Како да се помогне на блиска личност која е исмевана од другите?

Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Нема сеуште 13 години, за нецела година ќе прави, ги измешавме бројките али нвм.
Прво да напоменам дека нема социјална анкзиозност или како да и се вика тоа.Сака да излегува, се дружи.Не е она ептен дома да не се прибира, ама не е ни од оние кои едвај излегуваат.Но морам да кажам дека порано повеќе излегуваше, и сега да али некако ми изгледа како сосила.Не знам стварно.Така да тоа се отфрла дека по цели денови седи пред телевизор или компјутер.
Како што кажав, тешко му е да се изрази.Долго време мислев дека тоа е последица од тоа што касно прозборе, али ова нема врска со тоа.Некако е стегнат во себе кога разговара со други, страв му е да не згреши, потсвесно знае каков проблем имаше со зборувањето и колку го учевме сите кога грешеше родови и лица во почетокот на зборувањето.Се срами повторно да не згреши, се плаши и сето тоа резултира или со влечење на зборовите се дури убаво не размисли како да ја оформи реченицата, или пак ќе згреши нешто, што ми е страв дека често се случува во друштво, поготово со посрамежилво дете како него.А и исто така не ги сфаќа шалите,м или пак нешто што е смешно го сфаќа сериозно.Знам, свесна сум и самата дека таквите се мета на заебанции..Прво кога ќе видиш некој дека не ти ја сфаќа шалата, се мисли пола саат што си сакал да кажеш со тоа или пак ја сфаќа пресериозно, и да не сакаш да го заебаваш ќе ти биде смешно и ќе се насмееш.Али, како што некој член напомена ете да се објаснам оти тој коментар и мене ме погоди најмногу од сите, Не Е ментален, ретардиран или заостанат, само поради фактот оти прозборел на 6 години(од искуство на братучед кој прозбори исто така подоцна па никакви проблеми немаше подоцна),и нема да остане таков цел живот оти ќе се промени.Јас од мала знам колкави промени имам претрпено, не пак тој.
Доколку продолжи оваа ситуација ќе зборнам со моите, ете нека се запиши на бокс, мада што брат ми е личност која не сака насилство воопшто, мирен си е многу.
На останатите ви благодарам на советите .:)
Полека полека..нешто не ми е јасно..дали твоите родители биле на дефектолог, сега барем тоа е лесни оти и дома ти доаѓаат за терапија и вежби правење? Второ прашање ми е зарем твоите досега не посетиле педагог а класната зарем не повикала психолог за совет?/
Најдобро ќе биде и ти да се повлечеш на страна малку и да просто кажано "олабавиш".
 
Член од
16 јули 2016
Мислења
6
Поени од реакции
11

Па да, пред да прозбори цело време беа по логопеди и дефектолози.Али конкретно за проблемот со заебанциите немат отидено да разговараат, само тогаш на родителски кога беа известени за ситуацијата.Имаше "пеење" дома, само тоа.
Сакам да олабавам верувај,сакам да не се замарам за ништо, ама посилно е од мене.
 
Верувам дека ти е тешко но на твоите родители им е најтешко, нив душата им гори ама мораат порадивас да бидат јаки и да си кријат емоциите и наздоволството и разочарувањата...затоа гледај ти биди добра и внимавај ти да не ги разочаруваш во ниеден поглед:):smirce:
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.923
Поени од реакции
10.553
Реално проблемот е што е повлечен, срамежлив и без самодоверба и ова ако не се смени и ако продужи да ќути ко гугутка у друштво кога е само по себе си влече да неможе и женско да смува со што уште поголем притисок ке му се створи...
Испратете го у летен камп со сосема ново опкружување кај шо незнаат за неговите мани па може на друг начин ке го прифатат и ке стекне нови другарчиња

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
За вакви теми секогаш треба да има поголема дискусија. Еве јас ќе ти кажам од лични искуства. Во основно и јас бев доста исмеван и малтретиран од дел од врсниците. Кај мене тоа беше главно поради тоа што бев доста дебело дете, плус мирен и повлечен. И не беше лесно. Од една страна ми се случуваше тоа, од друга страна видов и осетив дека околината не ти помага. Имаше наставници кои некогаш беа сведоци на малтретирањата, а не само што не презедоа ништо, туку имаше ситуации кога и тие се исмеваа. Се сфаќаше тоа како природна појава. Со родителите не разговарав за тоа, зашто се плашев дека така ќе ги разочарам, дека нивниот син вреди помалку и дека никој не го цени. Тоа беше голема грешка и го увидов тоа подоцна. За среќа, во средно работите се сменија. Тогаш на мои 15-16 години ги стекнав вистинските другари и стекнав поголема самодоверба.

