Како да се помогне на блиска личност која е исмевана од другите?

  • Креатор на темата Креатор на темата bohn98
  • Време на започнување Време на започнување
Има само 13 години, без разлика дали созрева побрзо или поспоро, порано или подоцна искуството на улица помешано со неговото его ќе му ги отвори очите и ќе го исправи на правиот пат. Кога човек еднаш нешто ќе го повреди, следниот пат веќе ќе знае како да се брани од тоа. Ти сега за сега помогни му само да ја зголеми својата самодоверба. Како за почеток може да почне да се бави со спорт.
:)
 

Родителите се родители но често пати нивниот пристап кон децата од икс причини е сосем погрешен. Ти си релативно млада и верувам дека твојата конекција со братчето не ја можат постарите. Свесна си како изгледа денешнава социјала. Живееме во опшество каде вербалниот или физички мобинг царува. Хиените, тотално несвесни дека ризикот од трајни последици и комплекси е голем, цело време си бараат плен. Дел од нив и самите биле жртви на некој други хиени, па затоа станале тоа што се.

Муабетот ми е, сите деца на таа возраст најмалку еднаш ќе бидат изложени на вербално или физичко тероризирање. Најголем процент од нив ќе го пребродат тоа сосем нормално и ќе знаат како да реагираат во такви моменти.
Пример, јадел шамар од некој а гледале женски. Го заебавале пред други. Му се смееле. За краток период тоа ќе резултира со ментална трансформација, каде детето сваќа што всушност го опкружува, како се поставени работите (хиреархиски), и како тој треба да реагира во такви ситуации. Искуството и самодовербата се клучен фактор.

Кај братти фали второто. Јасно е дека детето има (негативно) искуство. Сепак, позитивно или негативно - тоа е искуство од кое треба да се извлечат поуки.
Убеден сум дека тој гледа и слуша како хиените меѓусебе ги решаваат сличните проблеми. Можеби во себе си вика - и јас треба ваков да сум, и јас треба вака да речам, и јас треба вака да се понашам.. ама стравот и немањето самодоверба го стопираат да реагира соодветно, а тоа е проблем кој практично може да влијае на целиот ментален развој и обидот за социјализирање да донесе уште поголеми проблеми и комплекси. Тоа е најмалце потребно кога детето чекори кон пубертет.

А пази,(земајќи во предвид дека братчето нема здравствен проблем) решението во ситуацијава е гола вода. Доволно е само еднаш да му "пукни филмот", и во тој момент ќе свати сам, ќе осети дека "тоа и не беше толку тешко". "абе јас ова сум го можел" "леле шо е ова бе, за џабе се плашев". И така е во све. Клин со клин се ваѓа, ако ме разбираш.

Добро е што има сестра како тебе. Ти си го забележала проблемот што е сосем нормално, пошо секој ќе го забележи. Но не секој има храброст и чувства какви што ги прочитав во твојот пост. Релативно си млада, и капа долу за твојот потег да преземиш одговорност која реално им припаѓа на родителите.
Дистанцирање од проблемот значи одлагање на истиот :). Братти мора да го заврши уличното школо, бидејќи улицата е наш дом скоро пола живот.

Да не должам, седни го братчето на маса и НАЈБИТНО ОД СВЕ: немој да ствараш атмосфера доктор - пациент. Немој да го тераш да мисли дека тој има некаков тежок проблем, па сега ево сестраму е тука да го советува да му помага.. НЕ. То е грешка. Одење на психолог или психијатар? Опасно. Нож со две оштрици. Ако не фати терапијата, детето може да влезе во такви води каде цел живот ќе има проблем да ги запознае сопствените вредности.
Значи МОРА да си груба во смисол да му ја разбудиш машкоста во него. Да му кажиш и цело време да му повторвиш дека тој не е ништо подолу од другите, дека е убав, дека е силен, да го научиш да ги гледа слабостите кај другите и тоа да го користи како конра аргумент кога е нападнат. Во ред е и да го излажиш за нешто. Ќе додајш екстра епитети, не е проблем. Значи се работи за тоа како најлесно да му проработи одбрамбениот механизам. После тоа тој ќе знае како да ги решава проблемите. Али пред се мора за првпат да се соочи со нив.
Да го тераш да вежба спорт, и според мене најдобри опции се бокс или атлетика. Не дека ќе го прајме силеџија.. но овие 2 спорта даваат добар burst на самодовербата од машка гледна точка. Со тек на време ќе се осети доволно јак што нема да може да се воздржи а да не му залепи една на тој што го заебава.
Значи агресивноста и тепањето се НОРМАЛНА и природна појава за деца на таа возраст. Не дискутирам за силеџии, туку во моменти кога машкото е исмеано, засрамено или заебавано тогаш мора да има некаква "машка" реакција. Сосем нормален е и обратниот случај кога ќе сме истепани. Ќотекот е искуство од повеќе аспекти. Доколку нема сериозна повреда, тогаш нема потреба од ваша или реакција на родителите. Сите сме го поминале истото. Се со цел да сме појаки, пошо генетиката на машкото си бара барем еднаш во животот да се поминат одредени линии. Истото е и во вашиот случај. Овај пат линијата е моментот кога братти за првпат ќе се изнапцует или ќе удрит на тие што го исмеваат.
Терај го да гледа филмој со american end. Значи се појавува Брус Вилис и го спасува светов. Се си има влијание. Некогаш тоа се работи на кои не обрнуваме внимание, делуваат смешно но ефектот постои. И во социјалниве мрежи (како форумов на пример) има катчиња каде што детето може да научи и да прочита работи кои ќе му користат низ различни ситуации во животот.
Think about this.

Позз
 
Последно уредено:
Научете го да враќа, го малтретираат физички ? Нема проблем, нека собере храброст и нека му го пукне носот на некој од тие што го малтретираат по можност кога се повеќе во друштво па нареден пат пред да го малтретираат ќе размислат малце повеќе дали вреди. Или барем за почеток нека почне да им враќа на навредите, нека не покажува никаква слабост

Плус не е лошо и да го запишете на некоја боречка вештина да ја зголеми самодовербата.
 
Мене ме интересира дали сте разговарале со родителите на неговите пријатели?
Барем со тие родители што ги знаете и чии деца се со него постојано и го навредуваат.Не знам колку ова може да помогне но зошто да не се обидете,можеби ќе помогне ако некој на нив од дома им прави притисок и им укажува на нешто постојано.

Имам внук сега ќе биде прва средно,до пред година две истото му се случуваше постојано задевање,омаловажување.Сам беше нон стоп не го прифаќаа во друштво па мајка му се одлучи да оди и да поразговара со нивните родители.За среќа за неполн месец ситуацијата се смени на подобро без префрлувања,исфиркувања и понижувања едноставно сега знаат да го викнат да играат фудбал или нешто слично.
 
Kako prvo respekt golem za brat ti sto gi ignorira i ne im pridava golema vaznost za zlobnite jazici.So toa dokazuva deka e mnogu mnogu nad niv.Drugo za dobriot konj se diga prasina i treto za koja godina ke se smeni se.Moze samo da razgovaras so nego ali mislam deka so 13 godini samo sto vlezen vo pubertet malku potesko ke te poslusa.
 
@Daedalus Сум бил цитиран, па избришан, чисто ме занима на што се однесувала таа реплика :) Искажете се мајку му тоа што ви лежи на душа. барем на форум е лесно.....
 
Долго време се мислев дали воопшто да отворам ваква тема, можеби затоа што мислев некако магично ќе се подобри сутуацијата или не знам што.Ама штом сум тука не испадна така и сега ми треба помош од вас како повозрасни бидејки немам на кого да му се обратам и тоа ме прави да се осеќам уште по лошо и по депресивно.
Имам 18 години,4та година средно, а имам брат што за не цела година полни 13.Уште од мал имаше проблеми со говорот во смисла доцна прозбори, некаде на 6/7 години.Исто така да напоменам имам и помала сестра која фалабогу нема никакви проблеми.Беше претешка ситуација за моите кои мислеа дека нешто не е во ред со брат ми, али за среќа испадна све супер на крај.Само што многу подоцна почна да се развива во секој поглед од неговите врсници токму поради говорот, бидејки она што тој почнуваше да го осознава, врсниците веќе го имаа "изџвакано" на некој начин и за него беше тешко да се прилагоди.Си мислев ќе се подобри ситуацијата кога ќе потпорасне, оти знаеа некогаш да прават зафрканции зошто изговара зборови чудно и сл.Сега нема никакви проблеми, нормално е се, само што осеќам дека не е доволно зрел за неговите години.Се однесува малку по детинесто, во смисла не знае да врати и да биди лош кога со него така се понашаат.Не ги сфаќа шалите на негова сметка.А го малтретираат, верувајте толку ми е тешко што би прифатила се најлошо да ми биде мене, наместо да гледам на моето братче кој е предобро суштество да му се дешава ова.И јас не сум нешто мноогу многу добра во тој поглед,си имам еден тесен круг на пријатели, не сум малтреирана од никој далеку од тоа, во очите на другите сум постојано насмеаана,спремна за шали и све тоа али одвнатре патам оти немам со кого да разговарам,носам премногу тежини во себе..Да преминеме на брат ми, а јас и онака ќе преживеам не ми е толку лошо.Баш бев сведок пред некоја недела кога се најдов случајно со оние со кои излегува брат ми, и верувајте односот спрема него им е катастрофален.За што и да отвори уста да каже или го исмејуваат, или зафрканции си прават или му се смеат..Во тој момент посакав земјата да ме голтни.Не од срам, не би се срамела од брат ми никогаш каков и да е, само од жал, немоќ , грутка во срцето осеќав и злоба кон оние што се понашаа така со него.Звучи сурово ама би ги убила на лице место буквално оти така се понашаат со некого што не би им рекол ниту еден лош збор, а тие се толку злобни со него оти тој не им враќа со иста мера.Не можев да истапам и да се карам, бидејки сепак не е 5 години да не може да се одбрани.Ако го направев тоа тек тогаш ќе беше полошо.Со моите не можам да зборнам.Знаат отприлика каква е ситуацијата, али јас знам многу повеќе од нив и ако им кажам мислам само ќе ги скршам.И на училиште имаше проблеми.На родителски класната збореше дека многу молчел а бил исмејуван, не враќал никому туку само игнорирал и оставал да се понашаат со него лошо.Татко ми тогаш беше на раб на нерви и секако му зборуваше на брат ми, како тој да е виновен што му се дешава тоа.Тогаш јас не можев да слушам како му се дери буквално експлодирав, се искаравме.Како можи на детенце од 13 години да му зборува дека е глупав, дека не знае како да се понаша и други лоши работи.Му реков дека ако уште еднаш му каже нешто такво со мене ќе си има работа, и од тогаш само досадува и прашува одоколу.А пак мајка ми, прав психолог е на моменти, ама не секогаш.Се на се не се воопшто лоши родители, али ко и секој човек си имаат и они свои моменти.Што се однесува до брат ми излегува, не е врзан дома, ама да би се прашувала јас би оставила да седи само дома, бидејки надвор е исмејуван едноставно, не му е местото меѓу тие деца.
Толку се чусвтвувам лошо, имам некој товар и кога и да ми се случи нешто убаво веднаш помислувам на состојбата на брат ми и цела среќа ми се руши врз глава.Толку го сакам што не можам да го оставам да пати и да биде третиран на тој начин.Знам дека постот е долг, не замерувам и да го оставите прочитан на пола, ама морав да му кажам на некого, а во живо не можам да се отворам никому.
Што би направиле да сте на мое место?
Уште на почеток да ти кажам дека форумов не ти е место за барање такви совети и дека тоа што мислиш дека овде се повозрасни членови незначи и дека се поумни и попримерни.
Овде има шупчење на велико, вреѓање, исмејување, деградирање и др.така да од овде може само да добиеш поука дека во животот тоа е неминовно, мора да се доживеат разни навреди, разни исмејувања, да се прифатат, да се одраснат и да се одживеат.
Некој ке биде исмејуван поради тоа што е клемпав, окле, дткач или гица прасица, костур слаб, цицлеста или гзлеста,навреди еден мал милион....
Тешко е на тој што треба да ги трпи сите омаловажувања а исто и на неговите блиски кои знаат за сето тоа, но некоја поголема помош нема.
Единствено што би ти порачала е да успееш некако да дојдеш насамо во контакт со децата кои го измејуваат братти, па на убав начин да ги замолиш да се обидат да престанат со испадите поради ти и тие причини, наведи им како тоа се емотивно делува на него ама без да дознае братти за тоа.
Останува само да ти посакам трпение и на твоето братче да има сила и храброст да истрпи и да успее да се промени, да успее тие заебанции да ги претвори во хумор и нешто слично и да си продолжи другарувањето со нив, а тие сигурно ке се променат оти секоја заебанција станува досадна и незанимлива по извесно време.
 
Како што во секое друштво има некој кој е ,,главен фраер,, има и некој кој најчесто е предмет на шегите кои во тие години знаат да бидат доста невкусни и груби. Со тек на годините, некаде во средно, тие разлики помеѓу другарите се намалуваат и повеке никој не е малтертиран иако шегите си продолжуваат... Сега, на 13 години, се што прават децата го прават за да бидат забележани од девојките, да покажат дека се главни фраери, да се истакнат пред девојките, и за тоа не бираат начини па некои тоа ке го прават на негативен начин- ке се исмејуваат со поневештите од нив, физички ке малтертираат послаби, ке пушати цигари и трави, ке пијат алкохол, а некои тоа ке го прават на позитивен начин- ке тренираат кошарка за да бидат забележани, ке учат гитара, некои пак ке комбинираат од позитивните и од негативните работи.... Ако некој е посрамежлив ке биде предмет на зезанција и тука тешко дека може нешто да се измени преку ноќ но со тек не време работите ке се испеглаат.. За полесно да го преброди периодот додека разликите се испеглаат најдобро е твојот брат да помалку (но никако воопшто) да се дружи во глутница бидејќи непријатното шегување и малтертирање најмногу е изразено кога дружбата е во поголема група, и најчесто да се дружи со еден или двајца другари и тогаш малтертирањето изостанува... Зборот ми беше дека во тие години најбитна е реакцијата на девојките па за пумпање на самодовербата нема ништо поефикасно од тоа да добие пофалби колку е убав, по некоја прегратка или бакнеж од твоја другарка (на тие години секако дека тој фантазира за твојата најубава другарка), ако има можност и пред глутницата... тоа ке му ја напумпа самодовербата до небо а и глутницата ке го гледа поинаку....
 
Можно е и да грешам, но и јас се согласувам дека спорт, особено некој пофизички доста би помогнал.
13 години, нека почне да прави склекови, вратило, ако има можност нека тренира некоја боречка вештина, бокс, борење, карате.
И на крај, еден ден ќе се подразбуди животинското во него, ќе му пукне на некого од заебантурите по некој тупаник, па ќе знаат дека си имаат работа со сериозен човек.
Лично, во тие години и јас бев срамежлив, мирен и повлечен (релативно сум таков и сега), не закачав никого, но на првиот обид на „дежурните заебантури“ да се заебаваат со мене, му рокнав на едниот дрво во глава и кутриот заврши на шиење со неколку конци. Ден денеска го паметат тој момент и имаат почит кон мене.
Така што, дрвото по глава...
 
Долго време се мислев дали воопшто да отворам ваква тема, можеби затоа што мислев некако магично ќе се подобри сутуацијата или не знам што.Ама штом сум тука не испадна така и сега ми треба помош од вас како повозрасни бидејки немам на кого да му се обратам и тоа ме прави да се осеќам уште по лошо и по депресивно.
Имам 18 години,4та година средно, а имам брат што за не цела година полни 13.Уште од мал имаше проблеми со говорот во смисла доцна прозбори, некаде на 6/7 години.Исто така да напоменам имам и помала сестра која фалабогу нема никакви проблеми.Беше претешка ситуација за моите кои мислеа дека нешто не е во ред со брат ми, али за среќа испадна све супер на крај.Само што многу подоцна почна да се развива во секој поглед од неговите врсници токму поради говорот, бидејки она што тој почнуваше да го осознава, врсниците веќе го имаа "изџвакано" на некој начин и за него беше тешко да се прилагоди.Си мислев ќе се подобри ситуацијата кога ќе потпорасне, оти знаеа некогаш да прават зафрканции зошто изговара зборови чудно и сл.Сега нема никакви проблеми, нормално е се, само што осеќам дека не е доволно зрел за неговите години.Се однесува малку по детинесто, во смисла не знае да врати и да биди лош кога со него така се понашаат.Не ги сфаќа шалите на негова сметка.А го малтретираат, верувајте толку ми е тешко што би прифатила се најлошо да ми биде мене, наместо да гледам на моето братче кој е предобро суштество да му се дешава ова.И јас не сум нешто мноогу многу добра во тој поглед,си имам еден тесен круг на пријатели, не сум малтреирана од никој далеку од тоа, во очите на другите сум постојано насмеаана,спремна за шали и све тоа али одвнатре патам оти немам со кого да разговарам,носам премногу тежини во себе..Да преминеме на брат ми, а јас и онака ќе преживеам не ми е толку лошо.Баш бев сведок пред некоја недела кога се најдов случајно со оние со кои излегува брат ми, и верувајте односот спрема него им е катастрофален.За што и да отвори уста да каже или го исмејуваат, или зафрканции си прават или му се смеат..Во тој момент посакав земјата да ме голтни.Не од срам, не би се срамела од брат ми никогаш каков и да е, само од жал, немоќ , грутка во срцето осеќав и злоба кон оние што се понашаа така со него.Звучи сурово ама би ги убила на лице место буквално оти така се понашаат со некого што не би им рекол ниту еден лош збор, а тие се толку злобни со него оти тој не им враќа со иста мера.Не можев да истапам и да се карам, бидејки сепак не е 5 години да не може да се одбрани.Ако го направев тоа тек тогаш ќе беше полошо.Со моите не можам да зборнам.Знаат отприлика каква е ситуацијата, али јас знам многу повеќе од нив и ако им кажам мислам само ќе ги скршам.И на училиште имаше проблеми.На родителски класната збореше дека многу молчел а бил исмејуван, не враќал никому туку само игнорирал и оставал да се понашаат со него лошо.Татко ми тогаш беше на раб на нерви и секако му зборуваше на брат ми, како тој да е виновен што му се дешава тоа.Тогаш јас не можев да слушам како му се дери буквално експлодирав, се искаравме.Како можи на детенце од 13 години да му зборува дека е глупав, дека не знае како да се понаша и други лоши работи.Му реков дека ако уште еднаш му каже нешто такво со мене ќе си има работа, и од тогаш само досадува и прашува одоколу.А пак мајка ми, прав психолог е на моменти, ама не секогаш.Се на се не се воопшто лоши родители, али ко и секој човек си имаат и они свои моменти.Што се однесува до брат ми излегува, не е врзан дома, ама да би се прашувала јас би оставила да седи само дома, бидејки надвор е исмејуван едноставно, не му е местото меѓу тие деца.
Толку се чусвтвувам лошо, имам некој товар и кога и да ми се случи нешто убаво веднаш помислувам на состојбата на брат ми и цела среќа ми се руши врз глава.Толку го сакам што не можам да го оставам да пати и да биде третиран на тој начин.Знам дека постот е долг, не замерувам и да го оставите прочитан на пола, ама морав да му кажам на некого, а во живо не можам да се отворам никому.
Што би направиле да сте на мое место?
Понекогаш ако си различен од средината таа ке те отфрли. Колку и да е ова сурово, вистина е.
Инаку не мора да значи дека ако брат ти не сака да се дружи и разговара со неговите врсници и дека е нешто заостанат во развојот ментален. Можно е да не е на исто интелект- ниво со нив. Можно е да е многу понапред од нив со мислите. Обично тивките луге на поглед антисоцијални, се генијалците на крајот. Никад не се знае тоа.
А во врска со навредите и постапките на неговите другари во школо, разговарајте и пријавете го тоа кај директорот директно.(пошо кај нас у МК за да напраиш нешто мора да се иде директно на врвот)
Инаку тоа би бил класниот раководител или психологот во школото. Ке ги повикаат родителите на децата и ке им се одржи лекција за тоа како тие своите деца ги воспитуваат по дома.;)
Овој совет ти го давам за во МК. Да беше на други места лесно е.
И другарите што го малтретираат на тој начин ке летаат од школото во специјални школи за социјализација во општеството а нивните родители ке треба да работат за брат ти пола живот(секако по тужбата кон школото), поради претрпени трауми.
Гуд Лак.
 
@Daedalus Сум бил цитиран, па избришан, чисто ме занима на што се однесувала таа реплика :) Искажете се мајку му тоа што ви лежи на душа. барем на форум е лесно.....
Ништо, ти пишав дека иако твојот пост на прв поглед изгледа ко лик којшто е загрижен и искрено пробуе да го лоцира и реши проблемот, се добива впечаток дека сакаш да тролаш. Почнуваш со невини прашања, после некако индиректно низ мала врата ја протињаш тезата дека пошто отскокнува од нормалата (ако отскокнува) и го заебаваат, а прозборел на 6-7 години, мора да е ментално заостанат, за после цврсто да постулираш дека факт е тоа дека цел живот ќе го јаде поради неговата ретардација.
Има многу причини зошто деца може да се мета на подбив и заебанција и во многу случаи тоа нема врска со нивниот интелект. Можда реагираат лошо на заебанции, имаат несекојдневни интереси, можда се асоцијални, можда е до физички изглед, можда се плашливи итн...
Али ме мрзеше да се расправам и ради тоа го избришав постот.
 
Дома е ок затоа што мисли дека се наоѓа во сигурна околина, а надвор е несигурен во себеси.

Хмммммммм спорт, и јас сум за спорт, ама не тенис џебен билијард :icon_lol:, сигурно го спортува тоа. Јас сум за боречки вештини, ако го привлекува тоа можи кикбокс тајландски кикбокс, ако мисли дека е премногу насилно нешто посуптилно повеќе јога зен бразилско џуи џитсу. Тоа е повеќе како игра како нежна боречка вештина. Низ Скопје има клубови од сите мислам овие шо ги спомнав, ќе зацврсни физички и карактерно, ќе почне повеќе да се цени себеси, и кога повеќе се цени себеси повеќе ќе го ценат и другите.


Шала заебанција го викаме тоа ни е во ред се додека е во ред со човекот на негова сметка. Односно тој го прифаќа тоа, брат ти не знае да рече не и неговите другари мислат дека тој премолчено се согласува со тоа. Децата се деца можат да бидат злобни спрема себеси да се скараат да се смират. Тоа не значи дека не се другари меѓу себе. Е сега кога шалата преминува од зезање во психичко малтретирање насилство. Тогаш кога брат ти ќе рече не, дека не му се допаѓа нивното однесување а тие не прекинат. Ако прекинат тие му се вистински другари, ако не следува кикбокс :icon_lol:.[DOUBLEPOST=1468751421][/DOUBLEPOST]И да се дополнам.

Брат ти не мора да биде професионален ММА борец, доволно е само да подвежбува во некој таков клуб. Самото членство во таков клуб му овозможува нови контакти познанства и членовите таму се како браќа. И преку тие контакти ќе има нови пријателства, пример со обезбедување во ноќните клубови дискотеките. И одеднаш брат ти нема да биде тој шо прозбори на 6 години, туку типот што можи да ги внеси преку ред во клубот, да влезат беспари внатре сепаре резервирано за него итн. И нема да гледаат на него како срамежливо интровертно дете туку како најкул типац во друштвото. Замисли го тоа.
 
Последно уредено:
Ништо, ти пишав дека иако твојот пост на прв поглед изгледа ко лик којшто е загрижен и искрено пробуе да го лоцира и реши проблемот, се добива впечаток дека сакаш да тролаш. Почнуваш со невини прашања, после некако индиректно низ мала врата ја протињаш тезата дека пошто отскокнува од нормалата (ако отскокнува) и го заебаваат, а прозборел на 6-7 години, мора да е ментално заостанат, за после цврсто да постулираш дека факт е тоа дека цел живот ќе го јаде поради неговата ретардација.
Има многу причини зошто деца може да се мета на подбив и заебанција и во многу случаи тоа нема врска со нивниот интелект. Можда реагираат лошо на заебанции, имаат несекојдневни интереси, можда се асоцијални, можда е до физички изглед, можда се плашливи итн...
Али ме мрзеше да се расправам и ради тоа го избришав постот.

Па ја сум барем реален зашто сум го искусил тоа на своја кожа низ детството и сеуште како 30 годишник се борам со тоа. Прифаќањето на проблемот е половина од решението.

Многу ми се глупи тие совети излези дружи се, спортувај. Ќе стекнеш пријатели познанство ќе фатиш дечко/девојка, ќе се омажиш/ожениш, деца, работа, викенди до Матка Маврово.. Животот е убав...Рози на сите страни.
Небаре ариевска раса ќе правите каде што сите мора да бидат идеални со живот во совршенство.

Социјалните особини на една личност се вродени и со ними треба да се носиме цел свој живот. Да, училиштето, средината, семејството, другарите играат улога во креирањето на личноста, меѓутоа поставеноста во дадени ситуации се својствена и карактерна за секоја личност поединечно.
Пример јас страдам од социјална анксиозност. Немаш појма колкав психички напор претставува за мене едно одење на свадба. Влагањето во салата и сликање со младоженецот и невестата за мене претставува како некој да ми дал меч и штит и да ме пуштил во борба каде ми зависи животот. Како да го пребродам тоа? Никако. Со тоа се носам и ќе се носам цел свој живот. Само како што старее човек се навикнува и пронаоѓа финти како полесно да ги преброди тие моменти.

Затоа на малиот да му се даде подршка од семејството и да се увидат неговите интереси. Ако е затуцан и не излага од дома игра игри по цел ден гледа телевизија по цел ден или чита книги или незнам што. Супер! Има играчници има библиотеки има кина, ќе се пронајде себеси во тие средини. Заедничките интереси со останатите ќе го направат по отворен со останатите.
Како вие ќе му наметнете да играл пинг понг и тенис тоа не ми е јасно. :)

После како што ќе созрева ќе станува појак психички и ќе се спротистави во дадени моменти. Ќе знае до каде се неговите лимити на дејствување и ќе го тера животот како што знае и умее.

Толку е просто и едноставно.
 
Нема сеуште 13 години, за нецела година ќе прави, ги измешавме бројките али нвм.
Прво да напоменам дека нема социјална анкзиозност или како да и се вика тоа.Сака да излегува, се дружи.Не е она ептен дома да не се прибира, ама не е ни од оние кои едвај излегуваат.Но морам да кажам дека порано повеќе излегуваше, и сега да али некако ми изгледа како сосила.Не знам стварно.Така да тоа се отфрла дека по цели денови седи пред телевизор или компјутер.
Како што кажав, тешко му е да се изрази.Долго време мислев дека тоа е последица од тоа што касно прозборе, али ова нема врска со тоа.Некако е стегнат во себе кога разговара со други, страв му е да не згреши, потсвесно знае каков проблем имаше со зборувањето и колку го учевме сите кога грешеше родови и лица во почетокот на зборувањето.Се срами повторно да не згреши, се плаши и сето тоа резултира или со влечење на зборовите се дури убаво не размисли како да ја оформи реченицата, или пак ќе згреши нешто, што ми е страв дека често се случува во друштво, поготово со посрамежилво дете како него.А и исто така не ги сфаќа шалите,м или пак нешто што е смешно го сфаќа сериозно.Знам, свесна сум и самата дека таквите се мета на заебанции..Прво кога ќе видиш некој дека не ти ја сфаќа шалата, се мисли пола саат што си сакал да кажеш со тоа или пак ја сфаќа пресериозно, и да не сакаш да го заебаваш ќе ти биде смешно и ќе се насмееш.Али, како што некој член напомена ете да се објаснам оти тој коментар и мене ме погоди најмногу од сите, Не Е ментален, ретардиран или заостанат, само поради фактот оти прозборел на 6 години(од искуство на братучед кој прозбори исто така подоцна па никакви проблеми немаше подоцна),и нема да остане таков цел живот оти ќе се промени.Јас од мала знам колкави промени имам претрпено, не пак тој.
Доколку продолжи оваа ситуација ќе зборнам со моите, ете нека се запиши на бокс, мада што брат ми е личност која не сака насилство воопшто, мирен си е многу.
На останатите ви благодарам на советите .:)
 
Ова со боречкиве вештини е добра опција и физички и ментално ќе го ојачаат ќе има и поголема смодоверба, можеш како поголема сестра да му дадеш до знаење дека си тука за него ако му треба совет, он како машко можеби и нема да признае со каков проблем се соочува но доволно е да го знае фактот дека има блиска личност која во секое време му е поддршка а тоа многу значи зошто како што кажа и таткото нема баш добар родителски однос спрема детето, го критикува и ја бара вината во него што дополнително му ја крати самодовербата, пробај извлечи ги неговите интереси преку муабет и предложи му да почне да се занимава со тоа што го исполнува во поголемиот дел од времето, нека не се форсира дека МОРА да следи одредени трендови кога ќе ги гаи сопствените интереси со тек на време и мотивацијата ќе ја зголеми и ќе покажува успеси на повеќе полиња, социјалната интеракција и комуникација не е зацементиран перманентен проблем туку има позадина и причина. А зашто посета на психолог/психијатар е неприфатлива опција? Преку разговор може да му ја извлече причината (одредена траума) и со бихевиористичка терапија преку групни дружења да го надмине проблемот но сепак мислам дека не е до толку сериозна фаза а и не знам како на таа возрст ќе ја сфати посетата на стручно лице со оглед на тоа како срединава овде го прифаќа истото може само повеќе да се исплаши и да смета дека навистина има проблем, сепак подобра опција е прво индиректно да го мотивираш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom