- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Како живеат Македонците во Бугарија
Во Бугарија е тешко еден ден да се престојува како новинар од Македонија, а не пак да се живее како Македонец таму. Со вакво искуство денеска се врати екипата на А1 која сакаше да види како живеат Македонците кај источниот сосед.
Уште со пристигнувањето во градот Сандански се чувствуваше полицискиот надзор, кој по само неколку снимени изјави на пазарот, заврши со забрана за снимање од полицијата со образложение дека нашето присуство ги вознемирувало граѓаните на Сандански.
Но не само изјавите, на полицијата и пречеше и снимањето на инсерти од центарот на градот. За снимање требало дозвола од Министерството за надворешни работи на Бугарија.
По ова ни го покажаа патот за Македонија. Но и десетината минути снимање далеку од очите на полицијата беа доволни да се констатира дека во ова европска земја и во 21 век е тешко да се каже дека си Македонец.
Зад камерата да, но пред неа не. Најголем дел од Македонците во овој крај се плашат да зборуваат за животот и нивните права. Велат дека ќе ги изгубат своите работни места и ќе бидат обележани од полицијата. Похрабри се само постарите.
„Не живееме убаво, ние сме Македонци ама нешто потиштени сме од Бугарите“ рече Илија Ризов, жител на Сандански.
„Добро е проблеми немаме. Нема ниту македонска црква, ниту македонско школо, ниту македонско радио, тоа добро е? Добро е, нека е“ рече Илија Петков, жител на Сандански.
Македонската определба во Бугарија не е подобна за градење кариера во државните служби, полицијата или отворање сопствен бизнис. Тоа е причината поради која бројот на декларираните Македонци постепено се намалува.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=122839