Значи, брат ти може не покажува пред другите дека му е тешко, но внатре да му е многу лошо. Пронајдете начин некако да разговарате со него за неговите чувства. Убав разговор секогаш помага. Понатаму, нека ги избегнува оние деца што најмногу го малтретираат. Колку и да му се прават другари. Точно дека мора да се дружи со некого, но подобро е да се тргне од луѓе што нема да му донесат ништо добро. Со тек на време ќе стекне свои пријатели кои ќе го ценат.

Овде многумина коментираа да почне да спортува. И јас се согласувам, но не мора тоа да е спорт. Нека најде некакво хоби што го исполнува, без разлика што е тоа. Најмалку што може е да му ги тргне мислите од лошите работи, и да се чувствува подобро. И нека настојува како што расте се’ повеќе да се меша со луѓе. Нека се зачлени во некој клуб, некое здружение, некој курс... Таму ќе запознае луѓе со слични интереси.

Најбитно е кај него да исчезне чувството на пониска вредност, ако воопшто го има. Да стекне поголема самодоверба и да оцврсне.
 
Член од
1 октомври 2015
Мислења
31
Поени од реакции
10
најдобро за него е да се приклучи во некоја банда така ке стекни самодоверба оти во бандите се работи по принципот еден за сите сите за еден. Така ке стани безмилосен суров апаш и ке успее во животот
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.296
Поени од реакции
5.864
Моли се за него така највеке можеш, вистински да му помогнеш. Од ова што го напиша на првиот пост гледам дека детето нема проблем со тоа што му го прават ако има проблем, се нервира, се затвора, неприфаќа да оди нашколо е многу полошо и потешко. Во вакви ситуации во каква што е он најдоброто нешто е системот на игнорирање едноставно провокацијата да не допре до него, голем благослов е што го има вродено тој механизам. Бидете благодарни за тоа. А за да ги откачи и веке да не го прават тоа треба и он да ги зафркава и вреѓа малку само без омраза да не го воспитувате во омраза и да не му ја набивате омразата, него чисто да прифати игра на нивно ниво они така и ја така ама без омраза и гнев него чисто како забава. Така ке добие и авторитет и ке го доживеат рамен на нив, исто способен колку нив. Сите поразлични деца минеле низ ова и јас минев само во многу полоша форма од него. А тоа што касни со растот воопшто да не ве загрижува ке надокнади, само се во свое време.
 
Член од
15 јули 2016
Мислења
43
Поени од реакции
8
Можеби ке го исполни уметноста, и ке му помогне во способноста за изразување. Дајте му книги да чита, нека почне да пишува ако не сака да збори. На светот не му требаат само мачо мени. Можеби уметноста е неговиот свет.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
најдобро за него е да се приклучи во некоја банда така ке стекни самодоверба оти во бандите се работи по принципот еден за сите сите за еден. Така ке стани безмилосен суров апаш и ке успее во животот
Па што не го повикаш и да го приклучиш во твојата банда, што да се мачат сега луѓето па да бараат други банди:P
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Нема сеуште 13 години, за нецела година ќе прави, ги измешавме бројките али нвм.
Прво да напоменам дека нема социјална анкзиозност или како да и се вика тоа.Сака да излегува, се дружи.Не е она ептен дома да не се прибира, ама не е ни од оние кои едвај излегуваат.Но морам да кажам дека порано повеќе излегуваше, и сега да али некако ми изгледа како сосила.Не знам стварно.Така да тоа се отфрла дека по цели денови седи пред телевизор или компјутер.
Како што кажав, тешко му е да се изрази.Долго време мислев дека тоа е последица од тоа што касно прозборе, али ова нема врска со тоа.Некако е стегнат во себе кога разговара со други, страв му е да не згреши, потсвесно знае каков проблем имаше со зборувањето и колку го учевме сите кога грешеше родови и лица во почетокот на зборувањето.Се срами повторно да не згреши, се плаши и сето тоа резултира или со влечење на зборовите се дури убаво не размисли како да ја оформи реченицата, или пак ќе згреши нешто, што ми е страв дека често се случува во друштво, поготово со посрамежилво дете како него.А и исто така не ги сфаќа шалите,м или пак нешто што е смешно го сфаќа сериозно.Знам, свесна сум и самата дека таквите се мета на заебанции..Прво кога ќе видиш некој дека не ти ја сфаќа шалата, се мисли пола саат што си сакал да кажеш со тоа или пак ја сфаќа пресериозно, и да не сакаш да го заебаваш ќе ти биде смешно и ќе се насмееш.Али, како што некој член напомена ете да се објаснам оти тој коментар и мене ме погоди најмногу од сите, Не Е ментален, ретардиран или заостанат, само поради фактот оти прозборел на 6 години(од искуство на братучед кој прозбори исто така подоцна па никакви проблеми немаше подоцна),и нема да остане таков цел живот оти ќе се промени.Јас од мала знам колкави промени имам претрпено, не пак тој.
Доколку продолжи оваа ситуација ќе зборнам со моите, ете нека се запиши на бокс, мада што брат ми е личност која не сака насилство воопшто, мирен си е многу.
На останатите ви благодарам на советите .:)
Јас тотално те разбирам зашто и јас иам помал брат, тука негде ни е разликата во години, а и тој имаше доста проблеми во основно, па и во средно со силеџии. И јас сум ја осеќала таа немоќ и омраза што ја имаш кон идиотите што се однесуваат лошо кон брат ти.

За жал е многу честа појава. Барем неколку души во секој клас во основно и средно се исмевани, срамени и понижувани од нивни врсници. Најлошо е што тоа возрасните, под тоа мислам наставници и оние одговорни за воспитување на децата си го земаат ко за нормално. Да поминеш еден ден во еден клас и да ги набљудуваш децата ќе забележиш одма кое од нив е фраерот, која е главната во клас, кои се силеџии, кои се исмевани. Не ти треба многу време. Проблем е што никој нејќе да се замара со тоа. Го јачело карактерот. Можда да, но во сите случаи остава многу ниска самодоверба, срам и лузни за цел живот. Јас многу ги обвинувам самите родители, од моите само татко ми идеше во школо да ја замара класната да ги опоменува и да си ја врши работата кутрата, мајка ми е од оние што нејќаат проблеми да си праат, а доста голема вина лежи и во наставниците и професорите кои само знаат да си замижат и да им помине денес денот.

Кај тебе е добро што барем детето во ваш, домашен круг не е многу повлечен и си прави муабет. Јас од мојов ретко можам збор да извлечам, мирен си е и повлечен, што верувам дека е последица од гњавењето што го истрпел, мака мачам со муабети. Порано беше и полошо, сега барем го гледам си наоѓа самиот начини да си тепа време, чита книги на англиски, оди во теретана, трча, има поголема самодоверба од порано, иако тој не ти го кажува тоа директно.

Ти само можеш да не ја губиш комуникацијата со него, да го слушаш и да го потпрашуваш секојдневно, да знае дека барем ти му мислиш добро и го разбираш. Родителите не можат да допрат до него ко тебе, сестра си му. Ако приметиш дека ептен се зголемува тоа гњаважата како тој расте, морате да реагирате, зашто мене ми е многу криво што моиве не реагираа ко што треба. Да беше до мене, ќе им тропав секој ебан ден на родителите на децата, ќе ги замарав сите од управа во школото додека не си преземат мерки ко што треба. Може многу да му се заебе психата за цел живот, само тоа ќе кажам.

Муабетите за тоа дека некој ќе биде молер (што бајдвеј може да има многу поголема плата од сите во банка), а некој во банка, тоа стварно е бајка. Тука игра улога кој ти е мајка, татко, трет братучед или колкав ти е дома буџетот.

Во секој случај, ваквите теми не за фрлање и сметам дека треба да има поголема дискусија, ко што пишав, има многу деца кои се малтретирани психички низ школиве. И не секое знае тоа да го преброди и да си го сфати неозбилно, баш во оној период кога расте и се оформува.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.951
Долго време се мислев дали воопшто да отворам ваква тема, можеби затоа што мислев некако магично ќе се подобри сутуацијата или не знам што.Ама штом сум тука не испадна така и сега ми треба помош од вас како повозрасни бидејки немам на кого да му се обратам и тоа ме прави да се осеќам уште по лошо и по депресивно.
Имам 18 години,4та година средно, а имам брат што за не цела година полни 13.Уште од мал имаше проблеми со говорот во смисла доцна прозбори, некаде на 6/7 години.Исто така да напоменам имам и помала сестра која фалабогу нема никакви проблеми.Беше претешка ситуација за моите кои мислеа дека нешто не е во ред со брат ми, али за среќа испадна све супер на крај.Само што многу подоцна почна да се развива во секој поглед од неговите врсници токму поради говорот, бидејки она што тој почнуваше да го осознава, врсниците веќе го имаа "изџвакано" на некој начин и за него беше тешко да се прилагоди.Си мислев ќе се подобри ситуацијата кога ќе потпорасне, оти знаеа некогаш да прават зафрканции зошто изговара зборови чудно и сл.Сега нема никакви проблеми, нормално е се, само што осеќам дека не е доволно зрел за неговите години.Се однесува малку по детинесто, во смисла не знае да врати и да биди лош кога со него така се понашаат.Не ги сфаќа шалите на негова сметка.А го малтретираат, верувајте толку ми е тешко што би прифатила се најлошо да ми биде мене, наместо да гледам на моето братче кој е предобро суштество да му се дешава ова.И јас не сум нешто мноогу многу добра во тој поглед,си имам еден тесен круг на пријатели, не сум малтреирана од никој далеку од тоа, во очите на другите сум постојано насмеаана,спремна за шали и све тоа али одвнатре патам оти немам со кого да разговарам,носам премногу тежини во себе..Да преминеме на брат ми, а јас и онака ќе преживеам не ми е толку лошо.Баш бев сведок пред некоја недела кога се најдов случајно со оние со кои излегува брат ми, и верувајте односот спрема него им е катастрофален.За што и да отвори уста да каже или го исмејуваат, или зафрканции си прават или му се смеат..Во тој момент посакав земјата да ме голтни.Не од срам, не би се срамела од брат ми никогаш каков и да е, само од жал, немоќ , грутка во срцето осеќав и злоба кон оние што се понашаа така со него.Звучи сурово ама би ги убила на лице место буквално оти така се понашаат со некого што не би им рекол ниту еден лош збор, а тие се толку злобни со него оти тој не им враќа со иста мера.Не можев да истапам и да се карам, бидејки сепак не е 5 години да не може да се одбрани.Ако го направев тоа тек тогаш ќе беше полошо.Со моите не можам да зборнам.Знаат отприлика каква е ситуацијата, али јас знам многу повеќе од нив и ако им кажам мислам само ќе ги скршам.И на училиште имаше проблеми.На родителски класната збореше дека многу молчел а бил исмејуван, не враќал никому туку само игнорирал и оставал да се понашаат со него лошо.Татко ми тогаш беше на раб на нерви и секако му зборуваше на брат ми, како тој да е виновен што му се дешава тоа.Тогаш јас не можев да слушам како му се дери буквално експлодирав, се искаравме.Како можи на детенце од 13 години да му зборува дека е глупав, дека не знае како да се понаша и други лоши работи.Му реков дека ако уште еднаш му каже нешто такво со мене ќе си има работа, и од тогаш само досадува и прашува одоколу.А пак мајка ми, прав психолог е на моменти, ама не секогаш.Се на се не се воопшто лоши родители, али ко и секој човек си имаат и они свои моменти.Што се однесува до брат ми излегува, не е врзан дома, ама да би се прашувала јас би оставила да седи само дома, бидејки надвор е исмејуван едноставно, не му е местото меѓу тие деца.
Толку се чусвтвувам лошо, имам некој товар и кога и да ми се случи нешто убаво веднаш помислувам на состојбата на брат ми и цела среќа ми се руши врз глава.Толку го сакам што не можам да го оставам да пати и да биде третиран на тој начин.Знам дека постот е долг, не замерувам и да го оставите прочитан на пола, ама морав да му кажам на некого, а во живо не можам да се отворам никому.
Што би направиле да сте на мое место?
Овој дел може најдобро да го решат родителите, ќе си отидат кај класната на разговор за кои деца се работи и крај краева да ги свика нивните родители и очи во очи да се разговара за ова со отворени карти, да се види пред се какви родители имаат фраерите (претпоставувам дека си иста марка и тие и нема да се разберите со збор).
Луѓето се најзлобните суштества на планетата, ако јас се прашувам многу и не треба да живеат и смртна казна би постоела како нормална појава, но јбг не се прашувам, а во образовниот систем би требало да има многу поголеми казни кон таквите ученици од повторување на години колку и да учат и се интелигентни па и до физичко казнување, посебно во ова време кога родителите растат паразити по дома и ги имаат до толку размазано што ни сами не можат да ги контролираат.
Имав сличен случај кога беше сестра ми малечка од прво до четврто одделение, имаше едно момче доста палаво и ја замараше и вадеше од такт, бидејќи многу учела и бла бла, но еднаш го посетив на големиот одмор и го средив за во иднина да менува улица кога ме сретнува мене, а неа лош збор не и кажа додека да завршат осмо одделение.
Ако веќе не ти фаќа око тебе, плати на некој со пократок фитиљ да ги среди добро тие дечурлии и да им набие страв и од нивната сенка, па во иднина тие ќе бидат оние кои ќе имаат уплав, а не братчето твое.
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.646
Поени од реакции
1.895
Значи сите знаеме дека тоа е тоа, деца ко деца, правеле и ќе прават вакви работи. Јас лично добро се сеќавам на тоа дека во основно и те како постоеше непишана хиерархија во групата. И едноставно не можеш да ги натераш другите околу тебе, поготово на таа возраст и во таа ситуација да ти дадат почит туку така. Почитта и правото да седиш раат без некој да те заебава се заслужува, што значи, се стекнува со дела.

Јас лично сум бил во таква ситуација. Јас во основно и почетокот на средно го кркав немиен од насилници. Ко мал бев буцко и така ко братчево, не толку агресивен ко другите деца. Додај на тоа што од дома ме учеа да бидам мирен, да не се тепам и сл и имаш рецепт за катастрофа.
Искрено за мене се ќе беше поразлично да бев посилен и да знаев да се тепам повеќе. Зошто јас пак смогнував сили, враќав и се тепав, само што нажалост, не бев доволно силен и способен да се справам тие што ме замараа.

Значи за мене не верувам дека самодовербата е проблем. Самодовербата ќе си дојде сама од себе. Само дај му на детето алатки да се справи со проблемот и тука мислам конкретно на боречки вештини и подобар фитнес.

Не можеш да се заебаваш со некој што комотно може да ти го скрши носот.
Мајк Тајсон мене ми звучи ко да е полуретардиран ко збори. Таков да го слушам на лента без да го видам кој е во живо може да помислам дека можам да играм курташак со него. Ама ко ќе го видам во живо и ко ќе видам дека овој не се двоуми многу многу да ми ја фукне една ќе размислам два пати дали ќе го заебавам. Тоа е моментот.

Значи конкретно: ако се однесува како пичка ќе го третираат како пичка. Мора да возврати. Ако не е доволно силен, нека оди на боречка вештина. Не верувам дека ќе му биде тешко да смогне сила и да собере самодоверба да исплеска некого ако веќе ги има вештините за тоа.
Моли се за него така највеке можеш, вистински да му помогнеш.
Laughing cheetah.jpg

Добар виц.
 
Прегледај го приврзокот 152546

Добар виц.
Поздрав и до тебе.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Па да, пред да прозбори цело време беа по логопеди и дефектолози.Али конкретно за проблемот со заебанциите немат отидено да разговараат, само тогаш на родителски кога беа известени за ситуацијата.Имаше "пеење" дома, само тоа.
Сакам да олабавам верувај,сакам да не се замарам за ништо, ама посилно е од мене.
Немој да му даваш никакви совети, затоа што тоа доаѓа од позиција на слабост кај него. Тој не треба да биде слаб треба да биде силен, за да биде силен мора да си донесува свои одлуки за животот свој. Немој ни ти ни твоите родители да одлучувате за него, немој ние одлучивме од утре вежбаш тајландски кикбокс кој дојде и покажи непочитување спрема тебе со колено в бубрези. Никогаш нема да го прифати тоа затоа што е наметнато врз него. Наместо тоа предложи му како спорт види што ќе речи, какво мислење има за тоа. И на крај краева нема да вежба за да тепа луѓе по улица, ќе вежба за себеси за самоодбрана. Ако треба предложи му и одете заедно ќе биде добро и за тебе, вежбите со боксерска вреќа се најдобар фитнес, најдобро кардио вежби.

Грејси фамилијата ти се суперѕвезди во боречките вештини. Тие го имаат оформено бразилското џуи џитсу и имаат курсеви за деца нападнати претепани и како да им се врати самодоворбета. Видеото нема превод на македонски ама ако добро ти оди англискиот се разбира убаво.

Член од
16 јули 2016
Мислења
6
Поени од реакции
11
Братчето прв пат денес оди на роденден во простор како "големите".Покушав да го убедам некако да не оди, прво дека е најмал од сите, второ ми е многу страв толку деца да не му прават мајтап, заебанции али ептен сакаше да оди.Нема да бидам мирна додека не се врати.Ај упм.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom