуство доколку имате струка на листата, а немате доволно искуство. Не очекувајте дека овде ќе го дополните, затоа што се брзате да се иселите.
5. Ако немате сè од погоре наведеното: Голема помош е да имате брат или сестра или први братучеди што се жители или државјани на Австралија, бидејќи тие можат да ве спонзорираат за трајна виза, доколку сакаат, се рабира. Јас ја немав таа среќа. Но, не очекувајте да се разберете едни со други 100% и очекувајте да има проблеми или конфликти :lut: (бидете спремни на планот Б).

Доколку имате помалку од 35, или уште подобро помалку од 30. Студентска виза е добра опција ако немате струка на листите и секоја точка од погоре би ви помогнала да останете. Но, спремете се за долга борба од, можеби 3,4 или повеќе години.
Јас, а верувам и другите членови на форумот можат да ви дадат покорисни совети. Јас би сакал да помогнам на што е можно повеќе луѓе, само и само да ја намалиме штетата што агентите можат да ја направат.
Би ве советувал, исто така, внимателно да ги прифаќате советите од луѓе што се иселиле пред повеќе од 10 г. Тие најверојатно ќе ви дадат бескорисни совети, а некогаш дури и штетни или смешни, како на пример: дека можеш да одиш во централинк (социјално) и да побараш помош за децата, а притоа си на студентска виза :(
Напомена: Ова е мое лично видување и искуство, секој си има свои индивидуални погледи на животот, различни можности, побуди, желби и различно гледа на животот. Тоа што е заедничко за нас е дека имаме слични фактори што не бркаат од нашата Македонија и не влечат кон друга држава, т.н. push and pull factors.
Благодарам што успеавте да го дочитата до крај ова писание. Доколку имате современи прашања за миграција во Австралија, слободно "опитајте" ме.

@Австралопитекус, 2023
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Ова погоре треба да стои како задолжителен воведен пост на темава, за секој што е во постапка/има намера да почне постапка за Студентска виза, или општо за миграција, генерално агентите ја нудат како прва затоа што со најмалку замаранции нив им носи најмногу приход.

И не си сам за ова, сретнав и други заглавени со студентска, иако со малку повеќе труд, и неколку месеци во МКД, можеле да стигнат до други подобри опции. Рекордерите што ги сретнав упишале 2 факултети + регионална после тоа, т.е речиси 12 години после првиот влез сеуште не се перманент.

Агенциите за жал не функционираат на принципот - „Плаќам професионалец, тој се замара за се што треба“, туку во секој случај треба да се отепате од читање и следење на секој чекор од процесот.

Отворете ги очите добро, прашувајте го секој чекор по 20 пати и проверувајте се што ви кажуваат на интернет, т.е не верувајте во се што ви се продава од агентите.

Студентска виза треба да ви биде последниот избор, се друго е претходно, и кога запишувате факултети тука, не одете на опцијата да запишете колку да се запише, туку нешто што во иднина ќе ви носи пари.
Ако некоја професија е „тиња“ во Македонија, не очекувајте дека тука со истата ќе живеете добро.
Генерално сите инженерски професии се платени добро, финансии се платени добро но само и само ако сте експерти за овој систем (не сметководство) и конкуренцијата е апла голема, ИТ тука често е пониско платена од другите инженерски професии.

Tradies или по нашки занаетчиски струки, ви се подобар избор од пола факултети, неретко со свои фирми заработуваат и повеќе од сениор инженер.

Генерално колку помлади, толку поарно, и тоа од секој аспект, ако почнете со работа на 45 тешко да соберете пари и за во супата (пензискиот фонд, superannuation), а исто и за да поминете низ другите глупости.

Стартен кеш ви треба и тоа барем за да преживеете 6 месеци тука, што во превод е минимум 25 000 АУД за самец или 2ца, со деца дуплирајте ги. Рачунајте на старт ќе плаќате поскапи кирии и се што треба затоа што и за да изнајмувате стан ви требаат препораки кои ги немате, и да сте вработени.

Работа по струка, освен ако не сте апла експерт во тоа што го правите, и уште побитно добри во продавање на приказната, може да ви требаат месеци и години. Вежбајте и на вештините за продажба, од 200-300 апликации дали ќе имате прилика да стигнете до 2-3 интервјуа, и немате простор допрва да се вежбате и експериментирате, т.е и англискиот на интервју треба да ви е перфектен, а и тоа што ќе го зборувате за вас.
Англиски во секој случај треба да сте на врвно ниво (особено слушање и зборување), зависи каде се наоѓате, но често имаат и зезнати дијалекти, а никој не сака да се повторува по 5 пати затоа што не сте го разбрале.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.354
Поени од реакции
8.972
Благодарам што успеавте да го дочитата до крај ова писание. Доколку имате современи прашања за миграција во Австралија, слободно "опитајте" ме.

@Австралопитекус, 2023
Си се потрудил да објасниш некој работи, ама никој нема да те опита ништо, исто како што не си опитал ни ти ( највероватно не си сакал ни да веруваш во вакви приказни) пред да тргнеш каде што си тргнал. Твојава приказна е непопуларна меѓу нашиот народ и никој не сака да ја прима, сите ќе прокументираат, "а бе тој не можел да се снајде и слични блабла, јас само да стапнам таму", веќе видени работи.
 
Член од
12 октомври 2015
Мислења
5
Поени од реакции
26
Си се потрудил да објасниш некој работи, ама никој нема да те опита ништо, исто како што не си опитал ни ти ( највероватно не си сакал ни да веруваш во вакви приказни) пред да тргнеш каде што си тргнал. Твојава приказна е непопуларна меѓу нашиот народ и никој не сака да ја прима, сите ќе прокументираат, "а бе тој не можел да се снајде и слични блабла, јас само да стапнам таму", веќе видени работи.
Во право си, иако ми звучиш како да ја бараш вината во странките што не слушаат паталци.
Да, луѓето се лепат на успешни приказни и повеќе им веруваат на истите (поради пристрасност). Но, исто така немам сретнато вистинска неуспешна приказна поради тоа што луѓето се срамат да признаат грешка или дека некој ги заебал.
Но, јас и прашував и читав (а мора да признаеш дека системот на миграција е прекоплицан за да можеш да го студираш сам и да донесеш ,,информирана одлука").
Овде ги прочитав повеќето постови. А и ми беше кажано од членови овде дека доаѓањето на студентска виза не е добра опција. Но, кога му предочив на агентот, тој објаснуваше дека неговото искуство и живот во Австралија кажуваат дека јас ќе успеам многу лесно да најдам работа и спонзор и дека нема друга опција, кога имало. Не ми кажа дека јас треба да имам 3 години искуство во струка, ама направено после студиите.
Не велам дека селењето во Австралија е лош чекор, ниту дека ова задолжително ќе заврши лошо. Но, сакам да укажам дека тој што бил одговорен да ме насочи, неетички се однесувал кон целата постапка само заради поголема материјална корист. Тоа ја направи миграцијата многу поскапа и подолга и парите платени му се неоправдани.
(Исто како да отидеш кај механичар и непотребно смени екстра делови само затоа што има и процент од трговците и поправката е прескапа и предолга).
Доколку пристапот бил чесен, и со поддршката и после селењето. Немаше да морам да го пишувам ова.
 
не не, не барам јас вина кај никого, само дадов констатација, како што и самиот спомна, поради пристрастност луѓето понекогаш гледаат слепо и полесно им е да му веруваат на некој агент кој очигледно лаже него на некој што му ја доволува сликата пореално.
Јас лично сум присуствуал кај еден агент, бев викнат да присуствувам од страна на еден потенцијален студент, какви не глупости се изнаслушав, ми идеше со шамари да му влезам.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.607
Поени од реакции
5.302

Ama lugjeto sakaat da go slusnat toa, i agentot iskaca odlicen.
Prost prmer od moja struka i profesija:
Gospodinot E.M sopstvenik na mnogu brendovi koi pocnuvaat na T, vetuva avtonomni vozila od 2016 navaka i sekogas se istite lagi spremno na regulacija se ceka da odobri, vo vtor kvartal od slednata godina ke bide ... (zemi gledaj mu gi intervjuata ke uvidis) a tehnologijata mu e zasnovana na faking 1.3mega pikselni kameri (nikad nema da raboti kako sto zamislil, a nemoze da promeni senzori i slicni gluposti zasto taka ke izleze deka zaebal milion lugje koi veke gi kupile negovite vozila)

Taka e i so agentive, oni melat prazna slama i mamat lugje na studentski vizi (pa 90% od lugjeto sto otisle u AUS na studentski gi prakaat) niv im e najlesno ke si lapnat para i koj go vrti aplikantot sto utre ke uvidi deka bil zaeban ama mu e kasno, vazno on do pred da stapne veruva vo slatkorecivosta, a ne vo realnite raboti koi lugje koi veke se zaebale mu gi posocuvaat
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
Член од
12 октомври 2015
Мислења
5
Поени од реакции
26
Во првиот пост ја споменав спрегата агенти за миграција-миграциски систем. Тоа е еден така убаво склопен соживот кој ги јаде мигрантите, особено оние кои доаѓаат на студенска виза.
Првите заради лична материјална корист. Врбуваат луѓе кои можеби среќата би си ја нашле на друго, пофино место. А вторите истото тоа го толерираат и ,,со чисти раце" ги туркаат мигратите во исцрпувачки децениски вртлог додека ги молзат како евтина работна сила, ги цедат нивните средства за школарини со цел да ја збогатат нивната трилионерска економија. За плаќање на визи, агенти, OSHC и OVHC, skills assessments, ренти (бидејќи немаш право на станбен кредит), градинки, школи и универзитети како интернационални студенти (за децата на студентите), NAATI, и сите други скриени трошоци напишани со мали букви, се тука за да те потсетат дека живеачката ти е на рати и во рацете на државата која и да сакаш не можеш да ја напуштиш (додека не те исфрлат како кора од исцеден лимон), бидеќи и картите за назад се плаќаат.
Скиро два милиони мигранти се заглавени во Австралија (официјалната бројка е 1.9 милиони кажана директно од устата на Клер Онил завчера) како трајно-привремени работници.
Во најдобрата година за универзитетите на Оз, 2019 дошле да студираат 756 000 студенти.
Нашите агенти ни ја нудат студентската виза како можност да влезеш во бројот од 200 000 среќници што годишно добиваат трајна (ПР) виза. Од кои не се сите наменети за skilled миграциски визи. Да, точно, нудат само можност, но не и сигурност да се избориш со повеќето од нив и да стигнеш до таа толку посакувана цел. Нешто слично на лотарија.
Најголемата лага што се продава од системов и агентите е токму тоа што оваа бројката (на заглавени) никој не ја кажува директно. Нивниот бизнис директно зависи од таа информација. Но и нивниот образ би бил чист, ако воопшто и го има било кој од нив. Но, тоа не е ни важно, затоа што ние сме им само бројка, а нивните џебови се доволно длабоки и никогаш доволно полни.
Дури и намалувањето на часовите за работа на студентите од 40 неделно на 48 на две недели го претставија како зголемување.
 
Член од
24 јануари 2012
Мислења
514
Поени од реакции
536

Tocna analiza od Avstralopitekus, spored statistika 16% od megunarodnite studenti uspevaat da dobijat trajna PR viza vo Avstralija, dodeka vo Kanada toj procent e 27%. Toa ja otslikuva razlikata megu ovie dva imigracioni sistemi. Dobra informacija za site sto mislat za studentska viza.

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.090
Поени од реакции
11.494
Без навреда, ама ова се тешки глупости.
Студенстка виза е за да студираш тука и се вратиш во матичната земја за да го примениш тоа твое знаење. Проблемот е што 90% од интернационалните студенти доаѓаат тука или да работат на црно по 50-60 саати неделно на ABN или да земат перманент виза или и двете. Практично кажано да го зеабат системот. И откако на поголемиот дел од нив ова нема да им помине почнуваат жалопојките и глумење шипптар (барање права што никој не ти следуваат).
Ако сакаш перманент аплицирај за таква виза и чекај да ја добиеш, не се буткај преку ред со ефтини финти.
 
Член од
12 октомври 2015
Мислења
5
Поени од реакции
26
@Xibalba
Дали ова е заради моите постови или?

Дека велиш ,,без навреда", а директно напаѓаш и навредуваш со етикетирање. Гледам дека "си одавде" и дека твојот успех се должи само на тоа дека ти заслужуваш, дека си успешен, само заради тебе, а не и поради други, за тебе среќни околности. И дека другите доаѓаат, а не заслужуваат да се тука. Така ли или лошо сум те сфатил?
Јас дојдов овде преку студентска виза, не за да го заебам системот, туку за да мигрирам легално.
А тоа што државата Австралија дозволува регистрирани агенти да ја нудат нелегалната опција за миграција како легална не е нивен проблем, нели? Бидејќи они не се тие што дозволуваат, туку таму некоја група (агенти) со која они немаат никаква врска. Затоа ли го измислија GTE?

Еве, ако не си причитал убаво, си заборавил или не ти било доволно јасно. Ќе повторам.
Јас дојдов на студентска виза, за да најдам легална работа и (како што ме поучи агентот) вработување и да бидам спозориран како стручен кадар со преку 15г. искуство во струката. Каде го гледаш тука заебувањето на системот?
Сум можел да дојдам и на туристичката, и да останам, нели? Тогаш ќе беше ли фер и помалку ,,шиптаpски" за тебе?
Сум можел да дојдам преку струката на мојата сопруга исто така. Забораваш дека тоа не ми беше кажано како опција.
Или тоа е ,,жалопојка" и сум сакал преку ред? А каде е редот, за да застанам позади?

Тоа што јас овде го кажав беше насочено против агентите што немилосрдно ги мамат луѓето ветувајќи нереални работи за сопствена корист. И да им помогнам на луѓето да донесат информирани одлуку, со сите мани и предност. А не само брда и долини...
Но, ете не можеш да им погодиш на сите и јас сум подготвен и на тоа.
Иако мојот пост најмалку беше насочен кон тебе, сепак фала што одвои време да го искажеш своето мислење. Те молам (како на Македонец), да престанеш со навреди и осуди кон луѓе кои не ги познаваш доволно.

Ќе ја бранам мојата позиција бидејќи сметам дека луѓето што мигрираат заслужуваат подобар третман.
 
Последно уредено:

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.090
Поени од реакции
11.494
@Австралопитекус

Постот ми беше генерален коментар за линкот што Лион го постираше, не директно против тебе, никаде не те цитирав.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.309
Поени од реакции
24.444
@Xibalba
Дали ова е заради моите постови или?

Дека велиш ,,без навреда", а директно напаѓаш и навредуваш со етикетирање. Гледам дека "си одавде" и дека твојот успех се должи само на тоа дека ти заслужуваш, дека си успешен, само заради тебе, а не и поради други, за тебе среќни околности. И дека другите доаѓаат, а не заслужуваат да се тука. Така ли или лошо сум те сфатил?
Јас дојдов овде преку студентска виза, не за да го заебам системот, туку за да мигрирам легално.
А тоа што државата Австралија дозволува регистрирани агенти да ја нудат нелегалната опција за миграција како легална не е нивен проблем, нели? Бидејќи они не се тие што дозволуваат, туку таму некоја група (агенти) со која они немаат никаква врска. Затоа ли го измислија GTE?

Еве, ако не си причитал убаво, си заборавил или не ти било доволно јасно. Ќе повторам.
Јас дојдов на студентска виза, за да најдам легална работа и (како што ме поучи агентот) вработување и да бидам спозориран како стручен кадар со преку 15г. искуство во струката. Каде го гледаш тука заебувањето на системот?
Сум можел да дојдам и на туристичката, и да останам, нели? Тогаш ќе беше ли фер и помалку ,,шиптаpски" за тебе?
Сум можел да дојдам преку струката на мојата сопруга исто така. Забораваш дека тоа не ми беше кажано како опција.
Или тоа е ,,жалопојка" и сум сакал преку ред? А каде е редот, за да застанам позади?

Тоа што јас овде го кажав беше насочено против агентите што немилосрдно ги мамат луѓето ветувајќи нереални работи за сопствена корист. И да им помогнам на луѓето да донесат информирани одлуку, со сите мани и предност. А не само брда и долини...
Но, ете не можеш да им погодиш на сите и јас сум подготвен и на тоа.
Иако мојот пост најмалку беше насочен кон тебе, сепак фала што одвои време да го искажеш своето мислење. Те молам (како на Македонец), да престанеш со навреди и осуди кон луѓе кои не ги познаваш доволно.

Ќе ја бранам мојата позиција бидејќи сметам дека луѓето што мигрираат заслужуваат подобар третман.

aj malku tough love...

#1 studentska viza e kako sto spomna @Xibalba nameneta za da studiras i da se vratis nazad vo drzavata od kade sto si dosol i da go primenis toa znaenje pred se tamu. kremot normalno ke dobie sansa da ostana ama realno 16% e bi rekol 6% poveke od ona sto treba da ostane. iskreno ne gledam pricina zosto bi zadruzvale tolkav procent osven ako imaat stvarno defincitna struka ili se spremni da rabotat nadvor od sekoj pogolem centar vo AUS.

#2 neznam so koj pamet ti si dosol, ama ako ne e kako #1 togas ti ne si gi prostudiral site opcii so vreme, sto ustvari i sam kazuvas deka bilo taka.

#3 agentot si tera BIZNIS. ne e on drzavna agencija zadolzen tebe da ti sluzi. ne se oni del od ministerstvo. apsolutno se slozuvam deka golem del od niv se katastrofa i deka gledaat od tebe od tebe da izvlecat pari (a koj biznis ne gleda) megutoa na kraj tvoja e odlukata dali ke ja prifatis i platis sorabotkata ili ne. fino sto napisa se ova za da znaat drugi da ne letaat ama ovde ti si snosis ogoren del od odgovornosta.

#4 AUS nema sto da im zabranuva na agentite da ja nudat studentskata viza. taa e del od cel toj sistem i se duri ima sansi preku nea da se ostane sosema ok e da se nudi ko opcija. tuka treba da se soberete site sto ste izmameni od agent X ako veke toa e problemot i da se zalite za vo idnina da ne mu dadat licenca. ne se site agenti isti.

#5 znaci ti si dosol da najdes rabota i sponzor a vizata ti bila samo za da vlezes... epa kako toa ne e zaebuvanje na sistemot? na kraj krajeva ete dojde, ja imas taa moznost da najdes rabota i da te sponzorira nekoj, iskoristi ja. ne sfakam ako veke si dosol so takva umisla sto e problemot dali i za toa agentot e kriv?

#6 da dojdes turisticki i da ostanes ke bese isto albanski... radi takvi Albanci porano bevme na listata na 10 nacii sto bea "rizicni" pa redovno za turisticka viza se barashe deposti (bond) od minimum 30K za covek.

#7 mene mi e smesno sto si mozel da dojdes preku strukata na soprugata a ne si go napravil toa. DA agentot e kriv, mada iskreno mislam deka pola od niv i tolku znaat pogotovo ako ne se vo AUS. si teraat sto im e lesno i profitabilno i ne se zamaraat ako mislat deka ima pomali sansi so druga viza. realno listata i se menuva so tek na vreme, moze i da ne bila strukata barana vo momentot koga ste aplicirale. sepak i ti ne si podobar sto ne si proveril. da si ja procital temata togas ke si videl, @lion888 barem 30 pati ima postirano link za proverki i struki ovde... sega zhabe placenje, vidi si tuka preku nekoj asalen agent/advokat ako imas nekoja opcija. ako si u melburn i ako uste raboti ti ja preporacuvam Joy Popovska vidi sto ke ti kaze ona, mada ne sum siguren deka seuste se zanimava so immigration law.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
@Xibalba
Дали ова е заради моите постови или?

Дека велиш ,,без навреда", а директно напаѓаш и навредуваш со етикетирање. Гледам дека "си одавде" и дека твојот успех се должи само на тоа дека ти заслужуваш, дека си успешен, само заради тебе, а не и поради други, за тебе среќни околности. И дека другите доаѓаат, а не заслужуваат да се тука. Така ли или лошо сум те сфатил?
Јас дојдов овде преку студентска виза, не за да го заебам системот, туку за да мигрирам легално.
А тоа што државата Австралија дозволува регистрирани агенти да ја нудат нелегалната опција за миграција како легална не е нивен проблем, нели? Бидејќи они не се тие што дозволуваат, туку таму некоја група (агенти) со која они немаат никаква врска. Затоа ли го измислија GTE?

Еве, ако не си причитал убаво, си заборавил или не ти било доволно јасно. Ќе повторам.
Јас дојдов на студентска виза, за да најдам легална работа и (како што ме поучи агентот) вработување и да бидам спозориран како стручен кадар со преку 15г. искуство во струката. Каде го гледаш тука заебувањето на системот?
Сум можел да дојдам и на туристичката, и да останам, нели? Тогаш ќе беше ли фер и помалку ,,шиптаpски" за тебе?
Сум можел да дојдам преку струката на мојата сопруга исто така. Забораваш дека тоа не ми беше кажано како опција.
Или тоа е ,,жалопојка" и сум сакал преку ред? А каде е редот, за да застанам позади?

Тоа што јас овде го кажав беше насочено против агентите што немилосрдно ги мамат луѓето ветувајќи нереални работи за сопствена корист. И да им помогнам на луѓето да донесат информирани одлуку, со сите мани и предност. А не само брда и долини...
Но, ете не можеш да им погодиш на сите и јас сум подготвен и на тоа.
Иако мојот пост најмалку беше насочен кон тебе, сепак фала што одвои време да го искажеш своето мислење. Те молам (како на Македонец), да престанеш со навреди и осуди кон луѓе кои не ги познаваш доволно.

Ќе ја бранам мојата позиција бидејќи сметам дека луѓето што мигрираат заслужуваат подобар третман.
Иако @Xibalba ти одговори скромно, еве јас ти тврдам дека човекот треба да ти одговори дрско, затоа што успеал да ја земе најзаебаната виза за миграција, а истата е директно поврзана за бодови, кои пак се добиваат во најголема мера од вештините/јазикот/искуството (личниот успех), и истото нема допирна точка со среќа туку со конзистентност и апла труд. Во превод, по заслуга.

И заеби муабетот за среќа, секој потег што се прави во животот треба да го размислиш, од одбирање на школо, до просеци таму, учење на јазици, работно искуство и докажување на работно место, буквално давање на максимумот секојдневно. Еден куп луѓе околу мене сега пиштат како се заебале со образованието, а кога се упишувавме на факултет не правеа будали оти ние ќе сме си ја заебеле младоста со математики и многу учење.
Исто и со тукашните факултети, ако веќе сте одбрале да го туркате процесот со студентска, туркајте го со асален факултет, после завршување да можете да фатите асална работа, нешто што е апла дефицитарно и не сакаат да го учат „кенгурите“.

Од аспект на миграцијата, јас сменив 2 агенти во процесот, не ми се допадна првиот и си побарав друг. Кога отидов кај него имав веќе цела листа на конкретни прашања, а претходно со недели правев анализи (имав пресметано бодови, имав прашувано на форумов и членовите ми дадоа насоки на кои страни да ги најдам одговорите на моите прашања, имав поминато dummy тестови ТОЕФЛ). После некое време не ми се допадна првиот како ја тера работата, го поздравив и се префрлив кај друг, но и во вториот случај не оставив на случајност туку го контролирав секој чекор и прашување зошто/проверка на интернет дали таа одлука може да ми направи штета во иднина.

И да, студентска виза ти е фаќање на кривина, не е наменета за миграција туку за размена на знаење/искуства во областа на образованието, или пак ако си апла богат да го пратиш детето на факултети кои котираат високо на светско ниво и во иднина да има повеќе опции.
 
Член од
24 јануари 2012
Мислења
514
Поени од реакции
536
Migracijata vo Avstralija za ovaa godina e planirana na 400.000 luge i 315.000 slednata godina. Za tie sto mislat i planiraat za migracija vo Avstralija vo bliska idnina. Link i tekst e attachiran dole:

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Migration to hit highest level EVER with 400,000 entering Australia this year - and another 315,000 to follow next year as the doors are thrown open

  • 400,000 migrants to enter Australia in 2023
  • Another 315,000 expected to arrive next year
  • In October the incoming forecast was 235,000

    Up to 715,000 new migrants are expected to arrive on Australia's shores this year and next according to revised government figures - with an all-time record 400,000 arriving this year alone Now tougher visa requirements are being considered to stem the tide after the Prime Minister met with Premiers to discuss the surge of new arrivals .Anthony Albanese promised the national cabinet meeting on Friday that he would give state leaders more say over who can come into the country.

    A surge of new applications will see 400,000 people come in 2023 - the most Australia has ever seen in a year - after Covid lockout restrictions were lifted.Government figures warn another 315,000 are expected next year, for a total of 715,00, compared with an earlier combined estimate of just 470,000.New measures will be included in the federal budget to ease pressure on the housing crisis, including a $2 billion investment and tax cuts to incentivise the development of more homes.
    https://www.dailymail.co.uk/news/article-12023599/Wild-Albo-DJ-rumour-Kyles-wedding.html?ico=related-replace
    https://www.dailymail.co.uk/news/article-12021619/British-man-survived-1986-Pam-hijacking-confronts-man-held-gunpoint.html?ico=related-replace
 
Kajgana Shop

На врв Bottom